Author Topic: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено  (Read 1888 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено, се работи за доста солиден предавател кој се карактеризира со релативно стабилна фрекфенција која може да забега до кај 0,05MHz. Антена може да ставите жица од 75cm со која имам добиено домет од 300m во град но со релативна видливост а можете да ставите и дипол антена, со која имам со која имам фатено сигнал на 700m при оптичка видливост (уствари еден зид имаше) и на таа далечина слушав со мобилен тел. Сигналот беше како "дух" ама сепак го имаше. Овој предавател го имам направено неколку пати од кој еднаш во оваа верзија а неколку пати и со додадено појачало.

Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Одлично DX-er :), ова може да се направи и на оние плочките што беа по ОТП во 8 одд. ;).

Offline robertdimov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Колкава е дебелината на жицата на калемот ..и мора ли да има феритно јадро  ???

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Дебелинатана жицата нека биде 0,8 мм лак жица,а ако сакаш воздушен  калем мора паралелно сокалемот да ставиш полупроменлив кондензатор  20-30 PF за менување на фреквенцијата.Во овој случај барањето фреквснција се врши соизвлекување или вовлекување на јадрото.

Offline robertdimov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Благодарам ..сепак ќе искористам калем со феритно јадро  :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено
« Reply #5 on 17.01.2014, Friday, 00:20:06 (Edited 17.01.2014, Friday, 00:30:32) »
А каде може да се набават вакви цилиндрични феритни јадра мене кога ми затреба еднаш извадив од приемник а еднаш од антена.Прашувам зошто нема цилидрични јадра во продавниците во Скопјево ;D. ;).За да си знам зошто ми затреба едно јадро 15 милиметри во должина а 4 милиметри му е радиусот ама не е хитно ;D.Знам дека овие скоро никаде не се продаваат.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline robertdimov

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Јас ова го извадив од еден радио приемник ..Можеби имаат во логинг...А да прашам отприлика на која фрекфенција да го барам сигналот од предавателот ???

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Имам користено променлив калем кај една шема со 2SD734 и имам лошо искуство .. Многу шум се јавуваше на приемната страна , и многу помал домет , зашто , како .. незнам  ::)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено
« Reply #8 on 17.01.2014, Friday, 16:33:05 (Edited 17.01.2014, Friday, 17:06:43) »
Даниел за истава шема збориш или некоја друга со 2SD734 ако е некоја друга дај шемичка линкче па да ти кажам што знам тоест што разбирам ако се работи за предавател со еден транзистор.Инаку не очекувајте многу од предавателче со еден транзистор мислам дека тоа го решивме веќе нели сме збореле во некои темо зошто и како.Но конкретно оваа шема тука од Dx-er  е доста добра секако зависи што подразбираш ти под добро тоа на отворено може 700 метра а во град при препреки незнам да ти кажам колку сигурно доста помал домет би имала и треба да е со јадро намотка така е подобро постаблна е. ;).Не те сватив добро ти на истава шема си ставил транзистор 2SD734 или на некоја друга
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Стабилноста не зависи дали има или нема јадро калемот 8)

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1330
  • Gender: Male
Мојот променлив калем беше со 5-6 намотки 0.5 mm жица .. И навистина дометот беше многу помал со него .. И сигналот беше со шум .. :(

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено
« Reply #11 on 17.01.2014, Friday, 17:18:40 (Edited 18.01.2014, Saturday, 02:02:23) »
Не а јас пак кога правев една буба од интернет со еден транзистор од каналот на dazaro3 кога во калемчето ќе ставев железно јадро тоест бургијата од 4 милиметри на која го мотав калемот а потоа го извлеков.Значи го пробував дали работи предавателот и ми мрдаа каблите од напојувањето како што кажа дазаро ги залепив да не мрдаат и кога во калемот ја ставив бургијата каква случајност на 88 мегахерци се чув а кога ќе го извлеков јадрото се губеше сигналот тоест се зголеми фреквенцијата за оваа шема се работи на линкот смотани шеми немој никој да се излажал да ги прави.Поубаво некој помоќен  постабилен да си направите ако сакате нешо супер функционално или некоја шемичка со кристал осцилатор има такви на форумов. Инаку затоа така реков мислев дека со јадрото е подобро
Стабилноста не зависи дали има или нема јадро калемот 8)

Затоа помислив дека стабилноста има врска со калемот но така е тоа е изгледа дека ми мрдаше батеријата а и самиот склоп не треба да мрда а користев исправувач а тој не е стабилем а има и брмчење брум.Нели батка за бубите треба и стабилно напојување ова само така ве прашувам ова точно лие оти ако ти избега напонот бега и фреквенцијата ве прашувам зошто незнам. ;D .Мислам ако не е стабилен напонот не е стабилна и фреквенцијата нели или немора тоа секогаш да е така.Па еднаш една буба несакајќи наместо на 3 волти ја уклучив на девет и отиде ете треба многу да внимаваме тоа сакам да го кажам оти многу лесно се уништуваат бубите.Инаку значи бубата беше за напон од 3 волти тоест шемата електрична беше за 3 волти нели ако бубата ја уклучиме на повисок напон одошто треба прегорува.Но тоа не важи за јаки предаватели сум чул дека еве кај ПЛЛ-от ако расте напонот расте и дометот ама сигурно ќе се измести и фреквенцијата.Еве предавателот што го правев од емитер 12/05 ако му го зголемиш напонот му бега фреквенцијата.А имам стабилизиран извор на напојување во шемата пишува дека работи на 12 волти ама јас и на 15 го пуштив.Само имам проблем со ладењето брзо греат транзисторите.Им немам ставено ладилници сега ќе ставам

Build your own Surveillance Spy Bug. FM Transmitter Bug. No special parts needed.

 Инаку за оваа шема зборев кога го критикував дазаро нејзе ја правев прва уште пред две години исто како дазаро дури треиот пат ми проработе али ако го мрднам малце напојувањето  пријатно со здравје се губи сигналот.На каналов негов нема стабилни буби 4 имам направено секаде иста ситуација.Затоа шемичка со кристален осцилатор и не бери гајле или некој голем помоќен предавател да си изработите барем јас така мислам.Тие со кристали се гром што им се умножува фреквенцијата.Инаку еве го каналот на дазаро погледнете му ги проектите а посебно последниот е тој може да е малце подобар има и добри шеми може тука,барем некоја оти сите не се јас гарантирам две години се мачам со овие негови предаватели и од прва не му проработуваат
Code: [Select]
http://www.youtube.com/user/dazaro3?feature=watchЕве погледнете во некои видеа дури и со ватметар им мери снага не викам дека е лош сајтот но има и некој добар проект купив протоборд само заради нековите два проекти со протоборди ако некогаш имате време изгледајте му го каналот па можеме за секој предавател посебно да дискутираме што како некои ич не му се стабилни му бега фреквенцијата испробано од мене овој со три транзистори може да се рече дека е добар.

I show you how to build a spy bug FM transmitter.

Но тие со еден транзистор не ми проработеа никогаш
Ова беше само мое искуство и линкови од предавателите што се мачев да ги правам како мои први градби. ;D.Немој некој лошо да ме свати ако нешто не е точно оти едно е пракса а друго е теорија ;) ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено
« Reply #12 on 17.01.2014, Friday, 18:04:10 (Edited 17.01.2014, Friday, 18:25:31) »
Да одам по ред: фреквенцијата на предавателот се менува со променлив(полупроменлив) кондензатор со воздушен калем или ако се стави фиксен кондензатор и калемот е со ферит (материјалот е ферит, а тоа не е  бургија).Фреквенцијата ,односно нејзината стабилност зависи од стабилноста на напонот на батеријата и греењето на полупроводникот ( односно неговата температурна стабилност),потоа од квалитетот,стабилноста на калемот и елементите околу него.ВФ техниката бара подруг распоред на елементите,кратење на изводите на елементите до прифатлив минимум,поставување под агол на калемите,поставување метални прегради помеѓу одделни степени.Овој предавател е само осцилатор и врз него делуваат повеќе фактори,меѓу другото и доближување на раката,на некој метални предмети,магнет итн.Правило е - повеке намотки со кондензатор- помала фреквенција и обратно.Воздушните калеми може да ја менуваат фреквенцијата со растегнување или собирање на намотките.На почеток се почнува со калем намотан - намотка до намотка,без размак помеѓу навивките.Ако од прва не ви се погоди фреквенцијата,пробајте ставете паралелно со кондензаторот исто таков  па повторно подесувајте.Некогаш е потребно и калемот да се промени,а најсоодветно е * на суво* да се мери осцилаторното коло со инструмент - дип метар.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Мини ФМ предавателче 700m домет на отворено
« Reply #13 on 17.01.2014, Friday, 18:09:10 (Edited 17.01.2014, Friday, 18:12:40) »
Quote
Фреквенцијата ,односно нејзината стабилност зависи од стабилноста на напонот на батеријата и греењето на полупроводникот ( односно неговата температурна стабилност),потоа од квалитетот,стабилноста на калемот и елементите околу него.ВФ техниката бара подруг распоред на елементите,кратење на изводите на елементите до прифатлив минимум,поставување под агол на калемите,поставување метални прегради помеѓу одделни степени.
Е ова не го знаев благодарам за овие објаснување тоест многу работи од твојов пост незнаев и тоа дека треба деловите тоест ногиците на минимун да бидат скрататени.И доста други работи незнаев што ги кажавте инаку да си требаат и инструменти а не само онака на суво како што рековте.Ако сакаме нешто озбилно да правиме.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Прашуваше некој околу дометот, тестот го направив на планина и тоа помеѓу два рида, на едниот рид во куќа беше предавателчето и секако еден зид како препрека, а на другиот рид слушав со радио приемник. Далечината ја мерев со GPS а подоцна и со Google Earth. Тие феритни јадра ги имам вадено од стари телевизори, а да се купат ги нема во нашава државичка. Друго што ве интересира слободно прашајте.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.