Author Topic: Транзисторски ефект  (Read 6192 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Транзисторски ефект
« Opened on 25.11.2009, Wednesday, 14:10:38 (Edited 24.05.2018, Thursday, 04:21:57) »
Начин на работа на транзисторот


слика1


слика 2

Процесот на спроведување на електрична струја низ транзисторот е многу важен  бидејќи тој се состои од 3 области ( NPN ) два типа на полупроводници ( P и N ) во кои има два вида на носители на електричество ( електрони и шуплини ).
   Кога емитерскиот PN- спој ќе се поларизира директно, а колекторскиот спој инверзно, првиот запречен слој се стеснува а вториот се раширува, концентрацијата на примеси ( електрони) во емитерот е многу голема, па заради тесниот запречен слој голем број на електрони ќе поминат во базата.
   Бројот на електрони кои ќе се рекомбинираат во базата е многу бидејќи базата е малку дозирана и е тесна, скоро сите електрони ќе дифундираат или ќе поминат низ базата и ќе преминат во колекторот, процентот на електроните кои поминуваат во колекторот е преку 99%,од оние во емитерот и ја образуваат главната струја во транзисторот.
   Струјата во базата ја сочинуваат малиот процент на рекомбинираните електрони со шуплините во базата.
   Овај процес е прикажан на слика бр. 2.
   Аналогно се однесува и за PNP транзисторите само што главната струја ја создаваат шуплините наместо електроните како кај NPN транзисторот.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!