Аналогна електроника > Видео техника

Враќање на аналогна телевизија

(1/7) > >>

MarkoMK:
Дечки, абе кај да поркенеме иницијатива да ни вратат некој аналоген канал :) ???

Имам неколку стари телевизори црно бели.. Добро би било барем еден канал да оставеа, како што оставија на АМ радио.

Некогаш да може да ги пуштиме чисто од носталгија.

Нека биде МТВ 1 само.. не мора други канали.

GigaWatt:

--- Quote from: MarkoMK on 08.02.2022, Tuesday, 16:14:06 ---Дечки, абе кај да поркенеме иницијатива да ни вратат некој аналоген канал :) ???
--- End quote ---

Нема теорија ;D. Знаеш ли колку тони таква стара опрема е веќе отидена во отпад или расипана ;D.

Не, нема шанси, те уверувам ;D. Плус, ќе те ругаат, „глеј го овој анти-HD-аш“ ;D ;D ;D.


--- Quote from: MarkoMK on 08.02.2022, Tuesday, 16:14:06 ---Имам неколку стари телевизори црно бели.. Добро би било барем еден канал да оставеа, како што оставија на АМ радио.
--- End quote ---

Продади ги, на eBay добра цена стигаат :). Зависи што модели се, ама на аукции, може да стигнат цена и од неколку илјади евра :). Се разбира, зависи и во која состојба се (изгребано дрво, прокиснато од вода, итн.)... оштетени, нема шанси да ги продадеш ни на eBay.

Радиото е задржано како fail safe. Американцине се префрлија на дигитално радио и после видоа колку се зезнаа, ама ј*бига, нема враќање назад :P :D. Плус, многу помал опсег одезема од видео сигналот. Земи го цел FM и AM опсег, повеќе од 30-тина MHZ не е :).

Ако толку имаш носталгија да гледаш црно-бело на нив, земи си еден рисивер со A/V излез и врзи го за телевизорот :). Можеш да направиш склоп со кој ќе се префрлуваш меѓу composite video и tuner :).

DX-er:
Марко, на иста линија сме. Ова прашање и јас си го поставувам одвеме навреме. Како што кажа Гига, тоа е тоа. Опремара е демонтирана и уништена. Како што ме држи сеќавањето од пред 10 години, се мислам дека имав слушнато дека прва програма од државната телевизија ке продолжи да работи и аналогно, макар од помалце пунктови (главните и во руралните средини). После гасењето на аналогниот сигнал еден мој пријател кој е радио ентузијаст, ми рече дека во план било да го остават да работи предавателот на 4-ти канал (околу 65MHz) лоциран на Пелистер ама како што гледаш и тој е исклучен. Иначе своевремено предавателот на Пелистер ја покривал јужна Грција а низ Солун сеуште може да се сретнат антени за VHF1 band (4-ти канал) свртени накај Пелистер. Ова се претежно на стари куќи од времето. Иначе како што кажа Гига, одма ке те гледаат со потсмев бидејки луѓето мислат дека чини само она ним што им чини, другото не. Без емпатија, без разбирање за другите и сл. За мене тие се за на психоанализа ама да не должам. Сега остснува да се радуваме на онаа технологија која ни остсна сеуште активна а е во најава дека ке ја исклучат како што веке низ Европа во некои држави почнаа да гасат ФМ а АМ веке изгасија. Кај нас старите АМ антени од тогашните општински радио станици се срушени а лани во летото ги урнале и АМ антените кај Маџари и ова го открив случајно бидејки се гледаа од автопатот Скопје-Велес кај што се дели за Куманово и Велес, одиш за Велес и одма од десна страна беа 4 антени. За ова медиумите не известија иако тие антени се државни (со пари од нас народот правени).

MarkoMK:
Па тоа мислев чисто, каква е состојбата, дали е сложено сето тоа да се направи..
Затоа што, се сеќавам кога се правеше switchover на дигитална, муабетот беше дека голем дел од постојната аналогна опрема ќе се користи, пошто се менува само модулацијата.. што значи скапите работи како излезни засилувачи, антени, напојување и сл. ќе се искористат.. во тој случај и обратно да треба нема да биде голем трошок..

Сега што викате, се оди на HD и 4К, нормално дека тоа е добро, ама како што има олдтајмери кај колите, така некои сака и олдтајм ТВ...
Ама има разлика, кола олдтајмер можеш да ја реставрираш и возиш сега, исто и старо радио може да го реставрираш и да го користиш.. само не може стар ТВ.. тоа е маката :)))

Иначе Гига, имам повеќе стари ТВ, ама сите се екс-ју или советски, не ми се верува дека некој на ибеј ќе се интересира :)
Најстар ми е на лампи, од Еи-Ниш, на него пишува „Црни Бисер“.. функционира ама една лампа ми прегоре треба да ја сменам :))
Него го користам на тој начин што викаш со тјунер, ама нема А/В влез па имам и плус модулатор ставено, ама не е тоа тоа :)

dr-mr:
Враќање на аналогната телевизија, со која цел, што ке се постигне/добие со тоа?
Без разлика дали неком тоа му се допаѓа или не, дасли некого ќе го гледаат како 'анти-HD-аш', дали некому му чини или не му чини. Економијата си го прави своето.
Зошто некој би трошел пари за работење и одржување на стара и лоша технологија, особено кога има технологија која е многу подобра нуди многу повеќе можности и е профитабилна.
Барањето за враќање на аналогната телевизија е како барање  да се врати опшеството пред користење на асвалтирани/бетонирани улици.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version