Author Topic: Biquad антена за WLan (WiFi)  (Read 6474 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Biquad антена за WLan (WiFi)
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:30:31 (Edited 16.10.2014, Thursday, 23:32:14) »


Оваа антена за WiFi нуди засилување од 11dbi од челна страна и најчесто е малку подобра од оние кои прават антени од конзерва а сепак е лесна за изработка и e помалку подложна на корозија.

Потребни работи за изработка:

1. Плочка со слој на бакар (како за електроника) со димензии од 100x100 па до 130x130 (не е толку битна димензијата);
2. Жица со дебелина од 2мм (може и одголена жица од кабел за заземјување).
3. Коаксијален кабел RG58 со импеданса од 50 ома.
4. Конектор за приклучок на уредот (најчесто RPSMA (D-Link) или RPTNC (Linksys))

Жицата од 2мм се витка како на сликата со дадените димензии:





Плочката се буши на средина и се протнува коаксијалниот кабел кој се леми на следниот начин: Изолацијата (масата) на долниот дел од свитканата жица (осмицата) (каде што се спојуваат и двата краја на жиците) и средниот проводник од коаксијалниот кабел на горниот дел од свитканата жица.

Некој може да стави и бакарна цевка заради цврстина за да се држи „осмицата“ а може и пластична па да лепи.



„Осмицата“ треба да е на околу 1.5цм од бакарната плоча (рефлекторот), ваше е како ке го постигнете тоа да биде избалансирано, дали со парче од бакарна цевка, пластична, некои употребуваат дури и сечени парчиња од цевка за пиење на сок и лепат на повеќе места со секундарно лепило или со топло лепило (пластика).

На другиот крај на коаксијалниот кабел го монтирате конекторот, и гледајте да биде убаво монтиран.

Не употребувајте кабел подолг од 4 метри бидејќи од загубите на кабелот нема да имате никаква добивка (во сигнал) од додавањето на антена. Најдобро е уредот и антената да бидат оддалечени не повеќе од пола метар што во некој случаи значи уредот да биде надвор заедно со антената.

Готовата антена треба да изгледа вака:



Првата ваква антена ја дизајнирал Trevor Marshall.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline vmakre

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
  • Gender: Male
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #1 on 15.01.2010, Friday, 19:04:24 »
Сеуште немам пробано но мислам дека ако некој има стара сателитска антена
може да проба баш на местото каде што е диполот да стави wireless USB stick.
Мислам дека резултатот ќе биде фантастичен .Сателитските антени имаат над 30 dB појачување
Ако некој пробал нека каже добра варијанта е за point to point комуникации.
На интернет најдов варијанта со стара турска антена со тањир мислам на Он нет форуми видов
ама сателитските се попрецизно направени и поголеми се,  само што не се практични
многу за вртење и фаќање правец поради краткиот УСБ кабел.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #2 on 15.01.2010, Friday, 22:07:49 »
Пробано ми е тоа што го велиш, навистина има добро појачување, можеби и над 20dB, меѓутоа да видиш разлика кога ќе ја ставам во фокусот на сателитската оваа антена, феноменално појачување за point-to-point линкови. Дефинитивно вреди да се направи антенчето :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #3 on 15.01.2010, Friday, 22:33:41 »
па како што имам видено на интернет point to point линкови со сат. тањири и на далечина на 70km да имат wifi сигнал.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline broj09

  • Нов член
  • *
  • Posts: 3
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #4 on 19.01.2010, Tuesday, 03:47:20 »
јас имав стара собна антена во облик на сателитска 25-30см ја искористив го монтирав на неа УСБ-то за безжичен и значително ми се зголеми сигналот само имав проблем со кабелот прво ставив 5м усб кабел не функционираше па купив пократок од 3м и супер работи има повеќе начини да се зголеми сигналот само треба да се  експериментира

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #5 on 19.01.2010, Tuesday, 11:17:32 »
Moжеш со USB до 20метри максимум ама ти треба активен USB кабел кој е поскап.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5316
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #6 on 22.06.2011, Wednesday, 14:48:01 »
дали може од лим да ја направам таа таблата 100х100 пошто немам моментално плоча :)
се ќе си остани исто само што наместо таа бакарната плоча ќе ставам алуминиум
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #7 on 22.06.2011, Wednesday, 15:37:02 »
дали може од лим да ја направам таа таблата 100х100 пошто немам моментално плоча :)
се ќе си остани исто само што наместо таа бакарната плоча ќе ставам алуминиум
Може, јас имам правено со лим (рефлекторот)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5316
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #8 on 22.06.2011, Wednesday, 15:41:21 »
ок фала за одговорот, но сепак успеав да најдам едно парче плоча :)
ќе пробам да ја направам или денес или утре пошто под хитно ми треба
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #9 on 22.06.2011, Wednesday, 15:47:30 »
ок фала за одговорот, но сепак успеав да најдам едно парче плоча :)
ќе пробам да ја направам или денес или утре пошто под хитно ми треба
не прави ништо, јас ке ти дадам една BiQuad антена. Порано ја користев за OnNet Wifi интернетот ама сега не ми треба. Едино ке ти треба да земеш еден конектор и кабелче од Алфа. Према спецификациите таа антена треба да појача над 13dB но мислам дека реално е помалце
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5316
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #10 on 27.06.2011, Monday, 19:14:34 »
луѓе антенава не работи ?!, дајте нешто попрецизни нацрти како треба да оди ова ако не успеам да ја направам ќе пуштам кабел низ куќа хахха
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #11 on 27.06.2011, Monday, 21:48:13 (Edited 27.06.2011, Monday, 21:51:04) »
Јас ја правев према слична шема и мора да ти кажам дека милиметар е во прашање дали ке има фокус и рефлекторот ке биде ефикасен или се ке биде џабе. Тоа се е поради фрекфенцијата која спаѓа во микробрановото подрачје.
Кај мене имаше ефект антената но не беше којзнае што, подобра беше од стандардните антенчиња кои ги има рутерот.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #12 on 14.07.2011, Thursday, 14:36:57 »
Оваа антена ја имам гледано и на електроника ба и пробав еднаш по нивните димензии но не успеав да проработи. Сега еве со лим ја изработувам да видиме дали ќе проработи. Само кажете ми како да ја поврзам на вифи од лап топ и дали е можно да ја поврзам. Вифи картичката ја имам отворено е сега незнам тие што се жичките на мониторот (од вифи картичката што излегуваат) има 1 и 2јка која кај треба да биде поврзана од коаксијалниот кабел?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #13 on 14.07.2011, Thursday, 15:19:19 »
Оваа антена ја имам гледано и на електроника ба и пробав еднаш по нивните димензии но не успеав да проработи. Сега еве со лим ја изработувам да видиме дали ќе проработи. Само кажете ми како да ја поврзам на вифи од лап топ и дали е можно да ја поврзам. Вифи картичката ја имам отворено е сега незнам тие што се жичките на мониторот (од вифи картичката што излегуваат) има 1 и 2јка која кај треба да биде поврзана од коаксијалниот кабел?

Едниот кабел е main (најчесто црниот), другиот е aux (најчесто сивиот). Најдобро е да ја врзеш на црниот, main, бидејчи тој е примарната антена, другата антена са користи само ако сигналот од првата антена е преслаб (барем јас така знам, ако грешам корегирајте ме ;)).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Buli

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 87
Одг: Biquad антена за WLan (WiFi)
« Reply #14 on 15.07.2011, Friday, 13:17:00 »
Main и Aux се како што кажа. Е сега маин како да го поврзам кажи ми. Масата од кабелот каде а каде тоа што е во средината на кабелот?