Аналогна електроника > Видео техника

Враќање на аналогна телевизија

<< < (2/7) > >>

MarkoMK:

--- Quote from: dr-mr on 08.02.2022, Tuesday, 23:28:59 ---Враќање на аналогната телевизија, со која цел, што ке се постигне/добие со тоа?
Без разлика дали неком тоа му се допаѓа или не, дасли некого ќе го гледаат како 'анти-HD-аш', дали некому му чини или не му чини. Економијата си го прави своето.
Зошто некој би трошел пари за работење и одржување на стара и лоша технологија, особено кога има технологија која е многу подобра нуди многу повеќе можности и е профитабилна.
Барањето за враќање на аналогната телевизија е како барање  да се врати опшеството пред користење на асвалтирани/бетонирани улици.

--- End quote ---
Не ја разбра поентата..

Прашањето беше дали е можно 1 (еден) канал да се пушти аналогно, дали ќе биде голем трошок за државата..

Како што уште постои АМ радио, како што уште постојат печатени весници покрај сите поратли и онлајн вести.. (дури и ги субвенционира државата од одредени причини)

тоа ми беше поетната,
никој нормален не бара цел систем на радиодифузија да се врати на аналоген, фала богу

GigaWatt:

--- Quote from: MarkoMK on 09.02.2022, Wednesday, 09:59:49 ---Прашањето беше дали е можно 1 (еден) канал да се пушти аналогно, дали ќе биде голем трошок за државата..
--- End quote ---

Не е толку прашање до трошокот... ајде, еве, може да биде и мал... прашање е дали има желба некој тоа да го реализира, бидејќи сметај, ќе треба да бидат најмени и луѓе/фирми за одржување и на тој систем, плус ова, плус она... првичниот трошок може и да не е голем, ама на долг рок... кој знае...

И за колку луѓе ќе биде тоа? За 10-тина луѓе низ цела држава? Сите скоро веќе имаа, ако не повеќе, барем box дома, така да... нема никој да ти се врати назад само за МТВ1 да ти ја гледа аналогно.


--- Quote from: MarkoMK on 09.02.2022, Wednesday, 09:59:49 ---Како што уште постои АМ радио, како што уште постојат печатени весници покрај сите поратли и онлајн вести.. (дури и ги субвенционира државата од одредени причини)
--- End quote ---

За AM-от, има план да се гаси за некое време. Како што пиша DX-er, масовно се рушат AM антени. За некое време, ќе згасне и АМ, ќе има по некоја вест там-тук за тоа и толку. FM најверојатно ќе остане уште долго долго време, барем кај нас. Fail safe е, затоа и ја оставаат, а не чини многу да се одржува тој систем, бидејќи не е ни оддалеку толку комплексен за одржување како телевизискиот, плус, не троши ни оддалеку толку многу струја како аналогниот телевизиски сигнал. Со 500W FM предавател, го покриваш цело Скопје, а и пошироко. Чисто за споредба, повеќето FM радио станици имаат 100 до 200W предаватели. Толку тоши еден класичен компјутер, office машина.

Помири се, нема враќање назад на аналогната телевизија, ниту делумно. Најлесно решение, ти пишав. Земи си еден box со A/V излез и вметни го сигналот како композитен видео сигнал во телевизорот. Практично, направи го телевизорот да има A/V, тоа треба да направиш. Тоа не е прекомплицирано ;).

dr-mr:

--- Quote from: MarkoMK on 09.02.2022, Wednesday, 09:59:49 ---Не ја разбра поентата..

Прашањето беше дали е можно 1 (еден) канал да се пушти аналогно, дали ќе биде голем трошок за државата..

Како што уште постои АМ радио, како што уште постојат печатени весници покрај сите поратли и онлајн вести.. (дури и ги субвенционира државата од одредени причини)

тоа ми беше поетната,
никој нормален не бара цел систем на радиодифузија да се врати на аналоген, фала богу

--- End quote ---

Дали за 1 или за 10 канали приказната е иста, се трошат пари а не се заработува ништо, ниту се нуди нешто различно.

За нешто да се направи треба да има некоја причина, некаква корист и финансиски придобивки. Пуштање на 1 или 10 канал/и со аналогна телевизија не нуди никаква корист,  дури и тие што сакаат и имаат ТВ на кој можат да гледат аналогна програма ке престанат да гледаат кога ќе се расипат старите Телевизори( најмногу  за неколку месеци).
Сето тоа што го нудеше аналогната ТВ сега го нуди дигиталата ТВ со многу повеќе придобивки и подобар квалитет на сликата.
Зошто би се трошеле/фрлале пари за инфраструктура/опрема, за луге за работење и одржување на таа опрема? со која цел?

Иако имаш аналогни и црнобели ТВ би гледал ти сега некој нов филм на тие тв??

АМ радио станиците умираат одамна, која како се расипе најчесто престанува со работа, не се поправа, како и кај телевизијата одржувањето и работењето на тие станици е економски неисплатливо.

Печатените медиуми, весници/списанија се сосема друг/различен медиум од интернет/дигиталните портали
Весниците/списанијата сеуште имаат економска корист, луѓето сеуште ги купуваат. Кога ќе ја снема таа корист ке престанат да се печатат списанија/весници.
 Еден пример е  ЕМИТЕР луѓето престанаа да го купуваат ЕМИТЕР престана да се печати.

bicikle:
Него, 5г антениве кога ќе ги рушиме ?   ;D ;D ;D

--- Quote ---Враќање на аналогната телевизија, со која цел, што ке се постигне/добие со тоа?
--- End quote ---
Што постигаш на пример со одењето в кафана? ем пивото го паќаш х2 или повеќе, ем глата ќе те болит, ем женати ќе те рибичит ко ќе се вратиш ;D ;D ;D ама пак одиш.

Не ги прајме сите работи за да постигниме нешто, некојпат прајме од ќеф. Еве на пример да запалиш огон vs клима, одма амбиентот е подруг.

MarkoMK:

--- Quote from: bicikle on 10.02.2022, Thursday, 01:18:52 ---Него, 5г антениве кога ќе ги рушиме ?   ;D ;D ;D

--- Quote ---Враќање на аналогната телевизија, со која цел, што ке се постигне/добие со тоа?
--- End quote ---
Што постигаш на пример со одењето в кафана? ем пивото го паќаш х2 или повеќе, ем глата ќе те болит, ем женати ќе те рибичит ко ќе се вратиш ;D ;D ;D ама пак одиш.

Не ги прајме сите работи за да постигниме нешто, некојпат прајме од ќеф. Еве на пример да запалиш огон vs клима, одма амбиентот е подруг.

--- End quote ---

тоа ми беше поентата на муабетот. Од економски и технички аспект јасно е, но некогаш не е тоа најбитно..
добар пример даде бицикле..  :) :)
или на пример зошто се прават споменици, фонтани.. исто и тука се трошат пари а не се заработува ништо.. ? (овде немојте политички да ме сфатите...)

јас во мојот случај секако ќе најдам начин да ги активирам старите ТВ, не е проблем, него чисто мислев како идеа за дискусија

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version