јас планирам да правам нешто вака, ама ќе биде со оние малите компресори што се продаваат за 400-500 денари, се користат за пумпање на гуми на автомобил, а се приклучуваат во електричната запалка за цигари што е вградена во колата
предности на ова моето би биле, прилично мали димензии, лесно (пошто компресорите од фрижидери се прилично тешки) регулација на проток на воздух (има вграден мерач на воздух, ама тој не ми врши работа, ќе треба нешто да се прави со микроконтролер) регулација и приказ на температура, ова ќе го изведам со тоа што ќе купам рачка за замена за веќе готова станица на топол воздух (600-700 денари е рачката со се греач и термопар)
затоа прашував да не знае некој случајно карактеристики на термопаровите што ги има во рачките, нигде не можам да најдам
па кога ќе ги соберам сите потребни информации и делови сакам да составам нешто просто
---------------------
ЕДИТ
заборавив да кажам дека, ако не сака да работи со тј компресорот, односно има мал проток на воздух, има за мали пари од оние феновите на жежок воздух, ќе растурам еден таков и ќе го поставам наместо компресорот