Author Topic: ФМ предавател од 0,5 вати со стабилна фреквен  (Read 2902 times)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
ФМ предавател од 0,5 вати со стабилна фреквен
« Opened on 05.09.2010, Sunday, 18:41:53 (Edited 05.09.2010, Sunday, 21:35:48) »
Немаше да ја ставам шемава ,ама ме замолија еден Бојан и Сашко ,кои имаат по 12 години и успешно го направија ,со мала помош, ова предавателче.Го снимиле со мобилен,ама нешто батеријата откажала и сликата ја нема ,па се извинуваат. Дометот (за Дх-ер) со дипол е некој 1-1,5 км ,во зависност во кој правец се врти антената.Сите податоци за калемите ги имате на шемата,а само да напомнам дека е пожелно да се постави преграда помегју двата транзистора.
Моја замерка: влезниот напон 12в е стабилизиран со 78Л12 и мали електролити од само 47мФ и има мал брум.
Им пожелувам на Бојан и Сашо да направат подобар уред и - да научат подобро да лемат!


Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Друже + репутација за постов и за информацијата околу дометот. Шемава е добра а и излезнот транзистор 2N2219 важи за добар транзистор. Па кажи им на Бојан и Сашо  нека дојдат на форумов бидејки секогаш се добредојдени сите електроничари и ентузијасти. Па ако се во можност нека сликнат со друг моб. или ако имаат диг. камера уште подобро па да го видиме како изгледа.
Иначе ме интересира следново, ако имаш информација со каков приемник е слушан предавателот на таа далечина при оптичка висливост? Дали е мобилен телефон или радио од пазар или радио од по скапите како Sony. Ако е со мобилен и ако знаеш која марка е пиши и за тоа бидејки имам приметено телефониве имаат различно квалитетни ФМ радиа.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Предавателот беше поставен на куќа над велешката болница и беше *уловен* со авто-радио приемник пред Железничката станица во Велес .Дотука дометот реално,со оптичка видливост е околу 1,5 км со директна оптичка видливост.Кога ја завртеа антената кон Нова населба дометот падна реално до 1 км( можеби и помалку!),со тоа што и квалитетот на приемот опадна бар за една цртица.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ке мора малку да те разочарам, од автобуската до болницата има скоро 1км (помалце од 1,5km)

Во левото кругче е болницата а во десното е автобуската, е сега ти рече над болницата па од прилика мерев на место непосредно над болницата.

Ама за тој предавател тој домет е голем успех за тоа што јас со сличен предавател (осцилатор BC457 и 2N2219 како засилувач) добив максимум 700m домет. Претпоставувам дека во вашиот случај целата "магија" била во фетот BF245 кој дава по голема побуда.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: ФМ предавател од 0,5 вати со стабилна фреl
« Reply #4 on 09.09.2010, Thursday, 17:48:31 (Edited 09.09.2010, Thursday, 17:55:40) »
 :D :D :D Се работи за Железничка,а не автобуска станица ;) ;) ;)

Споено мислење: [time]09 Септември 2010, 17:54:23[/time]
Е,не го знам точно улицата и бројот ,ке прашам,а можам со ГПРС и точно координатите да ти ги дадам.
Иначе,делот над болницата се вика *Француски гробишта* и се наоѓа под ридот Вршник,а ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА е во месноста Шорка.Далечината е некаде меѓу1,2 и 1,5 км  :D :D :D :D
Не знам Дх зошто си толку опседнат со овие мерки,мене не ми се воопшто битни.Во секој случај пофалби за дечките и сега веке размислуваат за некоја појака варијанта  :D :D

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Не знам Дх зошто си толку опседнат со овие мерки,мене не ми се воопшто битни.Во секој случај пофалби за дечките и сега веке размислуваат за некоја појака варијанта  :D :D
не сум опседнат, но засилувачите се во служба на дометот а дометот е главната работа на секој предавател.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Urahara

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 194
Ок дечки, мое мислење.

Секој предавател кој е за висока фрекфенција а меѓутоа нема множачи/миксери на фрекфенција т.е. не е од heterodyne типот и без филтри, неможе да се кажи дека има стабилна фрекфенција. Ќе нема воопшто стабилност и со загревање на елементите, надворешно влијание (само со одење низ собата) може да се смени фрекфенцијата.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Теоретски е така,ама се работи за само два транзистора и експерименталем модел,за кој Дх-ер се заинтересира само за домет,а не и за стабилноста,која впрочем не е кој знае колкава ама сепак фетот дава некоја сигурност дека ке биде посолидна ,отколку со планарни транзистори.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Теоретски е така,ама се работи за само два транзистора и експерименталем модел,за кој Дх-ер се заинтересира само за домет,а не и за стабилноста,која впрочем не е кој знае колкава ама сепак фетот дава некоја сигурност дека ке биде посолидна ,отколку со планарни транзистори.
каде сум рекол дека не сум заинтересиран за стабилноста? тој проблем ми е решен и има тема во вип делот за стабилноста.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Добро,де не се лути веднаш  ;) :D. Мило ми е кога некој се интересира толку за овие работи,како ти. Имаш плус од мене!