Author Topic: Предавател Вероника 1W  (Read 1597 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Предавател Вероника 1W
« Reply #15 on 01.02.2010, Monday, 01:42:00 »
Да не се повторувам, Гоце е во право. Тој отпорник е всушност напојување на микрофонот. Кондензаторските (електрет) микрофони имаат во нив FET предзасилувач на кој му треба напојување. Напојувањето треба да е од 2 до 9 волти меѓутоа со ставање на отпорници од 3К до 10К може да се „симулира“ напојување од 2 до 9 волти (кога е приклучен отпорникот на +12 волти) и со тоа се регулира на едноставен начин засилувањето на микрофонот. Со 10К имаш најмало засилување но нарамна фрекфентна карактеристика и најмалку шум додека со 3К имаш најсилен излез но со зголемен шум и малку полоша фрекфентна каратеристика. Овој отпорник треба да се поврзи од +12 волти до + на кондензаторскиот микрофон. Минусот на кондензаторскиот микрофон се поврзува на - на склопот а за да знаеш кој е + а кој - на микрофонот треба да мериш кој од пиновите (лемните точки) е поврзан на куќиштето (алуминиумот) на микрофонот и тој е -. Се разбира дека сигналот од микрофонот се зема преку кондензатор (електролитски) за да не му го наруши напојувањето на микрофонот (кондензаторот пропушта само наизменични сигнали). Овој кондензатор веќе постои на влез од предавателот така да може да ставиш само отпорник кон + и да уживаш. Ако ти е слаба модулацијата и при максимум свртен тример пробај најмалку со отпорник 3К (3К3 поточно има во продавниците) и немој помал бидејќи ќе изгори микрофонот и ако и тоа не ти е доволно мораш како што рече Гоце да направиш предзасилувач за микрофон. Некои подобри шеми на предзасилувачи за микрофон засилуваат толку многу што како микрофон можеш да користиш и поврзан обичен звучник (со се разбира со полош квалитет, фрекфентна карактеристика на звукот).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предавател Вероника 1W
« Reply #16 on 01.02.2010, Monday, 01:48:25 »
A како што е сега во моментов шемата може да се поврзе директно само кондензаторски микрофон ама па на + од микрофонот треба да ставам еден отпорник од 10k, бар така ве разбрав, дали е така?
Оти сакам без додатна електроника туку како што си е.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Предавател Вероника 1W
« Reply #17 on 01.02.2010, Monday, 02:05:08 (Edited 01.02.2010, Monday, 02:07:09) »
Како што гледам на електричната шема мора да направиш вака:

Code: [Select]
           o +12V
            |
           |`|
           | | 4K7
           `|
     |/``\--o------||------o Out
MIC  |\../--.        1uF
            |
           _|_

И приклучи го ова на влезот од предавателот што е наменет за микрофон или ако го немаш тоа вградено во линискиот влез ќе биде послабо ама ќе работи.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Предавател Вероника 1W
« Reply #18 on 26.02.2010, Friday, 23:00:06 »
имам едно прашање, кај Т4 меѓу базата и минусот има H1 а за него пише  RF choke (H1): This can be made of a resistor of 33k, which you wind app 1/2m of 0.2mm enameled wire around, and solder to each end. Е сега јас наместо да намотам жица на отпорник ставив ферит со намотана жица (не знам колку намотки) па дали е добро или сепак мора да намотам жица на отпорник?

Калемот на феритот се познава малце, доле лево на сликата
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.