Author Topic: Biquad антена за WLan (WiFi)  (Read 6475 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #15 on 15.07.2011, Friday, 16:42:04 »
Main и Aux се како што кажа. Е сега маин како да го поврзам кажи ми. Масата од кабелот каде а каде тоа што е во средината на кабелот?

Тоа во средината на кабелот го врзуваш за средишниот дел од антената, како на сликата ;).



А ширмот на кабелот го врзуваш за надворешниот проводник, исто така прикажано на сликата погоре ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #16 on 15.07.2011, Friday, 17:50:03 »
Не се разбравме добро :) Антената е средена е сега кабелот што е (не тој крај што е на антена) другиот што треба да има конектор. Конекторчина купив ама вифи картицата треба да ја земам од брачет ми. Бидејќи имам дома вифи од лап топ со жиците што се гледаат (мониторот е скршен) и сакам тој кабел кај што треба да биди конекторот да го поврзам на жицата. Како? Се разбравме?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #17 on 16.07.2011, Saturday, 20:04:11 »
Не се разбравме добро :) Антената е средена е сега кабелот што е (не тој крај што е на антена) другиот што треба да има конектор. Конекторчина купив ама вифи картицата треба да ја земам од брачет ми. Бидејќи имам дома вифи од лап топ со жиците што се гледаат (мониторот е скршен) и сакам тој кабел кај што треба да биди конекторот да го поврзам на жицата. Како? Се разбравме?

И тој конектор, исто како и сите останати конектори за Wi-Fi картици на лаптопи, има некаков си мини BNC концектор, едноставно го врзуваш среден проводник со среден проводник и ширм со ширм, не гледам што е нејасно ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #18 on 17.07.2011, Sunday, 17:18:52 »
Порано имам барано но безуспешно, па да прашам, дали некој сретнал пополнет шмитов дијаграм (или пак можеби некој од тука го има направено тоа?) за оваа специфично антена ?

Поздрав.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #19 on 18.07.2011, Monday, 14:26:58 »
Порано имам барано но безуспешно, па да прашам, дали некој сретнал пополнет шмитов дијаграм (или пак можеби некој од тука го има направено тоа?) за оваа специфично антена ?

Поздрав.

Ако може да појасниш што е ова всушност ???.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #20 on 18.07.2011, Monday, 14:36:37 (Edited 18.07.2011, Monday, 14:54:36) »
Порано имам барано но безуспешно, па да прашам, дали некој сретнал пополнет шмитов дијаграм (или пак можеби некој од тука го има направено тоа?) за оваа специфично антена ?

Поздрав.

Ако може да појасниш што е ова всушност ???.

Шмитов дијаграм или шмитова слика е дијаграм каде што на две различни оски се нанесуваат имагинарниот и реалниот дел од импедансата. Се разбира дека е малку по-комплицирано но таа е идејата.

Шмитов дијаграм изгледа вака,



Најчесто се користи како збир за приказ на повеќе параметри на антената со помош на математички функции, како што се дирекционалност, однос на рефлектирана и зрачена моќност, пропусливост како и импедансно мечирање на антената.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #21 on 18.07.2011, Monday, 15:02:13 »
Аха, значи ова е нешто слично на поларна карактеристика на микрофон или антена, така ќе му дојде? Само претпоставувам дека овој тип на дијаграм дава малку повеќе податоци, така?

За конкретнава антена не верувам дека ќе најдеш нешто такво :S. Најчесто, овие антени експериментално се покажале како добри (слично како и „корнер“ антената, иако за неа има мерења, но одкако некој експериментално покажал дека е одлична ;)). Плус, потребни се посебни програми за симулација на антени (а и тие не се баш најегзактни, некогаш се случува да згрешат ;D, знам бидејќи нешто се зезав со едно такво програмче пред околу 2 или 3 години и ми вадеше контрадикторни резултати, нелогични ;D), па посебен хардвер за мерење, итн. Така да, не верувам дека ќе најдеш вакви криви за оваа антена :S. Но никогаш не се знае, можеби некој на net-ов решил да измери и измерил и ги ставил на net ;). Побарај, можеби и ќе најдеш нешто вакво ;).

ПС: Овој тип на антени се користеа едено време и за терестријална телевизија, и одлично фаќаа, но се користеа без задната рефлектирачка површина од бакар ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #22 on 18.07.2011, Monday, 15:54:57 »
Ако можи појаснување како можи ова да се изведи со антена како сателитска. Значи имам дома антена која личи на сателитска, која има појачувач внатре во неа. Мислам дека ќе можи да се искористи. Дали некој знај како да го изведам тоа со тие конекторите со УСБ кабел и сл. ?!?!?!?
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #23 on 18.07.2011, Monday, 16:44:45 »
Ако можи појаснување како можи ова да се изведи со антена како сателитска. Значи имам дома антена која личи на сателитска, која има појачувач внатре во неа. Мислам дека ќе можи да се искористи. Дали некој знај како да го изведам тоа со тие конекторите со УСБ кабел и сл. ?!?!?!?

Појачувачот од антената не може да го искористиш, оти тој не може да го засилува WiFi сигналот кој е на 2,4 GHz.

Може да ја искористиш антената, со тоа што ќе го ставиш WiFi адаптерот (“стикчето“) во фокусот на антената.

Еве како:


Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #24 on 18.07.2011, Monday, 17:26:55 »
Аха, значи ова е нешто слично на поларна карактеристика на микрофон или антена, така ќе му дојде? Само претпоставувам дека овој тип на дијаграм дава малку повеќе податоци, така?

За конкретнава антена не верувам дека ќе најдеш нешто такво :S. Најчесто, овие антени експериментално се покажале како добри (слично како и „корнер“ антената, иако за неа има мерења, но одкако некој експериментално покажал дека е одлична ;)). Плус, потребни се посебни програми за симулација на антени (а и тие не се баш најегзактни, некогаш се случува да згрешат ;D, знам бидејќи нешто се зезав со едно такво програмче пред околу 2 или 3 години и ми вадеше контрадикторни резултати, нелогични ;D), па посебен хардвер за мерење, итн. Така да, не верувам дека ќе најдеш вакви криви за оваа антена :S. Но никогаш не се знае, можеби некој на net-ов решил да измери и измерил и ги ставил на net ;). Побарај, можеби и ќе најдеш нешто вакво ;).

ПС: Овој тип на антени се користеа едено време и за терестријална телевизија, и одлично фаќаа, но се користеа без задната рефлектирачка површина од бакар ;).

Ах песимиста низаеден :p

Ќе пробам да направам вакви мерења од септември ко ќе се вратам на факс, таму има опрема за оваа работа. Не верувам многу многу во експериментално докажување ако нема некога теорија да го подржи тоа. Во овој случај има теорија и експериментални обиди.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #25 on 18.07.2011, Monday, 21:49:35 (Edited 18.07.2011, Monday, 23:59:10) »
Се слагам со Ивица.Пробав едно време се ,ама најдобри резултати се постигнуваат со поставување на стикот во фокус на чинијата.Впрочем има еден куп такви проекти на интернет.Кој сака нешто повеке,нека си направи јагица со 15 дб добивка и нека експериментира.

Споено мислење: 18.07.2011, Monday, 23:59:10
Еве една јагица со евтина конструкција и одлични резултати.Насловена е со појачување 15db,ама  не сум мерел прецизно.Со неа имам домет од близу 2 км оптичка видливост (две антени се поставени една кон друга!) .Сигналот е одличен (3 цртички!) на  мојот балкон  на трети спрат на зграда

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #26 on 19.07.2011, Tuesday, 01:06:13 »
ова е нешто најдобро, само треба стрплење и пазење при работа за да испадне како по шемата и ке биде супер
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1331
  • Gender: Male
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #27 on 14.01.2013, Monday, 10:02:04 (Edited 14.01.2013, Monday, 14:29:04) »
Колеги , ми треба мислење за Bi quad антенава .. :)

1. Наместо бакарното цевче кое неможев да го најдам , гледам на интернет дека користат некој конектор со 4 дупки ама незнам како се вика .. Тој ми изгледа на подобро решение :) .. Како се вика , сакам да ја направам ептен добро антенава .. а не за 2-3 дена .. :)

2. Кој е најдобар кабел кој можам да го најдам во Логинг електроникс за оваа антена ? Бидејќи они најмногу и најразлични работи имаат на лагер ..  Гледам Borce пишал RG58 но тој има загуби .. Значи ми треба кабел кој е најквалитетен , да соодвестува на импедансата и секако да се користи за тој опсег на фреквенции (не е битна цената , само да има мали загуби ... Секако да небиде повеќе од 1 евро метро :)

3. Бакарната плочка во кои димензии може да се движи без да нема никакви проблеми ? Oд-до (cm) ? :)

4. Кој е најквалитетен конектор кој може да го најдам кој се користи од другата страна на кабелот од антената т.е. што треба да се приклучи на излезот од рутерот .. ? :)

5. Нема да биде проблем ако дебелината на жицата се движи од 1.5 до 2 mm ? :)

6. Под кој агол би зрачела антенава ? ... Бидејќи знам дека е насочена но сепак би требало да зрачи под некој агол ... Поздрав и се надевам дека ке ми одговорите на прашањава колеги .. :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #28 on 14.01.2013, Monday, 15:02:00 (Edited 14.01.2013, Monday, 17:22:23) »
Место бакарно цевче сум користел и обично поцинкувано.Со конектор би било поскапо.Секој кабел има загуби и гледај да не биде подолг од 2м.Место бакарна плоча може и двостран витропласт ,јас ставав 12х12 см како рефлектор.Не ставај подебела жица од 1-1,2 мм ( гола бакарна ,не мора да биде лакирана!) поради полесно виткање под агол 90 степени.Антената треба да биде строго усмерена кондругиот уред ако сакаш поголем домет и секако добра оптичка видливост.

Споено мислење: 14.01.2013, Monday, 17:22:22
Еве како дополнување ,ако не си почнал и две други верзии кои добро се покажале.Првата е дупла би-квад ,ама е изработена како печатена
антена со премостувања.Извонредни перформанси има. Втората се прави од парче бакарен,конзервен или сличен лими само вруќиот вод е залемен на парчето отсечен круг.Растојанието е постигнато со парче стиропор изолација од матична плоча,графичка или сл.(оној тенкиот црвенкаст мек стиропор).Еве слики:

Offline daniel spasovski

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1331
  • Gender: Male
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #29 on 14.01.2013, Monday, 19:23:42 »
Ти си ја правел антената батка .. Кажи нешто конкретно за неа .. Дали со излез на рутер од 50mw и со пречки како помали дрвца .. т.е. гранки и еден зид од куќата би добил солиден сигнал со оваа антена на другата страна ? И дај те молам кажи ми кој би бил аголот на зрачење .. ? :)