Ова е шема на штимач за електрична ( може и за акустична ) гитара! Првите два транзистора се едноставен пп за гитара со голема влезна отпорност и може да се користи и како гитарско пп бидејки има излез за во излезен појачувачки степен.Третиот транзистор има ЛЕД која свети кога жицата е наштимана .Осцилаторот со НЕ555 има 6-то степен преклопник кој преклопува по еден тример за секоја жица посебно.Секој тример се подесува на определена фреквенција,која може да се измери на излезот пин 3,каде пишува ; фреквенцметар.
Во таблицата се дадени фреквенциите на поедини жици за гитара почнувајки од 6-тата (најдебелата) која дава најниска фреквенција.Се напојува од 9В батерија или адаптер,а напонот е стабилизиран со 8,2В зенер диода.Д1 и 2 се германиумски ,од типот АА120.... или слични.На влезот се вклучува некој сигнал генератор или синусен осцилатор со позната фреквенција и се поставува на определена фреквенција .Со тримерот се врти се додека не се постигне мах. сјај на ЛЕД.Тоа се повторува за секоја жица посебно.Пожелно е да се стават што подобри тримери,по можност повекеобртни.Повторувањето се изведува и неколку пати со тоа што се остава уредит да се загрее,т.е. да постигне работна температура.Ако се работи за електрична гитара таа се вклучува на влезот и се штима,а акустичната се штима преку вклучен микрофон!