Author Topic: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување  (Read 17260 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #15 on 11.09.2010, Saturday, 23:03:33 (Edited 11.09.2010, Saturday, 23:42:41) »
Инаку,*Прирачникот ..* е од истакнатиот (во светски и европски рамки) Др.Божо Метзгер, професор,радиоаматер ,конструктор и пред се да ви спомнам само ова -  сите негови описи се испробани од него лично,добро образложени  и успешно надградувани!! Иако за некој конструкции времето е одминато... сепак основата и теоријата врзана со праксата се незаменливи при учење.Јас лично секому ја препорачувам.Има преку 600 страници,тврд повез и мислам дека доживеа 4-5 изданија!!!!! Како ретко која техничка книга во светот. И никој не може да ме убеди дека -* не чини...*.

Уште само ова :не може да полагаш предмет ПРОГРАМИРАЊЕ само со задачи,а не гледаш компјутер пред тебе... :D ;)

Еве и уште еден теоретски пример дека постојат вертикално поставени диполи,кои  како пар се поставуваат под агол од 90 степени еден над друг.Растојанието помеѓу нив се определува по формула,со точно дефинирани по должина водови  и * балуни*  :D направени од коаксијален кабел за прилагодување на импендансата. Се поставуваат во пар (или четири!!) токму поради проблемот за кој дискутираме - зрачењето во сите правци!!!!!
Впрочем и Ивица напиша:
Таа само ја концентрира израчената енергија во една насока. (Се слагам)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #16 on 11.09.2010, Saturday, 23:39:26 (Edited 11.09.2010, Saturday, 23:46:49) »
темата ја поделив бидејки се отиде во оф топик а дискусијата стана интересна

темата ке биде преместена во антени
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Имаш точна формула за пресметување! Има и еден коефициент во зависност од кабелот кој се множи со ламбда половина. И еве табела со податоци за појачување на диполот во дб.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #18 on 11.09.2010, Saturday, 23:53:50 (Edited 11.09.2010, Saturday, 23:55:59) »
Темата е преместена во под-форум антени и е поставена како важна.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
batka сликата која си ја прикачил е за 5/8 дипол антена позади која има некаков  рефлектор кој е поврзан на маса, или пак диполот е поставен во хоризонтална положба на одредена висина над земјата, поради ова зрачењето зад диполот се “одбива“од рефлекторот или земјата и тоа се насочува нанапред.

Вакви диполи се користат најчесто во AM и SW подрачјата, а не за VHF.

Јаги антените се насочени баш за тоа бидејќи зад (и пред) диполот кој го содржат има разни пасивни елементи кои го рефлектираат и насочуваат сигналот.

“Чистиот“ вертикален 1/2 ламбда дипол зрачи подеднакво во сите насоки во хоризонтален правец. Обликот на зрачењето е во вид на торус:
   


ако не веруваш еве линк:

http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antenna

Поздрав.

Ивице, диполот чија карактеристика ја покажуваш работи како  КТ антена.УКТ антената  дипол не е изработена од жица,ниту е растегната меѓу две точки и НЕ ЗРАЧИ ТАКА!!! Погледај некоја постручна литература од Википедија(која не ја сметам за релевантна,бидејки секој може се да пиува и има доста промашувања во техничките термини!!) .Има една книга *АНТЕНИ* ,од РОТХАМЕЛ ми се чини беше.Ја имаат некои радио-аматери во МК. Побарај ја..

Споено мислење: 11.09.2010, Saturday, 22:38:54
Ми се чини дека ДАСТО нема продажен салон :D :D :D,ако се интересираш оди во фабрика директно!
Божо Метзгер вреди да се прочита ,а секој кој ти кажувал дека -* нема врска* сигурно е со вечерна школа од некоја дисперзирана паралелка. :D ;) Впрочем ,кај нас не постои релевантна литература базирана на стручна ,аргументирана и во пракса проверена  теорија! Кај нас обично се се препишува од некаде...

Тоа Ивица што го постави е баш точното. Диполот нема апсолутно никакво зрачење само од себе. Со балун се донесува да зрачи рамномерно (ради небалансирана импеданса) но нема никакво појачување и најчесто се зема како почетна точка при мерење на антенско засилување.

Диполот (КТ/УКТ/итн...) е исти. Дипол си е дипол.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #20 on 12.09.2010, Sunday, 03:09:39 (Edited 12.09.2010, Sunday, 03:22:34) »
batka сликата која си ја прикачил е за 5/8 дипол антена позади која има некаков  рефлектор кој е поврзан на маса, или пак диполот е поставен во хоризонтална положба на одредена висина над земјата, поради ова зрачењето зад диполот се “одбива“од рефлекторот или земјата и тоа се насочува нанапред.

Вакви диполи се користат најчесто во AM и SW подрачјата, а не за VHF.

Јаги антените се насочени баш за тоа бидејќи зад (и пред) диполот кој го содржат има разни пасивни елементи кои го рефлектираат и насочуваат сигналот.

“Чистиот“ вертикален 1/2 ламбда дипол зрачи подеднакво во сите насоки во хоризонтален правец. Обликот на зрачењето е во вид на торус:
   


ако не веруваш еве линк:

http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antenna

Поздрав.

Ивице, диполот чија карактеристика ја покажуваш работи како  КТ антена.УКТ антената  дипол не е изработена од жица,ниту е растегната меѓу две точки и НЕ ЗРАЧИ ТАКА!!! Погледај некоја постручна литература од Википедија(која не ја сметам за релевантна,бидејки секој може се да пиува и има доста промашувања во техничките термини!!) .Има една книга *АНТЕНИ* ,од РОТХАМЕЛ ми се чини беше.Ја имаат некои радио-аматери во МК. Побарај ја..

Споено мислење: [time]11 Септември 2010, 22:38:54[/time]
Ми се чини дека ДАСТО нема продажен салон :D :D :D,ако се интересираш оди во фабрика директно!
Божо Метзгер вреди да се прочита ,а секој кој ти кажувал дека -* нема врска* сигурно е со вечерна школа од некоја дисперзирана паралелка. :D ;) Впрочем ,кај нас не постои релевантна литература базирана на стручна ,аргументирана и во пракса проверена  теорија! Кај нас обично се се препишува од некаде...

Тоа Ивица што го постави е баш точното. Диполот нема апсолутно никакво зрачење само од себе. Со балун се донесува да зрачи рамномерно (ради небалансирана импеданса) но нема никакво појачување и најчесто се зема како почетна точка при мерење на антенско засилување.

Диполот (КТ/УКТ/итн...) е исти. Дипол си е дипол.
Очигледно не си во тек со темата и не си прочитал се.Малку и се измешаа постовите,ама главната поента не е балунот ами зрачењето на диполот.Прво балунот не е за диполот да зрачи равномерно?! Диполот ке зрачи и без балун,но сигурно нема целата сила да ја претвара во корисна,поради загубите.Диполот за КТ- УКТ не се однесува исто.Кај УКТ антените проблемот со зрачењето и поинаков отколку кај КТ.КТ се понашаат поинаку од УКТ брановите.
Кај УКТ диполите се употребуваат други параметри пр.5/8 ламбда.Дали си видел КТ антена (дипол) со должина 5/8 ???? Погледај ја и табелата за појачување на диполот.И уште нешто = на сликата на 5/8 вертикален дипол никаде нема рефлектор за кој Ивица говори.Рефлектор има кај HB9CV кој е една форма на дипол антена СО РЕФЛЕКТОР,па поради тоа е класифицирана како високо усмерена антена која се употребува при лов на лисици.Дали си ловел лисици??? Сите нивни антени се слични на диполот или се негова надиградба, а работат на принцип на одредување правец(насока) на сигналот.

Споено мислење: 12.09.2010, Sunday, 03:22:34
*Диполот е насочена антена во смисла дека зрачи најмногу во правец кој е нормален ( под 90 степени) во однос на диполот. На пример ако диполот е вертикален, најмногу ќе зрачи во хоризонатлна ( паралелна со земјата) насока, а најмалку во вертикална ( нагоре и надолу).*
Тоа го вели Ивица! Јас велам-ако зрачи вертикалниот дипол најмногу во хоризонтала напред во правец кој е нормален во однос на диполот како го објаснувате торусниот облик на зрачењето?
Значи и тој се сложува дека зрачи најмногу во еден правец. Смислата е во тоа,што иако теоретски, диполот е класично поширок од пр.ЈАГИ ,сепак УКТ брановите се праволиниски и нивното простирање многу зависи од положбата на антената.Овде не споменав никаде дека диполот не зрачи бочно или према назад,туку дека правецот према НАПРЕД има смисла да речеме дека ДИПОЛОТ сепак ГИ УСМЕРУВА БРАНОВИТЕ. А дека има појачување ,погледајте ги сликите и табелите, Иако тоа не се големи цифри,како кај HB9CV (5db), сепак во реалноста се земаат во предвид.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Quote
Јас велам-ако зрачи вертикалниот дипол најмногу во хоризонтала напред во правец кој е нормален во однос на диполот како го објаснувате торусниот облик на зрачењето?

Вертикалниот дипол е оската на торусот ( т.е. диполот е оската околу која е “нацртан“ торусот).

Зрачењето е во хоризонтална насока, меѓутоа тоа е прилично широко (скоро со полукружна форма)
и затоа опишува торус околу диполот, за зрачењето да биде “потесно“ потребни се додатни елементи, ама тогаш антената нема веќе да е дипол.

Диполот 1/2 ламбда има појачување од 2,15 dBI (decibels over isotropic) во однос на антена која зрачи во сите правци подеднакво, ама пак нема засилување во класична смисла, оти енергијата што не се зрачи во вертикален правец, се концентрира и зрачи во хоризонтала, поради ова има засилување од 2.15 dBI, но само во хоризонтален правец.

Секако ова го зголемува дометот на предавателот, но пак само во приближно хоризонтален правец, јас нигде не напишав поинаку.

Поздрав.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
@batka

5/8 дипол ? Чек.... знаеш што е дипол нели ?? Ламбда половина, тоа 5/8 се користи за GP вертикални антени со радијали на дното. Не е никаков дипол тоа.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
збориме за отворен дипол така?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #24 on 12.09.2010, Sunday, 14:45:26 (Edited 12.09.2010, Sunday, 14:58:12) »
Урахара,погледај ги сликите - 5/8 антена исто се вика дипол.Дипол е и ламбда половина,ама тоа не е важно.Овде се фанавме за простирање на УКТ брановите.Поентата на постот беше предавател од 2 тр.кој има вертикален дипол 5/8 (како на сликата) и резултатите на зрачењето(приемот) во однос на поставеноста на антената.Јас велев дека најдобар сигнал имам кога ова антена ке ја усмерам кон приемникот.Ништо повеке!!!

Споено мислење: 12.09.2010, Sunday, 14:58:12
Цитирам:


5/8 дипол ? Чек.... знаеш што е дипол нели ?? Ламбда половина, тоа 5/8 се користи за GP вертикални антени со радијали на дното. Не е никаков дипол тоа.

Види ја сликава ,мислам дека постои вертикален дипол со 2Х 5/8 ламбда кој зрачи на УКТ и овој дијаграм е негов,без рефлектор.Слично нешто како постот на Борче БТ.

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165

5/8 дипол ? Чек.... знаеш што е дипол нели ?? Ламбда половина, тоа 5/8 се користи за GP вертикални антени со радијали на дното. Не е никаков дипол тоа.

кога се зборува за ДИПОЛ се мисли на две прачки (жици) изолирани една од друга во средината, а на чии средишни краеви се прикачува антенскиот вод од кои на едната живата а на другата земјата. дипол = две прачки (шипки)
кога се зборува за ДИПОЛ претежно се мисли на полубранов дипол λ/2 каде погоренаведените прачки се λ/4 секоја. ова не значи дека дипол неможе да биде и пократок и подолг од λ/2 (половина бранова должина).
дипол зрачи под прав агол на елементите а кон краевите не зрачи. полубранов дипол има појачување од 2.15 dBi што всушност кажува и дека има некаква насоченост. изотропен емитер (антена) зрачи во сите насоки а полубрановиот дипол има 2.15dB (повеќе снага) во насоката на емитување. колку повеќе dBi толку поголема снага во одредена насока. насоката на зрачење на антените е дадена во дијаграми.
сите антени имаат повеќе или помалку некаква насоченост, единствено изотропниот емитер зрачи во сите насоки (ненасочен) меѓутоа постои само на хартија и во мислите ;D

Offline GogoStip

  • Нов член
  • *
  • Posts: 19
Малку касно се вклучувам инаку, балунот на дипол антените најчесто се прави за нивно рамномерно значење бидејки диполот најголем дел од својата енергија ја зрачи на жешкиот дел, т.е половината која е врзана за центаралниот проводник во коаксијалниот кабел, а вертикалните антени кои вие ги викате вертикални диполи теоретски имаат зрачење во вид на торус, подобра варијанта е вертикална антена со што е можно поголем број на радијали. Инаку двојниот дипол се нарекува фазиран дипол и тоа може да се прави со сите антени, дури и со вертикални антени од кои едната антена ке биде рефлектор а другата зрачен елемент. Yagi антената во пракса не е потребно да бидат одделени сите елементи туку само драјверот т.е диполот. Интересна тема кој за жал сте ја затвориле на некој начин. Сето ова што го кажав се базира на искуство значи работа со антени од 1.8 до 144мхз од антени големи по 80м до 50цм антени поздрав

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Колку се сеќавам поентата беше дали двостран 5/8 вод поставен вертикално би се нарекол дипол.Значи ( прочитајте во Ротхамел) не е важно дали половината од диполот е ламбда половина ,четвртина или 5/8 ламбда,ако двете половини на диполот се идентични по должина - тоа е пак дипол.Прилагодувањето,балуните се друга тема и проблем за решавање. Впрочем и сликите што ги поставив се означени како дипол,иако не се 1/2 ламбда.