Да ти кажам право,немам точен увид која шема од каде е симната,така да тоа нека не представува некој проблем.Сите шеми (освен оние кои ги назначувам !) се испробани од мене лично или од колега,пријател или познаник.Така што ,се што ставам тука е пуштено во работа и се покажало како успешно.
Тоа е во ред, но за сајтот од каде се овие шеми нема потреба да се сомневаш дали работат бидејќи човекот кој ги дизајнира има 35 годишно искуство во изработка, и секој проект го има прво истестирано убаво па потоа објавено. Го следам човекот веќе 6 години од тој сајт.
Инаку неговите засилувачи се искористени од повеќе луѓе, еден таков човек е:
http://www.electro-dan.co.uk
кој има изработено сараунд засилувач од засилувачи на род елиот - дружето од sound.au.com.
Инаку јас за мојот сараунд засилувач ќе ги искористам Hafler Matrix Decoder од род елиот и склоповите за активните скретници, додека од електро дан ќе ја искористам контролата за глас со мала модификација на влезот и излезот со поквалитетни операциски од неговите, а главната контрола со инфраред и компјутерски влез заедно со селлекторите за влез излез и пуш копчињата и ротари енкодерот ќе бидат мој дизајн.