Author Topic: Автономен домашен безбедносен центар  (Read 541 times)

Offline SKOLS_OLD

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 2782
  • Gender: Male
Овој уред е автономен домашен безбедносен центар.Тој се користи за заштита на некој објект.Со помош на неколку сензори се препознава дали некој го нарушил редот на некои места.Главен мозок на овој уред е микроконтролерот PIC16F877.Такт осцилатор од 20 MHz користи за извршување на наредбите.Со помош на тастатура 4*4 се одбира шифра со чија помош само корисникот може да пристапи до наредбите на овој уред.Со помош на ласерските диоди се алармира дали некој пристапил на некое безбедносно место.Резултатите од алармирањето,но и пристапот до некои информации за корисникот се прикажуваат на ЛЦД екран 2*16.Исто така се прикажува времето,датумот.Ако некој сензор се активира,се алармира корисникот преку свирежи но и преку неговиот телефон.Во уредот е вграден осцилатор кој ги создава звучните ефекти.Тие ефекти се претставуваат преку звучникот.Исто така има и поврзување на телефонска линија,со што може корисникот да биде известен дека некој аларм е активиран.Претходно се вметнува на кој број ќе сврти микроконтролерот,доколку алармите се активираат.Доле се поставени шемите,плочките и хекс кодовите за овој уред.