Да,го поставив еднаш одамна,ама ако како идеа секогаш е ново.Јас направив измена со тоа што место да го спојувам директно на УСБ портот,ставив еден УСБ кабел од 1,2 метри како и стерео кабел од излезот на звучната и го поставив во подножјето на една стара ТВ антена со две телескопски антени.Поврзани на ТХ-от ,тие го зголемуваат дометот за 50% ( до некои 300 метри во комшилук и блискиот парк).Замерувам што има многу влијание од хард-дискот и ЦД ромот,кога работат пренесуваат шум од своите мотори на напојувањето и се јавува брум. Можеби и лап-топот беше постара генерација,ама сепак ставете некој електролит и блок кондензатор помеѓу + и - на напојувањето.