Останато > Кутии

Каде можам да најдам пластични кутии обложени со плексиглас?

(1/3) > >>

SKOLS_OLD:
Дали некој знае,каде можам да купам пластични кутии обложени со плексиглас.Ако ги знаете оние комплетине од ОТП,поточно од УСАИД што одозгора имаат плексиглас а од страните тврда(црна,сива) пластика.Знае каде може да се најдат такви?

LordZi:
Не знам на кои кутии мислиш, ама само плексиглас во разни бои може да се купи кај еден стаклар, старо дуќанче е, се наоѓа кај што се дели улицата за да се влезе позади трговскиот Буњаковец, карши таа малата зграда на ЕСМ.

SKOLS_OLD:
ок,ќе проверам.А тоа продавниче,како да дојдам до него.Од која страна?Од страната на Универзална сала или од кај училиштето "Песталоци"?

GigaWatt:

--- Quote from: SKOLS on 02.03.2011, Wednesday, 18:18:40 ---ок,ќе проверам.А тоа продавниче,како да дојдам до него.Од која страна?Од страната на Универзална сала или од кај училиштето "Песталоци"?

--- End quote ---

Можеш да дојдеш и од Партизанска, ако одиш со кола всушност возиш во спротивна насока (од Влае накај Центар) и пред да ја поминеш автобуската карши КИМ, кај La Delicious, Zegin (таму има и една продавничка на Специјал), вртиш десно, возиш/одиш право едно 100m и треба да дојдеш кај еден „чатал“. Од левата страна ти е ниската зграда на ЕСМ, а продавничката за која зборува LordZi, ќе му дојде од десната страна ;).

SKOLS_OLD:
аа,ок.Знам за што ми објаснувате.А тој работи секој ден и продава парчиња плексиглас?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version