Аналогна електроника > Видео техника

Кабелски приемник

(1/2) > >>

MURO:
Малку помош. Ми треба кабелски приемник за сигнал од Телекабел. Имам оптичка врска до модемот, а од модемот излегува коаксијален кабел за ТВ-то, и РЈ45-ка за интернетот. Телекабел веќе не продава такви приемници.  Тјунерот на ТВ-то не е добар, сликата се кочи. Друг ТВ на истата линија работи ОК. Значи до ТВ-то е. Имал ли  некој информација каде во СК можам да најдам таков, или пак има некој да ми понуди, или линк каде можам да нарачам.

ace1903:
Гац имаа конвертори од широкопојасна кабелска во стандарден рф за влез во телевизор. Ги зимаа луѓе со постари тв приемници за да
гледаат аналогни канали кои се надвор од стандардниот опсег на телевизорите. Не сум сигурен дека е тоа што бараш ама можеш да провериш во ГАЦ.

GigaWatt:
Мене не ми е јасно... сликата викаш кочи... на аналогните или дигиталните канали? Претпоставувам дека мислиш на дигиталните, бидејќи не верувам дека модемот врши декодирање наеднаш на сите RF телевизиски канали (она што го прават всушност Телекабел и другите кабелски оператори за да може сигналите да се фаќаат и на стари приемници што примаат само RF аналоген сигнал). Евентуално да е решено во стилот на, се користи само еден RF канал, при што, контролата е од страната на модемот, избираш што да декодира во аналогно RF подрачје, си има GUI декодерот/модемот (што и да е тоа чудо) со далечинско и си бираш кој од дигиталните канали да ти ги прикаже во аналогно RF подрачје на „тој и тој“ (аналоген) канал.

Ако сецкаат дигиталните, да, проблем е телевизорот. Најверојатно „кува“ процесорот (одзема CPU power оваа процедура... 64QAM или 128QAM не е лесен за декодирање, плус, по RF декодирањето, сигналот е AVC, и тоа не е лесно за декодирање). Решение... јас би одел со некој Android box кој може да декодира (прикаже) и аналогни и дигитални RF канали. Најскапо решение, да, дефинитивно, но барем мирен си од аспект на CPU power и можностите кои ги има самиот box, плус, може и да се надградува (со софтвер), така да... јас во таа насока би размислувал ;).

MURO:
Најинтересно е што со обична жица наместо антена ги прима слободните дигитални земски канали без проблем. Пример МТВ2 (дигитален е) одлично оди на ТВ-то. Истиот тој канал емитуван преку телекабел кочи, коцка, сецка. Ај викам да не е јак сигналот (80dB). Дечкиве од телекабел го "бутнаа" со TAP12 на 60dB, и пак иста приказна.  Се работи за Тошиба телевизор. Така што, еве ви корисна информација ако некој има намера да купува телевизор

GigaWatt:
Bitrate-от, а и „квадратурата“ на QAM сигналот е пониска кај терестријалната телевизија. Само МТВ1, МТВ2, Сител, Канал 5 и Телма се емитуваат во HD, но со релативно низок bitrate (колку што знам, 3000-4000kbps, што е прилично ниско за Full HD 1080p сигнал). Можно е МТВ1 и МТВ2 да се емитуваат со нешто повисок bitrate, бидејќи МРД е одговорен за тоа, а колку што знам, генерално земено, сигналот од МТВ1 и 2 на DVB-Т е џам (условно кажано... најдобар е од сите Full HD сигнали кои ги имам гледано до сега).

Сепак, не сум 100% сигурен дека е тоа проблемот... можно е да е, но не мора да значи.

Да не има некое подесувања cable/terrestrial во телевизорот? Знам дека по нешто се разликуваа (не само нивоа на сигнали) DVB-T и DVB-C, но во што точно, не ми текнува. Во секој случај, знам дека можно е да се јават вакви проблеми ако „тјунерот“ (RF приемникот) е подесен да прима DVB-T сигнали, а прима DVB-C и обратно.

Ако нема таква опција, евентуално upgrade на firmware ???... ако има нов за тој модел :-\.

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version