Author Topic: Неонка на 220V без пригушница и стартер  (Read 1085 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
па тогаш не разбирам зошто има посложена шема кога може и со попроста (Kiss стандард) или оваа попростата може има некој недостаток како треперење на неонката или сл. ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Се разбира, додатните компоненти се одговорни за стабилизација и подобра работа, но може и без нив да работи ;). Не е проблем ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Имам на располагање определен број на CFL-ки со изгорени влакна (греачи), па решив да пробам да си играм малку со нив :P :D.

Е сега, бидејќи немам 2uF/630V кондезатор (а пожелно е да е и 750V максималниот работен напон... малку pushing it е ако е 630V), не можам да ја изработам првата шема :-\.

Е сега, пребарувајќи online, начекав некои други шеми со компоненти кои ги имам по дома ;). Исто така, забележав дека првата шема, оваа погоре, има еден проблем. Нема пригушница или било каков ограничувач на струја за да ја ограничи струјата во моментот кога ќе запали неонката. Е сега, зошто е ова проблем... може да пукне неонката во моментот кога гасот ќе почне да проведува (во моментот кога ќе почне да свети)... така барем прочитав по некои руски форуми. Е сега, прашањето ми е, дали е ова вистина и дали навистина може да се случи да пукне... и во кои ситуации ???. На пример, дали може да се случи кај неонка со исправни греачи, но со ослабен гас (не проведува веќе како што треба, прави пали/гаси цело време).

Неонките (CFL) кои ги имам на располагање се како на сликата подолу.

Тие кои ги имам се буквално исти како на сликата, 26W-ни со G24d конектор. Практично, класични неонки се, ама во определена форма ;).

Од оние шеми кои ги начекав, овие две некако наједноставни беа и со минимален број на компоненти. Првата користи полубранов исправувач, а втора целобранов, па затоа кондензаторите се со дупло помала вредност, иако не е „грешно“ да се стават и исти како од првата шема (2uF наместо 1uF). Поентата ми беше да се заштеди на големина на компоненти и каде истите да се монтираат ;). Се разбира, колку е поголема капацитивноста, толку подобро, бидејќи неонката ќе пали и со веќе скоро сосема ослабен гас ;).

Е сега, недостаток и на двете шеми е тоа што немаат ограничувач на струја во моментот кога се пали неонката :-\. Практично, тоа е функцијата на пригушницата, па затоа направив модификација на овие шеми.

Е сега, прашања околу L1. Претходно поставеното, дали е апсолутно неопходно да има пригушница и дали на некој му се има случено да експлодира неонка без пригушница :P :D? Искрен да бидам, дури и ако некој ми рече нема шанси и дека тоа скоро никогаш се нема случено, јас сепак би ставил некој вид на пригушница :D.

На многу места (Русиве, се разбира :D) начекав дека користат сијалица наместо пригушница (искрен да бидам, и мене прво на ова ми текна :P), со тоа што, за да не свети потоа сијалицата, туку само да жари, мора да е барем со 8 пати поголема моќност од моќноста на неонката (се разбира, емпириски установено). Во конкретниов случај, сијалицата треба да има моќност од 150W, а пожелно да има моќност од 200W... веќе тешко се наоѓаат сијалици од 150W, а камо ли некои од 200W... плус, треба да ги пазиш, да не ги удриш, да не пукнат, па влакното да не изгори ::)... не знам некако комплицирано ми е ова како решение.

Друго решение е, се разбира, да се искористи баш пригушница за класична неонка (некоја од 20W). Имам такви на располагање, ама целиот склоп ќе биде многу тежок и ова некако ми се виде како... непрактично решение.

Но, добив идеја да пробам да искористам послаба пригушница (индуктивитет) од некој стар CRT монитор или телевизор ;). Не знам колкава индуктивност имаат (некои ги имам мерено и имам запишувано на нив колкава индуктивност имаат), но сигурно имаат многу помала во однос на класична пригушница за неонки. Прашањето ми е... дали ќе биде доволно дури и ако за нијанаса ја намали струјата при палење на неонката или мора баш да се пригуши класично за да можам да бидам (скоро) 100% сигурен дека неонката нема да прсне при некое палење :P :D.

Инаку, тоа се оние индуктивитети со феритно јадро, вертикални (не торусни), што најчесто се користат за корекција на ширина на слика и некои такви работи. Имаат плетени жили во намотките, така да, до 0.5A комотно може да издржат ;). Таков планирав да искористам, ако најдам слика некаде online ќе ставам, а ако не ви е јасно за каков индуктивитет станува збор, ќе сликам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Јас досега не сум видел нити чул да пукне неонка, ако мислиш физички да пукне (експлодира) и искрено малку веројатно ми делува тоа, помеѓу електродите има десетици сантиметри растојание, гасот внатре нема шанса да проведе толкава струја за да се загрее нешто доволно за да пукне. Од друга страна за останатите делови од шемата, посебно кондензаторите, не важи ова, сум видел мрежни кондензатори расцветани како пупка... ;)
Баш сега правам еден уред по нарачка со флајбек од ТВ, го пробувам со неонка од оние помалите 50-на сантима како за во кујна, дава негде 15кV а неонката свети најнормално без да пукне или сл. Претходно сум пробувал со мала неонка како од твоите слики приклучена на излез од бобина за кола, сигурно над 10кV исто без проблем.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас досега не сум видел нити чул да пукне неонка, ако мислиш физички да пукне (експлодира) и искрено малку веројатно ми делува тоа, помеѓу електродите има десетици сантиметри растојание, гасот внатре нема шанса да проведе толкава струја за да се загрее нешто доволно за да пукне.

Хм... абе не измслувам :P :D. Еве, од некој блог некој Русин има пишано тоа.

Code: [Select]
https://zen.yandex.ru/media/dima/shema-zapuska-sgorevshih-lamp-dnevnogo-sveta-5d797b303639e600ad375db8
Еве го на Руски тој дел каде предупредува.

Quote
Обратите внимание, что в схеме нет ни лампы накаливания ни ограничивающего ток резистора, а это означает, что при розжиге лампы может возникнуть плазменный разряд и лампа просто взорвется.

А еве го и на Англиски.

Quote
Please note that there is neither an incandescent lamp nor a current-limiting resistor in the circuit, which means that when the lamp is ignited, a plasma discharge may occur and the lamp will simply explode.

Ама штом викаш дека е горе-долу сигурно, ќе пробам и без пригушница, па ќе видиме, ако пука, нека пука :P ;D.

Од друга страна за останатите делови од шемата, посебно кондензаторите, не важи ова, сум видел мрежни кондензатори расцветани како пупка... ;)

Да, ако си врзал две фази по грешка, наместо фаза и нула, да пукаат :P ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Дури пробуваш не е лоша идеја да имаш врзано и сериска сијалица, после мислам нема да ти треба, мада не е лошо по еден стаклен осигурувач да има, чисто ради можен кратој спој во иднина.
Плазмата, односно јонизиран гас, точно дека е проводник, ама малку ми е веројатно дека ќе протече низ него толкава струја за да се загрее толку и да предизвика цела неонка да пукне, бар јас не сум чул за такво нешто досега, што не значи дека не е можно под некои услови... :)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Неонка на 220V без пригушница и стартер
« Reply #21 on 07.02.2021, Sunday, 02:11:27 (Edited 07.02.2021, Sunday, 15:05:49) »
Дури пробуваш не е лоша идеја да имаш врзано и сериска сијалица, после мислам нема да ти треба, мада не е лошо по еден стаклен осигурувач да има, чисто ради можен кратој спој во иднина.

За тест проба, да, сигурно ќе врзам ;).

А за осигурувачот... добро, да, не е лоша идеја ;). Ако случајно решила да пука, осигурувачот да отиде, она да остане здрава ;).

Плазмата, односно јонизиран гас, точно дека е проводник, ама малку ми е веројатно дека ќе протече низ него толкава струја за да се загрее толку и да предизвика цела неонка да пукне, бар јас не сум чул за такво нешто досега, што не значи дека не е можно под некои услови... :)

Мислев во стилот на несакајќи наеднаш да се надмине некој лимит кој го има гасот, па во таков случај да настане инстантно загревање и експлозија... можно е такво нешто, или :P :D?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Теоретски е можно, ама во случајот мислам дека е многу малку веројатно :)
Поверојатно ми е да пукне транзистор или кондензатор од драјверот и некој нивни дел да го скрши стаклото отколку тоа да го направи прегреана плазма внатре во цевката.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Добро, ќе пробам па ќе пишам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 32
  • Gender: Male
  • Menace
Шансата да пукне флуоросцентната светилка  со дел од шемите е голема, а уште поголема е воопшто да не засвети.  Принципот на работа на класичните "неонки" е следен: преку пригушницата (индуктивитет) , додека стартерот е затворен, тече струја низ "греачите" при што со загревање на металот се ослободуваат електрони. Во моментот кога стартерот ќе отвори се прекинува струјното коло, пригушницата генерира висок напон - неколку киловолти - при што доаѓа до јонизирање на гасот и протекување на струја меѓу електродите. По ова пригушницата превзема улога на ограничувач на струја со својата реактивна отпорност.
Кога светилката не е вклучена отпорноста е многу голема и струјата низ гасот е занемарлива. Кога гасот ќе се јонизира и спроведе отпорноста нагло паѓа. Просечен работен напон на флуоросцентните светилки е од 20 до 80 волти. Остатокот од напонот го превзема пригушницата или електронска пригушница. Без соодветно ограничување на струјата, струјата низ светилката ќе расте неконтролирано што ќе предизвика загревање и можна (шансите се огромни) експлозија.
Покрај класичните CFL постојат и CCFL (Cold Cathode Fluorescent Light) кои немаат "греачи" туку имаат специјални електроди кои полесно испуштаат електрони и на собна температура. Овие сијалици се полесни за стартување но сепак бараат ограничување на струја. Најчесто се користеа како позадинско светло кај LCD екрани.
Класичните CFL (Compact Fluorescent Light) со изгорено грејно влакно може да се вклучат со повисок напонски импулс од нормалниот за да дојде до јонизирање на гасот.

На нет можат да се најдат шеми кои со каскада (диодини кондензатори) го четворостручуваат мрежниот напон за да ја запалат CFL, а потоа самата каскада ( реактивната отпорност на кондензаторите) служи за ограничување на струјата

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Искрено, не сум чул или видел досега некоја неонка да настрада катастрофално, со експлозија, значи од оние старите долги прави, овие поновите CFL делуваат на изглед понежни така да не ме чуди ::). Сега вака кога ќе ми текне, имав едно време на бирото CFL и стаклото приметно се загреваше при работа, нешто што не сум приметил порано кај старите неонки, а од кога памтам сме ги користеле дома, пригушницата да, се загревала, ама стаклото никогаш не сум приметил дека нешто многу е загреано..
Ме заинтересира темата и малце пребарував по нетот, има некои случаи кај што се жалат луѓе дека им пукнале CFL-ките, најчесто електрониката, поретко самото стакло и колку што разбрав никогаш не дознале зошто, можда од напонски пик, фабрички дефект, а во некои случаи од прегревање на лампата настанал и пожар... :P
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Во моментот кога стартерот ќе отвори се прекинува струјното коло, пригушницата генерира висок напон - неколку киловолти - при што доаѓа до јонизирање на гасот и протекување на струја меѓу електродите. По ова пригушницата превзема улога на ограничувач на струја со својата реактивна отпорност.

Слична функција имаат и множителите на напон (кондензаторите) од шемите погоре ;). Не генерираат неколку киловолти, но до кај 700V, да... и барем јас колку што знам, тоа е повеќе од доволно за да проведе било која неонка/CFL-ка.

Просечен работен напон на флуоросцентните светилки е од 20 до 80 волти. Остатокот од напонот го превзема пригушницата или електронска пригушница.

Истата функција потоа ја имаат и кондензаторите: напонот кој не го „користи“ неонката, е на нивните краеви ;).

Без соодветно ограничување на струјата, струјата низ светилката ќе расте неконтролирано што ќе предизвика загревање и можна (шансите се огромни) експлозија.

Па, ако се ограничува напонот на краевите на неонката, т.е. ако кондензаторите потоа ја превземаат таа функција на „напонски ограничувачи“, значи дека и напонот на краевите на неонката не може да биде еднаков со мрежниот, со што струјата не може да расте поради тоа што напонот на краевите на неонката не го „форсираме“ да биде еднаков со мрежниот.

На нет можат да се најдат шеми кои со каскада (диодини кондензатори) го четворостручуваат мрежниот напон за да ја запалат CFL, а потоа самата каскада ( реактивната отпорност на кондензаторите) служи за ограничување на струјата

Па генерално змено, овие шеми се такви :). Множители на напон се :). Со тоа што мрежниот напон не го зголемуваат за 4 пати, туку за 2 пати. Практично, на краевите на неонката доаѓа еднонасочен напон од околу 650V. Откако ќе запали неонката, напонот паѓа бидејќи има кој да ја троши струјата на краевите од кондензаторите (неонката), а кондензаторите се далеку од доволни (димензионирани) за да можат да држат константен напон на краевите за струјата која ја троши неонката ;).

Сега вака кога ќе ми текне, имав едно време на бирото CFL и стаклото приметно се загреваше при работа, нешто што не сум приметил порано кај старите неонки, а од кога памтам сме ги користеле дома, пригушницата да, се загревала, ама стаклото никогаш не сум приметил дека нешто многу е загреано.

Да, CFL-ките повеќе греат. Не знам точно која е причината, но претпоставувам дека е дебелината на самите цевки. CFL-ките се потенки во однос на класичните неонки, а имаат иста моќност. Иста моќност (јачина на струја) поминува низ потенка цевка - автоматски значи дека би требало повеќе да грее.

Ме заинтересира темата и малце пребарував по нетот, има некои случаи кај што се жалат луѓе дека им пукнале CFL-ките, најчесто електрониката, поретко самото стакло и колку што разбрав никогаш не дознале зошто, можда од напонски пик, фабрички дефект, а во некои случаи од прегревање на лампата настанал и пожар... :P

Ова никогаш не ми се има случено со CFL-ки со Едисон винт (како и да му беше ознаката :P :D), без разлика дали биле со тесно или дебело грло. Или греачите им откажувале, или електронскиот стартер, едно од тие две. Но не, никогаш не ми пукнала ниедна цевка... освен ако не ми паднала :P :D.

Јас ќе пробам, имам на располагање доста вакви, па ќе видиме како ќе тераат :P :D.