Author Topic: Помош за ТВ Sirius Silverstar  (Read 297 times)

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Opened on 05.06.2021, Saturday, 10:36:48 »
Колеги, решив да се позанимавам малце со поправка на ТВ..  ::) ::) па имам еден стар ТВ марка Сириус.. одамна не работи,  се појавува една бела хоризонтална линија и малце целата слика е стеснета.. па мислев за помош од каде да почнам.
Еве слики од шасијата и од позади на пластиката:

Life is too short to remove USB safely ..

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #1 on 05.06.2021, Saturday, 15:31:13 »
Прво усисај го или издувај ја прашината за да можеш да работиш на раат, после побарај шема и провери ги за почеток сите напони дали се во границите, потоа и сите делови во вертикалата, особено електролитите и ИК.
Мислам дека веќе гледам еден надуен кондензатор, на средина на плочката до црното трафо, претпоставувам дека е во секундарот од напојувањето...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 861
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #2 on 05.06.2021, Saturday, 20:54:27 »
Од километар се гледа тој расипаниот кондензатор. Можеби има и други исушени електролити. Ако имаш еср метар измери ги електролитските кондензатори, ако немаш смени ги сите.
Жан

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #3 on 05.06.2021, Saturday, 22:46:34 »
Фала колеги ќе пробам па ке ви кажам што сум направил
Life is too short to remove USB safely ..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #4 on 05.06.2021, Saturday, 23:36:24 »
Мислам дека веќе гледам еден надуен кондензатор, на средина на плочката до црното трафо, претпоставувам дека е во секундарот од напојувањето...

Мхм...

Електролити се 100% ;). Ако ги купуваш, не се исплати да се прави, ќе фрлиш 500 денари за електролити... телевизорот не чини толку да го продадеш на старо, и тоа дури ако е исправен ::). Ако ги менуваш со стари исправни, да, се исплати.

И да, најверојатно буквално сите ќе мораш да ги смениш... се гледа, стар е... сосема нормално кај волку стар телевизор.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #5 on 06.06.2021, Sunday, 14:16:21 »
Колеги фала уште еднаш проработе ТВ, сменив 2 подуени кондензатори и сега е супер :)

еве сликата како е сега...

немав ресивер да ставам моментално само вака ја сликав
Life is too short to remove USB safely ..

Offline MarkoMK

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 970
  • Gender: Male
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #6 on 06.06.2021, Sunday, 14:25:04 »
....

Електролити се 100% ;). Ако ги купуваш, не се исплати да се прави, ќе фрлиш 500 денари за електролити... телевизорот не чини толку да го продадеш на старо, и тоа дури ако е исправен ::). Ако ги менуваш со стари исправни, да, се исплати.

И да, најверојатно буквално сите ќе мораш да ги смениш... се гледа, стар е... сосема нормално кај волку стар телевизор.

Не ги купувам електролитите ги вадам.. чувам у пордум плочи од стари монитори, ТВ :) ... иначе во право си не се исплати.. 500-1000 денари одат исправни вакви ТВ

Јас начекав и безпари 2 ТВ, еден комшија ги фрлаше вика ми фаќаат простор само..

Иначе незнам дали има потреба да ги менувам сите електролити.. ??
Life is too short to remove USB safely ..

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #7 on 06.06.2021, Sunday, 15:03:26 »
Ако работи, додека работи, не се замарај ;)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Помош за ТВ Sirius Silverstar
« Reply #8 on 06.06.2021, Sunday, 21:27:25 »
Иначе незнам дали има потреба да ги менувам сите електролити.. ??

Пааа... јас би ги сменил сите во исправувачка секција, плус оние дополнителните за стабилизација пред сите главни секции (хоризонтала, вертикала, аудио, тјунер) и дури и би ги наддимензионирал (пример, имало 470uF, би ставил 1000uF или 1500uF), но... тоа сум јас :P :D.

Види, генерално, да, нема потреба. Ќе тера барем 2, 3 години, а после... ќе си земеш од „слабите“ :P :D. И онака повеќе струја трошат новиве, инвестицијата ќе ти се исплати за 3, 4 години ;) :).