Ајде уште малку да појаснам, што се треба да се промени за да напојувањето работи барем со експоненцијална функција на стабилност, барем со еден пол во негативна оска и без нули блиску до половите од функцијата за стабилност. Ако теоретски се постават равеките за стабилност, коефициентната матрица содржи членови кои се најкритични, со тоа може да се доведе напојувањето до константа работа без осцилации во системот, а за преодните подрачја се ке зависи од слободниот член (матрицата). Епа ајде што се е битно од теоретски аспект. Прв и нјабитен фактор е преносниот однос на трафото, и тоа е намотано за тие напони што се, и неговата индуктивност е таа како што објаснив претходно. Значи ако се менува напонот, треба да се смени и преносниот однос (бројот на навивки на главното трафо). втор член од таа матрица е сериската индуктивност, која сигурно ке се смени ако се смени преносниот однос, па тука како втор член се добива интеграбилно диференцијална равенка која ако се реши во доменот на транслација ке се види дека можат да се избегнат нулите во левата полурамнина со промена на сериската капацитивност. Од тоа следи дека за да нема нули овој член мора добро да се пресметаат и усогласат сериската капацитивност и сериската индуктивност на главното коло. Бидејки со промена на преносниот однос се менува и мегусебната индуктивност, ке мора да се смени и намотката од повратната струја во побудното трафо. Таму треба да се внимава на максималното В, за да отиде јадрото во заситување. Со тоа во стационарна работна точка може да се обезбеди лесна фунција на конвергенција кон координатниот почеток. Како четврт член од матрицата е ESR на влезното коло, кое го сочинуваат ESR на кондензаторите и ESR на сериските намотки, кај кои ESR треба да се пресмета на прекинувачката фреквенција со D = 0.5. Значи треба да се избере таков ESR (кој може да се нагоди со изботор на бројот на жици) да секогаш се добиваат пригушени осцилации во резонантното коло (сметајки дека транзисторите имаат голем транспортен фактор). Друг битен фактор е излезниот филтер, кој исто така му треба доста добра пресметка, за да не се појават ниски хармоници. Лошата работа е што без стабилизација во динамички режим, која ја скокнавме (оние отпорник и кондензатор паралелно на намотката на главното трафо) можат да се појават пониски хармоници од основниот. Бидејки во четвртиот член од матрицата се добива втор диференцијал и прв интеграл кој не корвегира (дел од трансцедентна равенка) единствено можно решение е со приближна апроксимација во фреквентен домен. После фуриевата анализа се добива дека од вториот извод ке излезат 2 ниски хармоници кои имаат коефициент поголем од 1, што значи дека ке има сигурни осцилации. Затоа на тие две фреквенции треба да се напенали излезниот филтер да има слабеење, онолку колку што ке бидат коефициентите пред половите од лапласовата трансформација. Ова не се решава едноставно затоа се добиваат уште 2 трансцедентни равенки кои немаат решение па мора да се примени теоријата на Љапунов за стабилизација окулу работната точка. После нејзина примена се добива стабилизација од тип Фокус. Ајде доста беа математики, кои и онака не се едноставни. Од електрична смисла, 12V излезниот напон има 16V кондензатори на излез, кои ке треба да се заменат. Без стабилизација од втор ред ке се појават големи пикови на напони во преодните подрачја од што следи дека ке треба да сезголемат работните напони на напојувачките кондензатори, а со тоа и на прекинувачките транзистори. Треба да се внимава на сите кондензатори, а особено на типон нивни и нивото на заштита, затоа што тие знаат многу јако да пукаат. Не верувам дека некој се нафатил да ги изработи овие преправки, освен јас кога истрашував многу за ова, и на крајот излезе дека е поисплатливо да си направам од почеток сите пресметки и целосен дизајн (секако исфрлајки ја опцијата да си купам нов кој е дизајниран за да работи така како што сакам која е далеку поевтина варијанта). А не дека неможе да се зголеми напонот на оваа варијанта, само се менуваат 2 отпорници во повратната врска. Еве мене што ми се случи после неколку обиди на првите тестови. Напојувањето работеше на 15V (на 12V излезот) и даваше стабилен напон. И кога ке го вклучам потошувачот, Се појавуваше осцилација која имаше тау окулу 100mS, и врвна вредност на напонот од 23V што е доволно да уништи некој интегралец. Тие осцилации се јавуваа точно на третинка хармоникот кои го споменав претходно. Имаше едно подрачје на оптеретеност од 2 до 6А каде се јавуваа константни осцилации со половинка хармоник со амплитуда од окулу 1V. Ова се случуваше поради гореспоменатите преправки кои не беа направени. И што ли уште може да ви се случи ако се направи измена само на тој начин (да се стави потенциометар наместо отпорник), и патем “батка“ ти како им направи преправки на напојувањата? Ако некој сака можам и да приложам и математички пресметки за сето ова, едно време скоро се пресметав освен функцијата на Љапунов, кој никако неможеше да стабилизира од тип Фокус, но ја добив од тип Центар. И сега се надевам дека ви се разјасни малку работата окулу измените и начинот на функционирање на овие конвертори.