Author Topic: Ground Plane антена за FM  (Read 3220 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ground Plane антена за FM
« Opened on 02.12.2009, Wednesday, 20:23:14 »
Бидејки овој тип на антена е најдобра за ФМ со одлични перформанси барав разни информации за овој тип на антена и дознав дека треба 5 ал. шипки по 75cm од кои една ке виде вертикална и врзана за + од појачалото а другите четири шипки да бидат заварени (споени) и да имаат форма на крст но хоризонтален :) значи секоја шипка да биде под 90 степени од другата шипка а и секоја од тие четири шипки да биде под 90 степени од вертикалната шипка која е поврзана за + од предавателот.
Дали така се прави овој тип на антена и дали добро сум разбрал ? :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #1 on 02.12.2009, Wednesday, 23:45:21 »
Не е штосот дека Ground Plane антената е најдобра антена за ФМ подрачјето (има само 2.3dBi) туку работата е што оваа антена има 2 добри карактеристики за хобистите: 1. Лесно се прави и не треба премногу штимање 2. Има импеданса од 50 оми самата антена и нетреба прилагодувач на импеданса - balun туку директно се напојува од предавателот.

За тоа како се прави објасна добро, можеш да ја направиш и да ставиш слика да ја видиме, иначе суштината е дека што е можно повеќе „ground" шипки долу тоа подобро но се увидело дека над 8 веќе не се добива ништо, 4 се веќе 99% како да имаш 8 а со минимум 3 добиваш 75% од карактеристиките на идеалната ground plane antena. Значи спојуваш 4 радијали (најдобро на некој UHF женски конектор со навртки) кои ке ги свиткаш некаде 45` надолу од хоризонталната положба а на средината (што викаш ти - на плусот, а се вика на „жешкиот крај“) монтираш (лемиш) вертикала со слична должина. Точните должини зависат од фрекфенцијата. На пример за средина на ФМ бендот (100МHz) должините на радијалите и вертикалата се по 72см, за 88MHz се 81см додека за 108MHz се 66см. Е, сега што е со тие 45` што се надолу радијалите? Тоа се прави за да се нагоди точно импедансата на антената и експериментално е добиено дека најточно 50оми има ако радијалите се 45% надолу. Бидејќи не е секој излезен степен од предавателите ист фино штимање на саканата импеданса се врши со виткање погоре или подолу на радијалите (треба да се има SWR метар да се гледа подобрувањето).

Еве подолу слика од таква антена но со 3 радијали место 4 (со 4 е подобра):

Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #2 on 03.12.2009, Thursday, 00:12:30 »
Супер објаснето, само да најдам 5 алум. шипки со дебелина од 1cm и почнувам со правење на антената па ке ја ставам на форум.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #3 on 03.12.2009, Thursday, 00:27:13 »
А да ти дадам идеа да купиш бакарни цефки 6mm, ем бакарот е подобар проводник ем полесно можеш да најдеш бакарни цефки отколку алуминиумски и плус бакарот се леми. Проблем ќе биде само тоа што бакарот е тежок, ќе ти треба јака средина на антената да измислиш.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #4 on 03.12.2009, Thursday, 00:29:57 (Edited 03.12.2009, Thursday, 00:32:16) »
ама како би работело со бакарни цевки, немам видено такво нешто до сега :( иначе одлично, бар тоа полесно се наоѓа од алуминиумот. Ма да со лемењето ке имам проблем во секој случај бидејки на женскиот конектор PL239 не се фаќа калај воопшто па потоа го стругав и го шмирглав но пак џабе. На + се фаќа калајот но на масата ни да чуе:(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #5 on 03.12.2009, Thursday, 01:49:48 »
Мислам дека бакарните цефки се подобар избор, иако немам пробано, би требало. Второ, на PL239 се леми ама ти треба огромна 300W лемилица - ајва (пробано).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline GogoStip

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #6 on 23.02.2010, Tuesday, 10:44:16 »
Немаш потреба да лемиш на конекторот, јас имам вертикалка направено за 144Mhz 2м банд на радио станица на еден PL конектор, само со матичка и штравче добро стегнување и немаш гајле никогаш нема да попушти, и да ја користиш за надворешна употеба е супер, инаки јас користев прачки за заварување од околу 100цм една. 4 радијали се доволни за твојата употреба.

ps:Ако си во можност стави поголеми радијали од ламбда половина(овие се од ламбда четвртина,значи дупло поголеми :D)има подобар прием.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #7 on 04.02.2011, Friday, 11:05:13 »
Најдов уште еден документ како да си направиш Ground pole Antenna
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #8 on 21.01.2013, Monday, 16:02:39 (Edited 21.01.2013, Monday, 16:48:40) »
Дали со менувањето на бројот на радијалите треба да се менува и нивната должина ???
И ако може некој подетално да објасни како се поврзуваат шипките(која на +,која на-)?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #9 on 21.01.2013, Monday, 18:50:41 (Edited 21.01.2013, Monday, 23:21:05) »
Еве еден линк

Code: [Select]
http://hllye.com/download/14-wave-GP-antenna-setup-calculator.html

Оваа антена има едедн вертикален дел на кој се спојува *вруќиот* извод надоводниот кабел,а масата  се спојува на радијалите ( под 45 степени обично се поставени и се најмалку 3.

Offline Clear Sky

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 137
  • Gender: Male
  • Се шо се прај е убоо!!!
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #10 on 22.01.2013, Tuesday, 20:48:29 (Edited 22.01.2013, Tuesday, 23:38:44) »
Еве ја мојата фм антена што штотуку ја направив за 4 часа.
Критики ве молам !!!



Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3118
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #11 on 22.01.2013, Tuesday, 21:39:47 »
Првата критика ќе ти биде од мене дека не си ги прочитал правилата како треба да се стават слики... ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #12 on 22.01.2013, Tuesday, 22:00:05 »
Дали ја работеше по пресметка или *од око*? Друго ,слаба е она изолација,мислам дека е обично пластично црево,Исфрли го она дрвото и на плочата со радијалите стави нов метален  држач кој ке го прицврстиш на ѕид,оџак... И барем 1-1,5 м нека биде антената над кровот или оддалечена  од ѕидот.Доводниот кабел нека не биде подолг од 10м.Најди SWR метар и со него најдобро се подесува антената.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #13 on 23.01.2013, Wednesday, 16:18:42 »
сега треба да имаш накај 4km домет на отворено
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Ground Plane антена за FM
« Reply #14 on 23.01.2013, Wednesday, 23:27:24 »
Прво треба да провери како се однесува антената спрема излезниот степен.Без инструменти и мерења ризик е да се пушта подолго предавателот.Прашање е дали постои брум при емисијата,бидејки исправувачот (од РС ! ) редовно генерира брум  поради вентилаторот ,неумасувањето на степените,така да  не е многу сигурно дека уредот ке работи како треба:друго,проблем може да биде и преправката на самата печатена плочка.Секое преместување,стеснување или прераспределување на елементите може да биде проблем за правилното функционирање.Откога ке се подеси и мери ,може да се следи дометот.И пак да се напомене: според Законските норми -секоја емисија без одобрение се смета за кривично дело и се казнува! Внимавајте на тоа,