Author Topic: Разлика меѓу А,Б,Ц,АБ и сите останати класи на засилување  (Read 7408 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
(А) класа е првиот тип на засилувач кој воопшто е конструиран и работи на следниот принцип: Од напојувањето до масата (Ground) има само еден активен елемент (транзистор) заедно со колекторски отпорник. Трансизторот е поларизиран со струја на база доволна тој да е отворен само до половина што би значело да има 1/2 од напонот на напојување на неговиот колектор. Со надворешна промена на струјата на базата се променува овој баланс на напонот на колекторот и се добива променлив напон кој се менува како што се менува влезниот сигнал кој ја променува струјата на базата. Со ставање на кондензатор помеѓу колекторот на транзисторот (излез) и потрошувачот (звучникот) се отстранува DC компонентата (1/2 од напонот) од излезот и звучникот ги прима само наизменичните (аудио) сигнали.
Оваа класа на засилувачи е најквалитетна (многу мало THD <0.001%) мегјутоа степенот на искористување е многу мал ~25% што би значело ако на пример сакате да направите засилувач од 10W  треба да имате скоро 50W напојување и транзисторот и отпорниците бараат мноооогу ладење.

(B) класа: Поради тоа што класата А ги имаше овие проблеми веднаш се прејде кон дизајн на поефективен начин за појачување на моќноста на сигналите. Идеата за класата B е да не се користи колекторскиот отпорник туку да се стави уште еден активен елемент (транзистор) наместо него. За ова да успее требаше и да се воведе симетрично напојување (+ - и GND) за балансот на напонот биде на ниво од 0 волти (GND) и со тоа да се избегне и кондензаторот на излез (Се разбира има дизајни со единечно напојување и со вграден кондензатор кога не постои симетрично напојување како на пример во кола). Идеата овде е ако нема сигнал транзисторите да не проведуваат струја а со тоа и да не трошат. Кога ке дојде позитивен сигнал да проведе едниот транзистор кој е поврзан со плусот од напојувањето (ке даде на излез позитивен сигнал) а кога ќе дојде негативен сигнал на влез ќе проведе другиот транзистор кој е поврзан на минусот на напојувањето и ќе даде негативен напон на излезот.
Добиениот степен на искористенот со овој начин на работа е 75% што е супер. Но се разбира има проблеми.
Проблемот е во самите активни елементи (ламби, транзистори): тие при мали сигнали се многу нелинеарни и неосетливи а линеарноста им е добра само за напони на базата помеѓу 0.4 и 0.6~0.7 волти. Тоа би значело дека малите сигнали овој засилувач ќе ги изобличи доста. И тоа и се случува со што изобличувањето (THD) е поголемо од неколку % што е чујно за човек и иритира.

(AB) класа: Инженерите повторно седнале на работната маса и се обиделе да ја средат работата. Како? Едноставно: Ако се комбинираат добрите страни од класата А и класата B ќе се добие подобар засилувач... И тоа и го направиле: промената е тоа што зеле засилувач во класа Б и направиле низ транзисторите да протекува струја 1/10 до 1/20 од максималната струја што може да тече низ системот цело време. Ова со струјата го зеле од А класата. Оваа струја се вика мирна струја (bias current) и овозможува транзисторите да се наоѓаат на работна точка во која нелинеатниот дел кој е својствен за малите сигнали е избегнат, имено на базата на транзисторот веќе има околу 0.4 волти. Што се добило: Изобличувањата се намалиле под 0.01% (супер) мегјутоа се добило малку помало искористување на моќта (поради мирната струја) од некои 60%. Доволно.

(C) класа. Оваа класа е всушност А класа на која наместо колекторскиот отпорник е ставен потрошувачот. Исто така овој тип на засилувач може да го појачува само позитивниот дел од сигналот (синусоидата) бидејќи струјата низ транзисторот може да тече само во една насока. Овој тип на засилувачи не се користи за Аудио туку само за појачување на високофрекфентни сигнали (ВФ техника) во предавателите поради големото изобличување. Степенот на искористување се движи од 60-80% во зависност од квалитетот на транзисторот.

(D) класа: Оваа класа се вика D класа поради зборот: дигитална класа. Овде појачувањето на сигналите не се врши континуирано(аналогно) туку се врши со прецизно давани напонски импулси на звучникот (потрошувачот). Како работи точно: Влезниот сигнал се семплира (А/D конверзија) и се претвора во 1-битов дигитален сигнал (pulse train или поточно pulse width modulation -PWM). Ваквиот импулсен сигнал се појачува со транзистори кои работат во прекинувачки режим: 1 или 0 што би рекле: отворен, затворен. Проблемите со овој засилувач се следните: За да би се добило на квалитет фрекфенцијата на изпраќањето на овие импулси (sample rate) треба да е многу висока (неколку мегахерци) што создава проблем со транзисторите (висофокрекфентните транзистори за снага чинат многу) и со генерираните сметњи и шумот. Така дизајнерите сега за сега! D класата ја користат само за засилување на бас (D-class subwoofer amp). Добрите страни се големата ефикасност (95%) а со тоа и малиот габарит и малото загревање на компонентите.
Очекувајте во иднина и D-класата да ја употребат и во HiFi!!!

(H) класа (хибридна класа) ова всушност се 2 засилувачи во АB класа од кои едниот е за излезот (Power Amplifier - PA) а другиот е подигнувач на напонот (DC-DC Step-Up Power Supply - PS) со помош на 2 големи електролитски кондензатори. Оваа класа е се разбира понеквалитетна (поголеми изобличувања - THD) од АB класата но се користи на места каде што има ограничено напојување (во кола). Еден пример за засилувач во H класа кој е доволно квалитетен за HiFi е TDA1562 на Philips.

(T) класа е всушност обид да се воведе D-класата во HiFi. Разликата помеѓу D-класата и Т-класата е тоа што T класата користи D-класа за најмоќните делови од сигналот и АB засилувач за посуптилните елементи од сигналот и за високите фрекфенции. Сеуште во тест фаза (постои само 1 чип засега кој работи во овој режим), можеби во иднина ке стане секојдневие (Искористливост од 85-80%).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Tarabuka

  • Нов член
  • *
  • Posts: 12
  • Gender: Male
а како можам јас на моето појачало да видам која класа е, пошто не сум баш до толку запознаен со електрониката, за да можам да го сватам ова што го пишува тука, па ако може нешто поедноставно да ми објасните?

Offline Goce

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 366
  • Gender: Male
Hifi засилувачите за домашни потреби најчесто ги прават во АБ класа а исто има и во А класа ама се поретки и доста се поскапи засилувачот што го имаш најверојатно работи во АБ класа и незнам како да ти објаснам друкше ова Борче што го има напишано е перфектно ојаснето и битребало да сватиш процитај го убаво ке рабереш.