Во оваа статија ќе ви покажеме како да си направите релативно евтин предавател.
Предавателот е така модифициран да може потоа лесно да се приклучи со стерео кодер и да емитува стерео сигнал.
Еве како изгледа предавателот
Јас го имам направено но наместо 2SC1970 (100mW) имам ставено 2N2219 со кој што има снага некаде околу 35mW. Можете да употребите и BFR96 но највероватно ќе ви се појават несакани самоосцилации.
Дометот со BFR96 и 2N2219 е сличен и според тестот на 800m далечина при оптичка видливост се слушаше сигналот слабо но сепак го имаше.
Електрична шема
Изглед на плочката
Да не заборавам, сликиве и шемата се од Диме од Велес