Author Topic: Електролитски кондензатори, нивен квалитет, социо-економски полемики, итн...  (Read 402 times)

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Пааа... јас би ги сменил сите во исправувачка секција, плус оние дополнителните за стабилизација пред сите главни секции (хоризонтала, вертикала, аудио, тјунер) и дури и би ги наддимензионирал (пример, имало 470uF, би ставил 1000uF или 1500uF), но... тоа сум јас :P :D.

Види, генерално, да, нема потреба. Ќе тера барем 2, 3 години, а после... ќе си земеш од „слабите“ :P :D. И онака повеќе струја трошат новиве, инвестицијата ќе ти се исплати за 3, 4 години ;) :).

Електролити извадени од стара плоча се во истата состојба можеби и полоша од електролитите кои ги има моментално на тој тв.
 Потечените/подуените мртвите електролити може да се заменат со полумртви од друга плоча, промената на другите електролити со електролити од друга 20/30+ години стара плоча нема да промени ништо.
Зошто би заменувал едни стари електролити со други стари електролити?
За  разлика од другите електронски компоненти електролитските кондензатори имаат работен век и рок на употреба.

Наддимензионирање на Електролитски конденазатори не се препорачува, особено не со дупло или поголем капацитет. Ќе прават збрки со фреквенции, филтри, тајминзи, на стартување ке повлекуваат поголема струја што ќе прави проблеми.

Не се исплати замарањето со тв стар 30+ години, и да ставиш нови електрлити ќе умре нешто друго.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Потечените/подуените мртвите електролити може да се заменат со полумртви од друга плоча, промената на другите електролити со електролити од друга 20/30+ години стара плоча нема да промени ништо.

Па... јас моите ги вадам пред се од матични плочи, а тие се најчесто прилично квалитетни... имам прилично добро искуство со нив да бидам искен ;).

Зошто би заменувал едни стари електролити со други стари електролити?

За да не плаќа за електролити, а да си добие исправен телевизор... барем некое време.

Во напојувачки секции, за „пеглање“, апсолутно никаква разлика не прави... т.е. може да направи, ама ова се многу ретки случаи. Барем двојно поголеми секогаш сум ставал, ниедна напојувачка секција не ми се има расипано или лошо да работи поради тоа... баш напротив, најчесто подобро работат. Ако напојувачка секција се зезне поради дупло наддимензионирани електролити за „пеглање“ (поради момент на нивно полнење), плукни и се на таа напојувачка секција... не ја бива.

Само ќе напоменам дека правам муабет за уреди за масовна потрошувачка, не за индустриски уреди со SMPS секции кои даваат стотици ампери на излез... тоа е веќе друга приказна и да, тука веќе не важат овие „правила“.

Не се исплати замарањето со тв стар 30+ години, и да ставиш нови електрлити ќе умре нешто друго.

Ова да, се сложувам... мада ќе дрнда некое време :P :D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Потечените/подуените мртвите електролити може да се заменат со полумртви од друга плоча, промената на другите електролити со електролити од друга 20/30+ години стара плоча нема да промени ништо.

Па... јас моите ги вадам пред се од матични плочи, а тие се најчесто прилично квалитетни... имам прилично добро искуство со нив да бидам искен ;).
Што е прилично добро искуство? Добро искуство  или ?
И од space shuttle да ги вадиш исто е , електролитските кондензатори имаат рок на употреба/работни саати, имаат електролит кој со време и температура испарува.
Некои матични плочи имаат полимер кондензатори кои траат подолго но не многу подолго, електролитите на матичните плочи се најчесто околу процесорот, значи константно се печат и им се намалува работниот век уште повеќе.

Quote
Зошто би заменувал едни стари електролити со други стари електролити?

За да не плаќа за електролити, а да си добие исправен телевизор... барем некое време.

Прашањето ми беше, зошто би ги менувал сите  стари електролити од една плоча не само мтрвите со стари електролити од друга плоча, што би добил со тоа?

Quote
Наддимензионирање на Електролитски конденазатори не се препорачува, особено не со дупло или поголем капацитет. Ќе прават збрки со фреквенции, филтри, тајминзи, на стартување ке повлекуваат поголема струја што ќе прави проблеми.

Во напојувачки секции, за „пеглање“, апсолутно никаква разлика не прави... т.е. може да направи, ама ова се многу ретки случаи. Барем двојно поголеми секогаш сум ставал, ниедна напојувачка секција не ми се има расипано или лошо да работи поради тоа... баш напротив, најчесто подобро работат. Ако напојувачка секција се зезне поради дупло наддимензионирани електролити за „пеглање“ (поради момент на нивно полнење), плукни и се на таа напојувачка секција... не ја бива.

Само ќе напоменам дека правам муабет за уреди за масовна потрошувачка, не за индустриски уреди со SMPS секции кои даваат стотици ампери на излез... тоа е веќе друга приказна и да, тука веќе не важат овие „правила“.

Доколку ставаш дупло поголеми вредности извадени од стари плочи највероватно не ставаш ни колку оригиналните вредности.
Проблеми се прават бидејки другите делови во напојувачката секција не се димензионирани да го издржат дополнителното оптоварување, особено кога се работи за вредности од неколку илјади UF, ако наместо 4700UF ставиш 9600UF или 10000UF електролит набрзо ќе има огномет доколку не изгори осигурач  или се активира некоја заштита.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Што е прилично добро искуство? Добро искуство  или ?

Се погодувале и да се суви, или делумно суви, али тие ги тргаш на страна, т.е. ги фрлаш, ги користиш оние кои се исправни ;). Околу прилично добро искуство, на тоа мислев, ретко кој од нив е сув ;)... освен оние што апал очигледно се суви и подуени, нели ;).

Ми се има случено и по грешка да ставам некој делумно сув, т.е. да не го измерам пред да го ставам (знаат и од стоење да се исушат, особено ако процесот на сушење веќе почнал и е во напредна фаза, но сеуште не манифестира забележителни знаци, дури и при мерење на ESR и капацитивност), и да, најчесто уредот функционира само месец или два, ама ова буквално само еднаш или два пати ми се има случено.

И од space shuttle да ги вадиш исто е , електролитските кондензатори имаат рок на употреба/работни саати, имаат електролит кој со време и температура испарува.

Факт, нема збор ;). Мада не верувам дека во спејс шатлови ставаат класични електролитски кондензатори ;D ;D ;D... евентуално, solid state... само се зезам, навистина не знам ;D.

Како и да е, по плочиве (компјутерски, матични плочи), од моето досегашно искуство, има многу солидни електролитски кондензатори ;). Производители за кои немам чуено претходно (OST, Teapo, G-Luxon, итн.), но да, се имаат покажано како многу добри ;). Освен една серија на Teapo, од плочи од кај 2003-та, 2004-та, да, тие се катастрофа, не знам зошто, ама ги знам по ознаки и боја, одма ги фрлам тие :P :D.

Некои матични плочи имаат полимер кондензатори кои траат подолго но не многу подолго, електролитите на матичните плочи се најчесто околу процесорот, значи константно се печат и им се намалува работниот век уште повеќе.

Порано да, така е, нема збор... ама мора да бидат во близина на CPU, поради должина на rail-ови, треба да е што е можно помала ;).

Како и да е, дури и ако се печат, не мора да значи дека се суви. Се печат само ако компјутерот се работи „максимално“ во текот на работниот век (секојдневно се товари CPU со видеа, перекодирање, нов оперативен систем кој практично и не е дизајниран за таков стар хардвер, оставен да работи 24/7 поради remote пристап, итн.), но ако не бил товарен (пуштан, да, ама оставен така, да стои idle), тие електролити се прилично здрави ;). Да, кога одат, прво тие се ѕвизнуваат, нема збор (или оние на rail-овите за PCI-E или VGA, зависи колку е стара плочата, местото на кое стои графиката, и тие rail-ови се товарат), ама генерално земено, по вадење, сите ги мерам (подуените, нормално, ги фрлам ;)), оние кои се исправни, според мерења, ги чувам ;). Се разбира, ги мерам и пред да ги монтирам некаде ;).

Јас навистина не знам од кога немам купено електролитски кондензатор ;D. Генерално, со поголемиот дел од стари уреди (пред се матични плочи) ми се задоволени потребите, барем кога станува збор за сервисирање ;).

Прашањето ми беше, зошто би ги менувал сите  стари електролити од една плоча не само мтрвите со стари електролити од друга плоча, што би добил со тоа?

Ако правиш hand picking на старите вадени кондензатори, практично ќе добиеш уред кој ќе трае уште барем 10 години, ако не и повеќе... особено ако земеш во предвид дека, ако ги менуваш тие кондензатори со кондензатори вадени од матични плочи (мојот случај) кои се наменети за работа под товар, големи струи и релативно високи температури, и истите ги ставиш во телевизор (без разлика дали е CRT или не... уред кој, прво, далеку помалку струја троши, второ, помалку грее, трето, варијација на напон во случај и да е малку сув кондензаторот, не е голем проблем за него), практично добиваш уред кој... па, нема да умре и да сакаш ;D ;D ;D.

Верувај, испробано ми е неколку пати ова сценарио ;). Наддимензионирални електролити, вадени од матични плочи и потоа ставени во телевизори и монитори, без разлика дали се CRT или LCD. До сега ми се немаат пожалено :).

Доколку ставаш дупло поголеми вредности извадени од стари плочи највероватно не ставаш ни колку оригиналните вредности.

Па... мерењата не покажуваат така :). Не ги мерам само со еден инструмент, поминуват неколку проверки, ако вредноста им е падната под 90% од декларираната, да, ги фрлам... освен ако не забележам дека цела серија се такви (не е возможно сите исто да се исушиле, ова е скоро невозможно, од пракса го знам ова, и да има подуени електролити околу CPU на матична плоча, во ниеден случај не се сите подуени... може да се неколку, може да се грото, може да е и еден, но остатокот, најчесто се ОК... проверено со мерења, а и во пракса, подоцна, со тек на работа, по замена, не се подуле незаменетите ;)), тогаш ги чувам, таква е серијата. Имало и серии, декларирани, на пример 1500uF, мерам, скоро сите се над 1800uF :D. Таква е серијата. Зошто, не знам, ама серијата е таква ;).

Така да, да, може да се случи да имаш и кикс (да ставиш некој кој е сув, ама ете... ниеден инструмент не покажува дека е сув), но, оваа веројатност е скоро иста со онаа да ставиш расипан (сув или во краток спој... кој го знае) ганц нов кондензатор... ми се има случено и тоа еднаш или два пати, скоро исто онолку пати колку што ми се има случено да ставам суви користени кондензатори, кои, според сите мерења, би требало да се исправни, така да... шансите се од прилика исти :)... барем од моето искуство.

Проблеми се прават бидејки другите делови во напојувачката секција не се димензионирани да го издржат дополнителното оптоварување, особено кога се работи за вредности од неколку илјади UF, ако наместо 4700UF ставиш 9600UF или 10000UF електролит набрзо ќе има огномет доколку не изгори осигурач  или се активира некоја заштита.

Зборуваш за екстремни случаи... 4700uF кондензатор во SMPS напојувачка секција во комерцијален уред, фабрички, скоро никаде нема. Дури и во 1000W-ни компјутерски напојувања, повеќе од 3300uF кондензатор во филтерска секција на излез, нема.

Пак ќе потенцирам, зборувам за уреди за комерцијална употреба (телевизори, монитори, компјутери, системи, DVD плеери, boom box-ови, итн.). Уреди и SMPS напојувања наменети за индустриска употреба се сосема друга работа и тука, да, има и 4700uF, 10.000uF кондензатори, итн., и да, во никој случај ни јас не би ставил користени кондензатори. Таму, се знае, само нови, brand name и по можност, купени од официјален дистрибутер и не од Македонија :P :D.

А околу димензионирањето на кондензаторите и повлекувањето на струја... не се секирај... ако е напојувачката секција изведена лошо, само од суви кондензатори може да се ѕвизне целата ::)... значи без никакви заштити, без лимитер за моментално повлекување на струја... такви уреди и напојувачки секции не ги ни поправам, ги враќам. Нема поента, уредот е осуден на пропаст... ако не биле електролитите, ќе било повисок/понизок влезен напон во примар, незаземјен конектор за антена, конкетор за Aux In, неизедначени напони... ќе било било што друго. Може и да не е лош дизајнот, ама ако е реализацијата за никаде... батали... нема поента. Го враќам уредот, кој сака нека го прави, јас тоа не го поправам ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
„имаат електролит кој со време и температура испарува.“
епа то е поентава, подобар електролит бара поскапа преработка, порано се гледаше да трае, сега да се продаде. Се слагам дека од тоа време до сега има могу поминато :/ сепак хаббл 30 години работи во екстремни услови, додуша не знам како го сервисираат.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Како мериш дали се суви?
OST, Teapo, G-Luxon се тајвански кондензатори, Teapo ги користам често, досега не сум имал проблеми.

Зависи од уредот, некои уреди се дизајнирани така што ќе работат и со помал од 50% капацитет на напојуњето и неиспегланиот напон нема да им пречи многу.
Тие уреди се ретки и се обично висока класа на уреди.
Уредите кои ти не ги поправаш се повеќе од 50% од уредите во користење денес.

Мене повеќе од еднаш ми се има случено да ме заебава "Мерен исправен" од стара плоча кондензатор, особено кај засилувачи и AV уреди.
Аудио видео уред со подуени кондензатори во напојувачка секција, уредот бучи, се слуша повеќе брум од музика, со стари "исправни" кондензатори бучи помалку но сеуште бучи. Каде ми е ќарот/заштедата со користење на стари електролитски кондензатори ?
Имам Harman Kardon HS200 уредот не чита дискови се друго функционира, кондензаторите во напојувачката секција се "ИСПРАВНИ" мерени се сите со 3 различни метри и сите вредности се во границите. Ги сменив сите електролитски кондензатори во напојувачката секција чудото почна да чита дискови, дисплејот стана појасен/посветол.
 Кондензаторите ме коштаа 5евра, времето нервите и струјата која ќе ја потрошам за вадење стари електролитски кондензатори не се исплати.

Твоето искуство е различно од моет искуство, според мене освен како привремено решение за тестирање или во случаи кога неможе да се најдат или се многу скапи нови електролити, за се друго не се исплати.
Јас вадам/чувам стари електролити по неколку илјади микрофаради  од напојувачки секции од засилувачи.

Како ќе правиш hand picking ќе мериш капацитет, esr, esl, leakage, и уште 3 4 вредности на секој кондензатор што ќе го извадиш?

Кога реков наместо 4700uf ако ставиш 9600uf ќе има огномет, мислев на линеарна напојувачка секција во аудио засилувач. Има и smps напојувачки секции во аудио засилувачи кои имаат по 6800uf.
Дупло поголем електролит обично значи и дупло поголем esr, кој може да прави проблеми.

Според моето искуство користењето на стари електролити не се исплати.

@bicikle
која е поентата не те разбирам?
Електролитските кондензатори одсекогаш се правеле со електролит, одтаму и името сегашните електролити траат многу подолго од тие пред 20 години.

HUbble работи во екстремни услови  бидејки е машина од неколку милјарди и е дизајнирана за да работи во екстремни услови.
Некаде прочитав дека корисати кондензатори со стакло како диелектрик поради радијацијата, кондензаторите се 4000+евра еден.
Како го сервисираат:

Забегавме од темата, можеби е подобро да се префрлат последните постови во соодветната тема.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
 @dr-mr „Кодензаторите ме коштаа 5евра“ , кога и дали овде во мк?
Електролитот порано бил по квалитетен, тоа ми беше зборот, сега да има електролити кои што траат повеќе, но или се скапи или тешком да ги најдеш, лим се подуле сигурно не се од тие што траат долго, претежно по графички ги редат.
Што би му сметала радијацијата на електролитот, ќе се разгради? не се заштитени електрониките? полупроводниците ќе работат нормално под дејство на радијација? мислев се заштитени, барем германиумските диоди по радиација стануваа спроводни, силициумските демек немаат гајле.
хаббл е предвиден да се сервисира, ама не знаев како се предвидени електролитите да се одржуваат, ете од стакло биле.
значи ако ги извадиме од space shuttle ќе немаме проблем xD

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
5 евра пред 2 месеци, ги купив од mouser во Холандија.
Електролитот поран не бил поквалитетен, сега има многу подобри, поевтини и поквалитетни начини на производство. Проблемот е што сите сакаат беспари, за 2 долари 200 елекктролити од алиекспрес, и после не ги бивало. Квалитетните електролити и сега како и пред 20 години се со слични цени и ги има во секоја подобро снабдена продавница за електроника. Има многу електролити по aliekspress и ebay кои се препакувани или препечатени, и сед продаваат 10 пати поевтино, кондензатор од 1000uf 16v се продава како 1000uf 63v, ќе го стави некој на плоча и за неколку дена ќе умре и ќе почнат поплаките новото не го бива намерно го прават да се расипува итн итн.
Колку пари толку музика.
Незнам како се прави или сервисира вселенска електроника.
Незнам дали кои делови и колку се заштитени од радиација, како работат електронските компоненти при радијација незнам, има по интернет доста на таа темна.
Читав општо за кондензатори, видови диелектрик, кој диелектрик е добар за која намена и слично,  таму беа спомнати кондензатори со диелектрик од стакло и дека се користат во вселенската индустрија поради добрите резултати со радијацијата.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како мериш дали се суви?

Аналоген ESR метар, дигитален ESR метар, AIO метар од кинезиве (како и да се викаше... оној со голем LCD дисплеј, не ми текнува на името LordZi знае кој е ;)) и дигитален мерач за капацитивност на UNI-T (не го знам точниот модел на инструментот, ако те интересира, ќе ѕирнам, ќе пишам).

OST, Teapo, G-Luxon се тајвански кондензатори, Teapo ги користам често, досега не сум имал проблеми.

Навистина не знам, немам пребарувано online, само од искуство знам дека се прилично добри.

Зависи од уредот, некои уреди се дизајнирани така што ќе работат и со помал од 50% капацитет на напојуњето и неиспегланиот напон нема да им пречи многу.

Да, ама не им пречи ни ако има фазла, нели ;).

Тие уреди се ретки и се обично висока класа на уреди.

Да, ама може и неко поевтини на овој начин да ги направиме да бидат висока класа, нели ;D ;D ;D.

Се шегувам ;). Но да, дефинитивно им се продолжува животниот век ;). Е сега, за колку... зависи од остатокот од изведбата, не само од квалитетот и староста на заменетите електролитски кондензатори, нели ;).

Уредите кои ти не ги поправаш се повеќе од 50% од уредите во користење денес.

Навистина не ми е јасно што сакаш со ова да кажеш ???.

Мене повеќе од еднаш ми се има случено да ме заебава "Мерен исправен" од стара плоча кондензатор, особено кај засилувачи и AV уреди.
Аудио видео уред со подуени кондензатори во напојувачка секција, уредот бучи, се слуша повеќе брум од музика, со стари "исправни" кондензатори бучи помалку но сеуште бучи. Каде ми е ќарот/заштедата со користење на стари електролитски кондензатори ?

Аналогна аудио опрема е сосема друга приказна и не се бафтам веќе со неа... не поради друго, баш поради причината која ја спомна... да, за мене, „за моја душа“, или за некој близок (роднина најчесто), да, ама инаку, ц, се тоа враќам назад. "JBL" AIO Boom Box-ови со Bluetooth се џабелеску, а за проста маса, очигледно повеќе од доволно како „аудио опрема“ ;).

Имам Harman Kardon HS200 уредот не чита дискови се друго функционира, кондензаторите во напојувачката секција се "ИСПРАВНИ" мерени се сите со 3 различни метри и сите вредности се во границите. Ги сменив сите електролитски кондензатори во напојувачката секција чудото почна да чита дискови, дисплејот стана појасен/посветол.
 Кондензаторите ме коштаа 5евра, времето нервите и струјата која ќе ја потрошам за вадење стари електролитски кондензатори не се исплати.

Многу слични работи ми се имат случено со аудио опрема... затоа и ја баталив... нема поента... 2000 денари ќе фрлиш за нови кондензатори или ќе се утепаш од менување на користени дур не погодиш некој „асален“ (некој кој „му чини“ на уредот) и после... што?... колку да му наплатам на муштеријата, а? 5000, 6000 денари за недела дена потрошено време и нерви?

Батали... затоа одма им ги враќам назад со „најдете си друг мајстор, ја ова не поправам“ :P :D.

Твоето искуство е различно од моет искуство, според мене освен како привремено решение за тестирање или во случаи кога неможе да се најдат или се многу скапи нови електролити, за се друго не се исплати.

Пишуваш од аспект на аудио опрема (и тоа релативно скапа, да бидам искрен... harman/kardon не се продава во Техномаркет, Нептун, Сетек, итн... требаше да напоменеш на почетокот, веднаш ќе се сложев со тебе), и за тоа, да, нема збор, се сложувам... но, пак ќе напоменам, само за СКАПА, Hi-End, аудио опрема... на Panasonic или Aiwa систем од 90-ти, верувај, нема некоја разлика да им направи она за кое зборуваш - нови или стари (користени) електролити ;D.

Јас вадам/чувам стари електролити по неколку илјади микрофаради  од напојувачки секции од засилувачи.

Паметно ;), и јас истото го правам ;).

Како ќе правиш hand picking ќе мериш капацитет, esr, esl, leakage, и уште 3 4 вредности на секој кондензатор што ќе го извадиш?

Па... да, генерално... тоа, да :). Само што мерам само капацитивност, ESR и leakage current. Доволни се тие параметри ;). Не мора ептен сеа во некои „не знам какви“ детали да навлегуваме ;). Да, одзема време, нема збор за тоа, ама не го правам тоа за секого и за секој уред... за „мој човек“, да, за било кој друг... се знае, што прво ми дојде при рака и изгледа ОК според трите напоменати параметри :P :D.

Кога реков наместо 4700uf ако ставиш 9600uf ќе има огномет, мислев на линеарна напојувачка секција во аудио засилувач.

Епа тука се разидовме :P :D. Јас правев муабет исклучиво за SMPS напојувачки секции, какви што се над 95% од напојувачките секции во денешно време за Low/Mid-End опрема (било каква, па и аудио). Се разбира, не правам муабет за slave засилувачи за озвучување, тоа е сосема друга приказна.

И не, нема да има огномет... евентуално ќе смениш исправувачки диоди на секундар со некои појаки и нема да има проблем... и тоа само ако short trem peak current им е релативно ниска на исправувачките диоди, што е реткост во уреди од 90-ти па наваму (би требало да биде барем x5 од Ifmax)... мада, не знам каде ќе ги „напукаш“ тие 9600uF (10.000... whatever :P :D) кондензатори, ако оригиналните биле 4700uF ;D... мислам... не поради друго, знам колку се големи, особено за тие работни напони (35V па нагоре, најчесто 50V па нагоре), али ајде, нема везе ;D ;D ;D... ти си знаеш, хахахаха ;D ;D ;D.

Дупло поголем електролит обично значи и дупло поголем esr, кој може да прави проблеми.

Е добро де, не мора да ставиш еден, стави два во паралела ;D ;D ;D. И тоа сум правел ;D.

И не, не мора да значи, зависи од електролитот и производителот. Сум купувал нови, споредени со стари вадени, ESR имаат x5 од вадените ::)... ама ајде, „нови се“, така сум си викал, „ваљда ќе бида боље од стариве, иако имаат поголем ESR од нив“... два пати ми се случи после месец, два да се подујат ::).

Пак ќе напоменам, менувани во SMPS напојувачка секција... во класична, линеарна, да, може и ќе траеја, не викам не ;). Таму нема напонски пикови и шпицови повеќе илјади (стотици илјади ???) пати во секунда, нели ;).

Според моето искуство користењето на стари електролити не се исплати.

Секој со своето :). Јас си кажувам мое искуство, my 2 cents ;).

Електролитските кондензатори одсекогаш се правеле со електролит, одтаму и името сегашните електролити траат многу подолго од тие пред 20 години.

Со ова дефинитивно не се сложувам ;D ;D ;D... а и нема да се сложи било кој кој има сервисирано уреди од 90-ти навака ;D ;D ;D.

Има квалитетни кодензатори и во денешно време, да, нема збор за тоа, нооо... за жал, во Македонија... нема каде да се купат... а извини, али да ги чекам од некој online shop недела или две, не, немам време и нерви. Имам и други тековни работи кои треба да се средат... не, немам намера да чекам за еден уред недела или две. Ако можам да најдам она што ми треба за ден или два, ОК, уредот се прави, ако не, склапам, ајт, на друг мајстор :P :D.

...кондензаторите се 4000+евра еден.

Makes sense ;).

Забегавме од темата, можеби е подобро да се префрлат последните постови во соодветната тема.

Да да, ќе ги прфрлам и темата ќе се подели ;). Само уште нешто да пишеме, да ми дојде идеја каде да ги ставам и име на темата ;D ;D ;D.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
5 евра пред 2 месеци, ги купив од mouser во Холандија.

Helloooo... Холандија... не е Македонија ;D... плус, кој ќе ги чека од Mouser тука да ми стигнат, дај не ме зезај ;D ;D ;D.

А, и да не правам муабет за 5 евра во Холандија и Македонија... ммм... не, не се исто :P :D. Таму се pocket change, тука... па... некои фамилии и ден цел тераат со 5 евра... некои и два дена... мислам, да не ти зборувам, знаеш како е овде...

Електролитот поран не бил поквалитетен, сега има многу подобри, поевтини и поквалитетни начини на производство.

Има... што не значи дека сите производители го користат ;). Мислам... петпарачни уреди, како што се над 90% од уредите во Македонија, сигурно немаат brand name кондензатори во нив, нели ;D.

Види, куповната моќ ни е таа... извини, ама јас немам пари за нов телевизор од 50.000 денари. Имам за некој од 100, 200 евра, толку имам :). А се знае што ќе земеш за 200 евра - чинг чонг чунг шасија со чинг чонг чунг напојувачка секција и електролити правени во... господ знае кое село и подрум во Кина, нели ;) :D.

Знаеме дека си моментално во Холандија, ОК, јасно ни е тоа, ама изгледа си се отцепил од Македонија сосема ;D... т.е. си заборавил како е да се живее тука со просечна плата од 300, 400 евра ;D ;D ;D... каде што треба да правиш планови и да полемизираш дали да го земеш телевизорот од 6000 или 7000 денари ;D ;D ;D.

Проблемот е што сите сакаат беспари, за 2 долари 200 елекктролити од алиекспрес, и после не ги бивало.

Нормално дека не ги бива, и нема да ги бива, и затоа не ги купувам тие ;). Си вадам од плочи/шасии и си терам со нив ;). Ем не трошам пари, ем уредот работи, ем луѓе не се жалат - win-win комбинација е :).

Квалитетните електролити и сега како и пред 20 години се со слични цени и ги има во секоја подобро снабдена продавница за електроника.

Те молам дополни „во Холандија или било која западноевропска држава“, бидејќи, во спротивно, муабетов не ти држи вода ;D ;D ;D, особено не на Балканов ;D ;D ;D... добро, ај, еве, поконкретно Македонија. Да бидам искрен... во соседствово и не е баш така лошо, ние сме тиње :-\.

Има многу електролити по aliekspress и ebay кои се препакувани или препечатени, и сед продаваат 10 пати поевтино, кондензатор од 1000uf 16v се продава како 1000uf 63v, ќе го стави некој на плоча и за неколку дена ќе умре и ќе почнат поплаките новото не го бива намерно го прават да се расипува итн итн.

Ова е сосема подруг муабет, конкретно поврзан со „фуфло кондензатори“ (како што би се изразлил LordZi ;D) и да, така е... но, тоа не го менува фактот дека порано имаше стандарди и не смееше нешто да излезе од фабрика (било која) со „работам, али у наредни месец дена максимум“ карактеристики или фалсификувани, местени карактеристики, итн.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ми текна име за темата, не прифаќам примедби ;D ;D ;D ;D ;D ;D ;D.

Joking, of course :) ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
„5 евра пред 2 месеци, ги купив од mouser во Холандија.“
Како што рече Гига, холанѓанско и Мкд се поп и шеширџија, да беа кај нас иста цена ист квалитет секако дека не би се еб*але со прелмување кондензатори.
Денеска до кај што можат ги пикаат ефтините лектролити, а ефтин нов електролит е полош од хај енд стар електролит, тоа беше муабетот, и дека порано повеќе имаше контрола, или кина не беше толку дојдена кај нас. Не дека пред 20-30 год биле понапредни него сега :D
„Електролитот поран не бил поквалитетен, сега има многу подобри, поевтини и поквалитетни начини на производство.“ Секогаш квалитетот си бара и поскапа преработка, не знаа, за електорлитот конкретно може, ама во другиве индустрии пак тоа што било квалитетно некогаш е квалитетно и сега, и денеска да го изработиш со денешна технологија пак ќе те фати скапо, може поефтино од некогаш, ама незначително.

„И не, нема да има огномет... евентуално ќе смениш исправувачки диоди на секундар со некои појаки и нема да има проблем... и тоа само ако short trem peak current им е релативно ниска на исправувачките диоди, што е реткост во уреди од 90-ти па наваму (би требало да биде барем x5 од Ifmax)... мада, не знам каде ќе ги „напукаш“ тие 9600uF (10.000... whatever :P :D) кондензатори, ако оригиналните биле 4700uF ;D... мислам... не поради друго, знам колку се големи, особено за тие работни напони (35V па нагоре, најчесто 50V па нагоре), али ајде, нема везе ;D ;D ;D... ти си знаеш, хахахаха ;D ;D ;D. “

и транзисторите најверојатно ќе изгорат, не е ова трафо. Ако не се веќе иЗгорени, ако се не знам дали треба да се поправа, што знам, смпс е ефтино, ама не би се потпрел на него. Не за ахј енд, ПА или слично, за секојдневна употреба топ е.
„Има многу електролити по aliekspress и ebay кои се препакувани или препечатени, и сед продаваат 10 пати поевтино, кондензатор од 1000uf 16v се продава како 1000uf 63v, ќе го стави некој на плоча и за неколку дена ќе умре и ќе почнат поплаките новото не го бива намерно го прават да се расипува итн итн.“
Епа да, уште една од причините зошто се заебаваме со стари електролити...
А и не значи дека ако го платиш кај кинезите дека ќе чини xD Кинези се тие.

За хаббл прашав онака, ме интересира, сега ако знаеше арно, ако не здравје :D Секако нема закажани ванвселенски лет во скоро време :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Денеска до кај што можат ги пикаат ефтините лектролити, а ефтин нов електролит е полош од хај енд стар електролит, тоа беше муабетот, и дека порано повеќе имаше контрола, или кина не беше толку дојдена кај нас. Не дека пред 20-30 год биле понапредни него сега :D

По тежина можеш да ги познаеш, ако не по друго :D... исти вредности, исти работни напони, стариов (ваден од плоча, не праисториски :P :D, не мислев на праисториски кога пишав „стариов“) си тежи, новиов... пердув :D... и одма знаеш, овој за месец, два ќе дувне ;D.

Не навлегувам во тоа дали е внатре преправан, дали има кондензатор во кондензатор, итн., тоа не ме интересира... само знам дека новиве „Чинг Чонг Чунг“ се пердувчиња а старите, вадени од плочи, супер се и после години користење ;).

и транзисторите најверојатно ќе изгорат, не е ова трафо. Ако не се веќе иЗгорени, ако се не знам дали треба да се поправа, што знам, смпс е ефтино, ама не би се потпрел на него. Не за ахј енд, ПА или слично, за секојдневна употреба топ е.

Новите slave засилувачи се веќе сите SMPS со D-Класа. Веќе и немаш на ново slave засилувач со излезна моќност помалку од 1000W по канал кој не е изведен со SMPS и D-Класа. Не поради друго... помали се, изведбата е поевтина, полесни се, по транспортни... милион практични причини ЗА, т.е. зошто за јаки slave засилувачи скоро исклучиво се користи SMPS со D-Класа во денешно време.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3918
  • Gender: Male
"милион практични причини ЗА, т.е. зошто за јаки slave засилувачи скоро исклучиво се користи SMPS со D-Класа во денешно време."
Не дека не се по парактични, ама трафо од електролит нема да изгори, или водот ќе го пробие или електролитот ќе го експлодира, смпс-от најверојатно цел ќе изгори. Инаку порано по споро одеше технологијата и се размислуваше да земиш ПА појачало и хајт, толку си завршил со купување на појачала, натака се поправа, сега го земаш, го користиш дур чини или дур излезе ново и толку од него.
 
Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не дека не се по парактични, ама трафо од електролит нема да изгори, или водот ќе го пробие или електролитот ќе го експлодира, смпс-от најверојатно цел ќе изгори.

Апсолутна вистина, нема збор, се сложувам ;).

Освен за експлозијата на електролитот... треба барем да има две или три секунду x5 напон од декларираниот за да експлодира... во SMPS, со милион заштити, особено во вакви уреди, да не правам муабет за самите полупроводници кои ќе изгорат даааааалеку пред електролиотот да експлодира и ќе го изгорат главниот (main frame, мрежен) осигурувач ус пат... нема шанси ;).

А за „ама трафо од електролит нема да изгори“, нема збор, така е... ама ај иди ти мкни цел rack од засилувачи наметени за разглас со моќност од 5KW, споредени со 2, 3 можеби 4 RU (rack units) 5KW SMPS D-Класа засилувач, кој, најреално, може сам да го носиш во раце, пааааа... едно добри 200, 300 метри без проблем.

Прашањето е прилично практично: дали треба да најмам виљушкар и човек за оперирање на виљушкарот ако треба да се паркирам до 200, 300m од местото на настан, притоа, имајќи во предвид дека транспортирам практично „праисториска“ опрема која може да се зезне во секој момент (ладен лем, удар, ладно/топло, итн... мислам на виљушкарот и едек куп „трес, трус“ по пат), или... да не се замарам многу и да си зеам еден 5KW SMPS засилувач и да го донесат (рачно, без дополнителна опрема) луѓето кои и онака сум ги платил за да го наместат озвучувањето ;).

Кратко и јасно, се е пари и време ;).

Инаку порано по споро одеше технологијата и се размислуваше да земиш ПА појачало и хајт, толку си завршил со купување на појачала, натака се поправа, сега го земаш, го користиш дур чини или дур излезе ново и толку од него.

Во друго време живееме... во време на брз напредок на технологија... искрено, веќе нема поента да се чипчиш за „работи од пред 20 и кусур години“... дур брка работа, брка, ако се зезне... ајт, „баци то смече“, купи ново и терај даље.

Те разбирам од аспект на емотивност... и јас бев приврзан за некои работи... се додека не сватив дека луѓе, нерви, здравје и време не се купуваат со пари... се останато... апсолутно, да ;).