Одлична замисла и имав една ваква идеја да реализирам ама никако да стасам со време. Идејатамоја беше да се користи нешто помоќен контролер на пример LPC1768 (со јадро ARM Cortex M3 на 100MHz, 64KB RAM, 512KB FLASH, многу модули меѓу кои и USB, ETHERNET, и др) или пак LPC2478 (со јадро ARM7TDMI на 72MHz, 64KB RAM, 512 KB FLASH, и многу други модули , USB, ETHERNET, скоро се што може да има еден контролер) и меѓу другото има и надворешна магистрала за меморија на која планирав да се постават слотовите за други модули, а исто до слотовите да доаѓа и I2C, SPI, SSP, I2S, па има доста избор за комуникација. Доста поедноставно е да се вози слот со надворешна мемориска магистрала на која може да се поврзе надворешна RAM меморија и која може да се премапира за влезноизлезни уреди. Што се однесува до софтверот за контролерот, планот ми беше да има некој оперативен систем (микриум, FreeRTOS) а идејата ми беше да го сработам со RTLinux кој ке ја брка цела работа и ке ги има сите драјвери за некои модули, па доколку му додаваш новоизработен модул, за него пишуваш само драјвер, го ставаш на USB стик и оперативниот сам да си го инсталира без да се преправа ништо. Дури имав и идеја да се поврзе на PC и да може да се следи неговата работа преку Supervisor мод, па да може и да се управува како да работи, да се менуваат драјвери и сл. Доколку некој е заинтересиран за нешто посложено можеме да почнеме со смислување на проектот, па дури можеме и со некој контролер со ARM9 да го средиме, на 260MHz.