преку сериска порта да дава импулс од една секунда со амплитуда од 5 волти?
А програмче за компјутер?
Треба да се направи програмче за на РС, и порграмче за во PIC-от. Преку сериска, РС ке му прати на контролерот податок што да направи, а контролерот кога ке свати, ке направи нешто на неговите пинови (ке стави 1, или 0, или ке смени состојба, или ке даде импулс итн). Само мој предлог ти е не да се зафакаш уште одма за работи за кои знаеш многу малку. Учи, читај, пробувај, секако дека со правење се учи, ама вака ке потрошиш многу време. Ако користиш микро С таму имаш функции за сериска, ако си за asm тогаш јас можам да ти пратам конфигурација и субрутини (процедури) за сериска. На РС страна имам нешто вакво правено во C# и воопшто не е тешко, поготово сериската комуникација. И за се има многу добри примери по нет за оваа работа (и таа програма се прави за саат време исто како програмата за PIC-от). Само првен прочитај повеќе за сериската порта, за UART-от на PIC-от, итн.