Author Topic: Напојување на предавател  (Read 1185 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Напојување на предавател
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:34:36 »
Кога во 1996та поставив прашање во весникот Емитер зошто иако после трансформаторот и грецовиот спој употребувам дури 10.000uF електролит а сепак малото предавателче (300mW) ми дава сеуште брум, нивниот одговор беше (како да не читаа што имам напишано): „Изворот на напојување не ти е доволно филтриран“. Е сега еве јас да им кажам нив и на сите други колку филтриран и како треба да е изворот за да знаат: Значи мерејки го напонот со осцилоскоп за предавателче што влече 100mA струја на 12V и кондензатор од 2200uF беше сосема доволен да не се ни гледа нерамнината на струјата (беше доволно испеглан). Сепак, кога ке се приклучеше предавателчето, иако помалку брум има та има. Увидов дека има некоја зависност антената со количеството на брумот. Тоа значи дека брумот има врска со VF енергијата и размислував, размислував и дојдов до решение. Значи проблемот не е во „не е добро филтриран напонот“ туку тоа што се случува со противтежата на антената: заземјувањето. Бидејќи се работи за малечко предавателче со антена жичка или кабле, противтежа (заземјување) му е минусот на предавателчето. Минусот оди по кабелот на исправувачот (VF енергијата) и кога ке стигне назад до грецовиот спој што се случува? 50 пати во секунда се прекинува и пак се вклучува. Значи очигледно е кога ке проведуваат диодите на грецот предавателчето добива 50 пари во секунда помала па поголема маса и така, значи проблемот е во грецот. Решение: На секоја диода од грецот (помеѓу секоја ножичка) ставете 100nF Керамички кондензатор за на VF струите диодите да не претставуваат 50 херцни прекинувачи туку да поминуваат тие VF струи низ кондензаторите и да си има константна „маса“, барем така да му личи на предавателчето. И со ова проблемот со брумот е решен. Ако сепак има уште маааалку брум, секогаш го имате 4700uF електролитот на располагање или во најкраен случај ставете по 1 калем од матична плоча (торус) на секоја од жиците за напојување на предавателчето за VF струи по жиците и воопшто да нема. И кажете ми дали решението ви работи а исто и тие од Емитер еве да си знаат да одговорат во иднина иако чисто се сомневам дека некој ќе праша пак.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.