Овој волт вишок мислам дека не прави проблем.
Не е страшно, ама... не е лошо некој моќен грец да се стави во серија со + или - (за да пушта и во двете насоки, полнење и празнење)... а може и два, зависи колкав пад на напон сакаш да направиш
.
Проблем ми правело тоа што УПСите имаат минимум потрошувачка и ако товарот е под тоа се исклучуваат. Знае да биде незгодно ако печката ти е со термостат па ако еднаш се исклучи повторно нема да се вклучи.
Зависи од UPS до UPS, не сите имаат ваква детекција. Обично поевтините, немаат.
Моќноста на УПС ите е специфицирана за тие 30мин. Доколку ги користиш со поголем акумулатор се намалува. Финта на кинезите кои ги под-димензионираат ладилниците на транзисторите, па постепено да се загреваат и за 30мин постигаат максимална температура кога и онака батеријата ќе се испразни и системот ќе се исклучи.
Ова лесно се решава со дополнителен кулер, имам правено вакви модификации.
Зависно од моторот можеби и нема да може да тргне. На старт моторот повлекува голема струја и може струјната заштита во упс от превентивно да исклучи.
Е да, ова е можно... не се дизајнирани за големи флуктуации во потрошувачката, пред се поради начинот на кој работат (новите се исклучиво SMPS со обликување на синусоидата, кај старите, каде што се користеше класично трафо, полесно беше да се изгаси заштитата, кај новиве, немам пробувано).
Преминиот од неколку секунди од една на друга, односно активност на двете во исто време не верувам дека ќе биде проблем.
Па... зависи колку е едната празна а другата полна... не дека се случува често, ама и пробив поради ненадеен наплив на енегрија, не е невозможно сценарио.
За минимум потрошувачка не било така со ниту еден UPS што сум користел, а еве го пробав и на овој. Можеш слободно телефон да си полниш.
Изгледа од поевтините е
. Не дека значи ова нешто, нема некои контроли и дополнителни функции кои ги имаат поскапите
.
Сфаќам дека ова UPS не е никаков посебен бренд, но со ова сакаш да кажеш дека тие всушност не се дизајнирани за подолга работа на батерија?
Да, во повеќето случаи така е. Ладилните тела им се поддимензионирани, плус се е тоа затворено во една кутија, доста често без некои големи дупки за ладење (или никакви дупки... зависи од UPS до UPS). Но, како што веќе реков, се додава кулер кој се активира кога ќе снема струја (во исто време кога и се активираат батериите) и тој ги лади потоа транзисторите/MOSFET-ите
.