Author Topic: Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување  (Read 17261 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Најдобар засилувач е АНТЕНАТА !!!!!Дечкиве имаа добар дипол .

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Збориме за дипол не-насочена антена која нема никакво засилување... ама и да речеме антената да засилува, џабе ке ти е ако имаш сигнал само од осцилатор :) па ке имаш релативно мал домет
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #2 on 09.09.2010, Thursday, 22:07:37 (Edited 09.09.2010, Thursday, 22:09:54) »
Да,ама ако ја подесиш добро и антената ја израчи барем 80 % од силата,тогаш дометот,во зависност од пропагациите може да биде кај УКТ предавателите зачудувачки! ::)Диполот е насочена антена,дефинитивно.Впрочем ,не очекувај од два транзистори донет од десетици километри.Ова е Македонија,имаме многу планини и ридови,

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #3 on 09.09.2010, Thursday, 22:10:16 (Edited 09.09.2010, Thursday, 22:13:01) »
Диполот е насочена антена,дефинитивно.
Ај баш ме интересира што ке кажат другите ?



Најдобар засилувач е АНТЕНАТА !!!!!Дечкиве имаа добар дипол .
не очекувај од два транзистори донет од десетици километри.
Сепак најдобро појачало е транзисторот а АНТЕНАТА НЕ ГО ЗАСИЛУВА СИГНАЛОТ дефинитивно.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
Диполот е насочена антена во смисла дека зрачи најмногу во правец кој е нормален ( под 90 степени) во однос на диполот. На пример ако диполот е вертикален, најмногу ќе зрачи во хоризонатлна ( паралелна со земјата) насока, а најмалку во вертикална ( нагоре и надолу).

Но ова зрачење во хоризонтален правец е подеднакво во сите насоки па во таа смисла диполот не е насочена антена.


Јаги антената може да има значајно појачување на сигналот но само во една насока, додека во другите насоки има многу помало зрачење, оти таа е пасивен елемент и неможе да има засилување во вистинска смисла на зборот.

Таа само ја концентрира израчената енергија во една насока.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Но ова зрачење во хоризонтален правец е подеднакво во сите насоки па во таа смисла диполот не е насочена антена.
Oдлично кажа, на тоа мислев
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #6 on 10.09.2010, Friday, 14:44:07 (Edited 10.09.2010, Friday, 14:46:23) »
Нема да навлегувам многу во теорија,ама ке ви испратам слика на верикален дипол со карактеристика на зрачењето.Позади диполот нема (или имам многу малку) зрачење, а целата сила се  израчува  по дадениот облик - значи  нанапред. Дека е така сум се уверил практично многу пати,а и добиените резултати со овој предавател го докажуваат тоа:ако го свртите диполот под агол од 90 степени дометот се намалува за 50 и повеќе %.И за транзисторот како појачувач се слагам дека е така,ама кај предавателите со еден или два транзистора ,сепак,најдобар појачувач е добро прилагодената антена.

Споено мислење: 10.09.2010, Friday, 14:46:23
Размислете и Јаги антената има дипол!

Offline ivica.s

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 369
  • Gender: Male
  • RF Guru
    • Регистрирај се и заработи на envato.com
batka сликата која си ја прикачил е за 5/8 дипол антена позади која има некаков  рефлектор кој е поврзан на маса, или пак диполот е поставен во хоризонтална положба на одредена висина над земјата, поради ова зрачењето зад диполот се “одбива“од рефлекторот или земјата и тоа се насочува нанапред.

Вакви диполи се користат најчесто во AM и SW подрачјата, а не за VHF.

Јаги антените се насочени баш за тоа бидејќи зад (и пред) диполот кој го содржат има разни пасивни елементи кои го рефлектираат и насочуваат сигналот.

“Чистиот“ вертикален 1/2 ламбда дипол зрачи подеднакво во сите насоки во хоризонтален правец. Обликот на зрачењето е во вид на торус:
   


ако не веруваш еве линк:

http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antenna

Поздрав.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ивица, имаш репутација за постот
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Го имате ДАСТО во Ск.погледајте ги неговите диполи и прашајте го кој е односот напред назад.Овој вертикален дипол се користи во УКТ мрежата на повеке професионални институции.Погледајте по крововите во Ск и ке видите.Овој вертикален дипол нема никаков дитектор ,ниту рефлектор,ама сепак реков дека го усмерува сигналот према напред! Не реков дека не зрачи бочно,ами дека зрачењето е доста помало од сигналот кој се зрачи нанапред! Дх-ер симни ја книгата од Божо Метзгер * Прирачник за радио-аматери и техничари * и прочитај малку теорија.Освен тоа од пракса,пример * РАДИО ГОЛДИ* во Велес на 103,0 Мхз зрачи со ваков дипол и најголемиот проблем ми е кога треба да го подобрам сигналот према назад односно кон правецот Центар- црква СВ Спас.Кон Нова Населба е усмерен диполот и се слуша ОК,а према назад на само 500 м. сигналот опаѓа 3 единици на мерачот.Тоа значи дека ако зрачи напред со 70% од силата 20% бочно,само 10% одат позади диполот.Тоа сакав да Ви го објаснам!!!! Значи, израчувањето на целата сила не е напред,ама реално гледано од бочните
и задните сигнали имам малку корист :D Впрочем.антената од типот HB9CV е дипол со рефлектирачки елемент!Прочитајте во прилогот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #10 on 11.09.2010, Saturday, 22:31:45 (Edited 11.09.2010, Saturday, 22:40:50) »
Каде имаат продажен салон ДАСТО во Скопје ?

Иначе теоријата и праксата не идат секогаш заедно а за Божо Метзгер ми има кажувано еден, ама не се секавам кој ама нешто многу го "испофали" да се сетам што ми кажа па ке пишам
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Насочени, ненасочени антени и насоки на емитување
« Reply #11 on 11.09.2010, Saturday, 22:32:53 (Edited 11.09.2010, Saturday, 22:38:54) »
batka сликата која си ја прикачил е за 5/8 дипол антена позади која има некаков  рефлектор кој е поврзан на маса, или пак диполот е поставен во хоризонтална положба на одредена висина над земјата, поради ова зрачењето зад диполот се “одбива“од рефлекторот или земјата и тоа се насочува нанапред.

Вакви диполи се користат најчесто во AM и SW подрачјата, а не за VHF.

Јаги антените се насочени баш за тоа бидејќи зад (и пред) диполот кој го содржат има разни пасивни елементи кои го рефлектираат и насочуваат сигналот.

“Чистиот“ вертикален 1/2 ламбда дипол зрачи подеднакво во сите насоки во хоризонтален правец. Обликот на зрачењето е во вид на торус:
   


ако не веруваш еве линк:

http://en.wikipedia.org/wiki/Dipole_antenna

Поздрав.

Ивице, диполот чија карактеристика ја покажуваш работи како  КТ антена.УКТ антената  дипол не е изработена од жица,ниту е растегната меѓу две точки и НЕ ЗРАЧИ ТАКА!!! Погледај некоја постручна литература од Википедија(која не ја сметам за релевантна,бидејки секој може се да пиува и има доста промашувања во техничките термини!!) .Има една книга *АНТЕНИ* ,од РОТХАМЕЛ ми се чини беше.Ја имаат некои радио-аматери во МК. Побарај ја..

Споено мислење: 11.09.2010, Saturday, 22:38:54
Ми се чини дека ДАСТО нема продажен салон :D :D :D,ако се интересираш оди во фабрика директно!
Божо Метзгер вреди да се прочита ,а секој кој ти кажувал дека -* нема врска* сигурно е со вечерна школа од некоја дисперзирана паралелка. :D ;) Впрочем ,кај нас не постои релевантна литература базирана на стручна ,аргументирана и во пракса проверена  теорија! Кај нас обично се се препишува од некаде...

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Добро :) а барем ја има ли книгата на македонски јазик или само на српски ?
малце оф топик, не ми е јасно зошто мислиш дека дисперзираните студии се такви ? јас како што знам тоа е исто класични студии само што доваѓаат професори од други градови.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
На ХРВАТСКИ е ! :D За студиите не е место да зборуваме тука,ама секојдневно ми доаѓаат дечки со завршена информатика,а не разликуваат хард диск од  флопи :D(вистина е!!!) Јас  се уште верувам само во Техничките факултети (Електро,Машински...) кои се на Универзитетот КиМ во Скопје.Мислам дека даваат најдобра наобразба :) Тоа е мое лично мислење и може да не се сложува секој со тоа.Впрочем,за вкусовите не треба да се дискутира....

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
На ХРВАТСКИ е ! :D За студиите не е место да зборуваме тука,ама секојдневно ми доаѓаат дечки со завршена информатика,а не разликуваат хард диск од  флопи :D(вистина е!!!) Јас  се уште верувам само во Техничките факултети (Електро,Машински...) кои се на Универзитетот КиМ во Скопје.Мислам дека даваат најдобра наобразба :) Тоа е мое лично мислење и може да не се сложува секој со тоа.Впрочем,за вкусовите не треба да се дискутира....
нажалост исто е :( позната работа ми е тоа, дипломирани да не знаат да поврзат рутер :( оти се е бубање, бубање и само бубање теории и форумли
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.