Author Topic: Како се прават звучни кутии (од batka)  (Read 5898 times)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Еве еден цитат од едно хрватско издание
Цитатот кажува дека „газдата на Дианудио развил своја динамичка метода на анализа која на конструкторот му дава покорисни упутства за градба на звучните кутии,него програмите за прорачун на кутии со ТС параметрите.“
Е добро де,газдата на Динаудио смислил и направил нешто боље. Супер,бравос, пу пу, да му се позлати раката, итд.
Сега овде доаѓа драмска пауза...............
И?
Што со тоа?
Ја знаеш таа динамичка метода и стално ја користиш при изработка на своите звучни кутии?  :D :D :D
Ја знае некој друг уопште освен газдата на Динаудио? Што корист имаат од тоа аматерите што сакаат да направат звучна кутија? Методата за прорачун на кутија со ТС параметри е општо позната, едноставна и дава добри резултати. Можда некој нашол и нешто боље,али дали тоа им е достапно на аматерите?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425

Абе не се сите заљубени во ТС параметрите! Има батче многу пофини и подобри работи.Не биди убеден дека се се врти околу тие патаметри и тие 5-6 кутии кои си ги направил! Светот е мал,се може да се најде и добие,ама очигледно не за сите аматери,

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Одг: Како се прават звучни кутии
« Reply #17 on 08.05.2011, Sunday, 23:58:24 (Edited 09.05.2011, Monday, 13:41:23) »
Абе не се сите заљубени во ТС параметрите! Има батче многу пофини и подобри работи.Не биди убеден дека се се врти околу тие патаметри и тие 5-6 кутии кои си ги направил! Светот е мал,се може да се најде и добие,ама очигледно не за сите аматери,

Па дај да ги видиме тие пофини и подобри работи!
Си ги добил ли ти?Зашто само некои аматери можат да ги добијат,а не сите? Да не треба да пристапам кон Масоните да ги добијам? :D :D :D
ТС параметрите се на располагање на сите,отвори кој сакаш сајт, Eminence,B&C, чак и твојата Biema:
Code: [Select]
http://www.biema.com/en/productlist/?2_2.htmlБудали ли се овие од Biema што даваат само ТС параметри а не не кои други?

Споено мислење: 09.05.2011, Monday, 13:41:23
[Абе не се сите заљубени во ТС параметрите!

Може не се сите заљубени у ТС параметри,али ево како Dynaudio потпаднал под шармот на ТС параметрите и до уши се заљубил!  :D :D :D
Code: [Select]
http://www.dynaudio.com/eng/pdf/DYN_Esotec_INT.pdfЗа сите модели Dynaudio у нивниот каталог дадени се ТС параметрите.Не знам зашто тераш инат дека ТС параметрите не чинат а цел свет ги користи,чак и Dynaudio у кого се крстиш.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ха, а што мислиш се ли е бесплатно?? Само ТС параметрите се бесплатни, друго се плаќа. А за БИЕМА : мора маркетиншки да игра. Што бараат *ХАЈ ФАЈ вљубениците * тоа и се продава!  ;D ;D Да видиш смо каков програм за симулација имаат.Таму овие параметри кои ги потенцираш премногу,не играат никаква улога.Биема има една од најдобрите софтверски подршки моментално,кога се работи за звучници.Е,сега тука сме - тука постојано и се вртиме -  порано ти реков дека има мноогу подобри и поефикасни софтвери од КЛИО на Филевски и ТС параметрите кои многу често ги споменуваш,ама за да стигнеш до нив треба да си *играч* ,а не да се крстиш само во една икона.Побарај на Гоогле,таму навистина има се,само да поработиш.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Има еден најефикасен софтвер (се вика изоштрено увце) и тој е наменет за аматери кои го поседуваат искуството во правење и имаат мала дарба (аналитичен слух и можност за разликување на суптилни разлики во звукот).
А другите нека мерат коклку сакаат и со што сакаат , крајната добивка е сепак по сензибилитетот на тој што ја слуша музиката (значи субјективно).
По мое треба да се има представа за ТС Параметрите но решението сепак се сведува на субјективен слушен тест.
Сигурно сте прочитале дака и по дизајнирањето на свртницата по сите прописи и параметри  во посложени системи слушниот тест не задоволува иако ТС параметрите играле примарна улога во дизајнот на свртницата . Па амајсторот со клиото или сличен софтвер ќе дизајнира нова свртница , па нов слушен тест...... итн.
Се додека не го задоволи навежбаното увце.
Значи мој предлог ,за квалитетни драјвери би се држел до некакви ТС параметри но не до крај сепак слушниот тест ќе каже дали го бива.
А ако се работи за ефтини драјвери тогаш за џабе ти се ТС параметри, загрејте си ги увцата  ;D, слушајте и споредувајте на иста опрема и што е најважно на ист носач односно музички материјал што ви е добро познат на вас за да можете да ги приметите разликите.
И дајте олабавете со препиркиве, оваа материја е тешка за докажување ,и тешко дека секој од нас ја има магичната формула за добар звучник кога и фабриките применуваат различни форми и методи на проектирање и дизајнирање а на крај секако следи слеп слушен тест.
Ушивајте во музиката и гордејте се на својот дизајн и проект затоа што нема помило од готов производ што сами ќе го направите (се додека не созреете и сватите дека сте згрешиле па ќе направите уште подобро нешто ;D)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Изотоп се слагам со се што напиша ,навистина. Јас кога се работи * во живо* не објаснувам никому ништо,само пуштам музика. Ако некој сака да види ,чуе или копира некој мој направен звучник,јас му давам или му дозволувам да донесе своја музика или проба во домашен амбиент.Се слушувало лугето да немаат ист вкус и мислење со мене,ама јас држам еден свој правец ,па  многу често и најголемите неверници повторно се навраќаат кај мене. Правењето звучници не е баук,нити некоја филозофија.Луѓето одамна прават,комбинираат измислуваат  нови конструкции,нови звучни единици,нови технологии.Јас никому не сум му рекол дека не направил добри кутии! Самата градба е доживување,мисија,нешто за што се сеќаваш цел живот.Значи не треба да одиме ригорозно дека ако не се придржувате до*...патаметрите* нема кутијата да свири! Ке свири и во картонска кутија!!Аматерските градби никогаш не можат да бидат рамо до рамо со врвните ,пред се поради  многу фактори, а не заради ...параметрите. Но ,јас тврдам дека секој што сака може и треба да направи еднаш пар кутии и свртници,за да научи и разбере некои основни постулати.Тука сме да помогнеме,со совети ,материјал,нацрти.
Форумот е на сите членови ,секој има право на глас ,мислење  и така нека остане.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Апсолутно се сложувам ставот е многу битна работа и на иста линија сме очигледно .
При дизајнирањето се земаат мноштво фактори во предвид еден од нив е и намената која дефинира многу предуслови како ефикасност , квалитет на репродукција и зафатнина во простор на звучникот  и уште еден многу битен ако не и најважен момент за каков простор е наменета звучната кутија .
Многу надолго ќе ја фатиме ако почнеме да анализираме се ова така да накратко на почетници би им препорачал прво да седнат и да размислат за каква примарна функција ќе се користи звучникот и кое ниво на верност (репродукција ) ќе се очекува и во колкав простор ќе се користи.
па според тоа да избираат помеѓу ефикасност и неутралност .
сакам да кажам често пати  дури и во звучници наменети за дома забораваме да го земеме просторот односно собата во која ќе слушаат во предвид при дизајнот .
Ако сакаме ефикасност = големи басови=ефикасни драјвери= големи кутии= потреба од голем простор околу звучникот =најчесто правиме компромис во квалитетот на репродукцијата.
Ако сакаме неутралност најчесто=помали басови =квалитетни драјвери=квалитетни делови за свртница = соодветен квалитетен простор за репродукција.
Дури и најквалитетна кутија ќе звучи лошо доколку се слуша во несоодветен простор.
Уште нешто би додал .
Неодамна бев на концерт на македонската филхармонија и  забележав многу битен елемент во однос на  акустиката на самата сала односно истата филхармонија и музички материјал  поинаку звучи доколку се слуша во во друга изведбена сала .
значи просторот на слушање  е многу битен фактор при креирањето на самата кутија доколку се бара неутралност од истата.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Ха, а што мислиш се ли е бесплатно?? Само ТС параметрите се бесплатни, друго се плаќа. А за БИЕМА : мора маркетиншки да игра. Што бараат *ХАЈ ФАЈ вљубениците * тоа и се продава!  ;D ;D Да видиш смо каков програм за симулација имаат.Таму овие параметри кои ги потенцираш премногу,не играат никаква улога.Биема има една од најдобрите софтверски подршки моментално,кога се работи за звучници.Е,сега тука сме - тука постојано и се вртиме -  порано ти реков дека има мноогу подобри и поефикасни софтвери од КЛИО на Филевски и ТС параметрите кои многу често ги споменуваш,ама за да стигнеш до нив треба да си *играч* ,а не да се крстиш само во една икона.Побарај на Гоогле,таму навистина има се,само да поработиш.
Нека си имаат Биема бољи програм за симулација од ТС парамерите,него што ти или некој друг има корист од тоа? Го користиш нивниот програм? Си го купил,колку кошта,како се вика?
Колку што знам КЛИО нема везе со симулација,тоа е само за мерење и нема везе со ова што дискутираме.

Правењето звучници не е баук,нити некоја филозофија.
Значи не треба да одиме ригорозно дека ако не се придржувате до*...патаметрите* нема кутијата да свири! Ке свири и во картонска кутија!
Баш тоа ми е поентата,нема филозофија ако се работи со ТС параметрите,одма се добиваат добри резултати и унапред се знае што ќе се добие,не мора да се прават неколку различни кутии за да се најде која кутија треба да се користи.
Ќе свири и без кутија,али тоа не е поентата, треба добро да свири!

По мое треба да се има представа за ТС Параметрите но решението сепак се сведува на субјективен слушен тест.
Сигурно сте прочитале дака и по дизајнирањето на свртницата по сите прописи и параметри  во посложени системи слушниот тест не задоволува иако ТС параметрите играле примарна улога во дизајнот на свртницата . Па амајсторот со клиото или сличен софтвер ќе дизајнира нова свртница , па нов слушен тест...... итн.
Се додека не го задоволи навежбаното увце.
Значи мој предлог ,за квалитетни драјвери би се држел до некакви ТС параметри но не до крај сепак слушниот тест ќе каже дали го бива.

Се слагам,па уствари јас ова веќе сум го напишал у некој мој пост,прорачун со ТС параметри е само почеток, даље треба да се штима ако има потреба.
Али стварно не разбирам зашто на Batka му смета аматерите да започнат на сигурно со ТС парамртери, така одма у старт добиваат ако не одлична онда добра кутија,немаат аматерите практично искуство на Batka па унапред да знаат каква кутија треба да направат. Баш затоа служат ТС параметрите, у старт да се добијат добри резултати. Најзад, ТС параметрите одредуваат само како ќе свири кутијата басови,за све друго,за останатите тонови одлучува скретницата и квалитетот на високотонецот, среднотонецот и бас звучникот.
И стварно ми е доста препукување со Batka,тој ги мрази ТС параметрите и тоа е негово право,али има други кои мислат друкчие,башка на ниеден сајт за звучници нема ништо друго осим ТС параметри, а јас им дадов на членовите на форумот мој туторијал како лесно да прорачунаат звучна кутија со ТС параметри и унапред да знаат што отприлике ќе добијат.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е.мој Маки ете тоа тебе нема никогаш да ти е јасно -што јас сакам,а што мразам. За тебе се е црно /бело и мислам дека и сто кутии да направиш твоето сваќање за звучниците и звукот нема да се промени.И Гига и Изотоп и... кажаа по нешто што е суштествено во сваќањето за звукот и звучниците, а ти постојано повторуваш * а јас ви кажав.... у старт се добиваат добри резултати....Батка ги мрази ТС параметрите...* Ова последново ти е бисер невиден.Еден од бисерите.*Мразажот* ти препорачува да го смениш насловот на ТВОЈАТА статија во - Како најдобро НЕ се прават звучни кутии.

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
да го смениш насловот на ТВОЈАТА статија во - Како најдобро НЕ се прават звучни кутии.

Членовите на форумот ќе одлучат од чиј туторијал повеќе научиле,од мојот или од твојот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Се слагам со ова.Точка!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Звучни кутии се прават со : чекич, даски шајки и мааање  ;D ;D ;D ;D ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Звучни кутии се прават со : чекич, даски шајки и мааање  ;D ;D ;D ;D ;D
Ти фалат уште ТС параметрите.. ;D

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
А за БИЕМА : 
Да видиш смо каков програм за симулација имаат.Таму овие параметри кои ги потенцираш премногу,не играат никаква улога.Биема има една од најдобрите софтверски подршки моментално,кога се работи за звучници.

Batka, стварно ме интересира,кој е тој програм за симулација на Биема и колку кошта? Го барав на нивниот сајт,али осим ова:
Code: [Select]
http://www.biema.com/en/downlist/?23_1.htmlа тоа се само софтвери за процесорите,не најдов ништо друго?  ???

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Звучни кутии се прават со : чекич, даски шајки и мааање  ;D ;D ;D ;D ;D

Бицикле немој по старата метода те молам , Ќе кажеш :Звучници се прават со иверица ,штрафови, штрафилица и штрафење  ;D ;D ;D ;D ;D ;D