Трафото обично се мота рачно,бидејки винклер тешко да се нафати,освен ако ти е некој близок!
Мотањето е посебно,со *превртување* на слоевите,односно има режим на мотање кој е малку специфичен.Друго,за комбо лампашите се употребуваат широкопојасни звучници како Селекшн Л12,15, ЕВ, а кај нас Еминенсот е добар.Отприлика овие звучници имаат фреквентна карактеристика од 40-50 Хз па до 6--8 Кхз,со хартиена мембрана ,негумирани,најдобро од 100-150 вати, и ефикасност над 92-96 дб.Динамиката која ја постигнува лампашот и излезната струја која ја дава ,по квалитет ги надминуваат транзисторските/ИК појачувачи и пример 60 ватен лампаш звучи појако од еден 100-150 ватен транзисторски излез. Исклучок се појачувачите со ФЕТ ,каде звукот се доближува до лампашкиот ,иако... шмекот е на страна на ламбата.Но, ке речам дека ако не си работел со ламби,од прва тешко да направиш еден Маршал.Сепак,прво преслушај се дали можеш да најдеш пример ЕЛ34 и по која цена,трафо и сл.,а после прави му есап на Охриѓанецот!
Има тука доста работа,да знаеш и не е едноставно да * склепаш* добро комбо !
Споено мислење: [time]26 Февруари 2011, 18:36:25[/time]
И еве сега уште некоја шема,од едностави до сложени за комбо лампаши.Во папката ехо има шеми за аналогно ехо со ламби и транзистори,ми се чини ГИГА ВАТ бараше,па случајно испаднаа од едно ЦД!
Споено мислење: 26.02.2011, Saturday, 18:37:36
Опс!