Author Topic: Софтверски проблем со токи воки  (Read 273 times)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Софтверски проблем со токи воки
« Opened on 27.05.2021, Thursday, 18:06:44 »
Дечки дали некој знае какви се овие микроконтролери "The microcontroller is an OTP (One Time Programmable)" што само еднаш може да се програмираат и никогаш повеке. Дали тоа значи дека на истите не може да им се оштети софтверот поради одредени причини како вирус или слично?

Имено се работи за The microcontroller is an OTP (One Time Programmable) кај токи воки кои се зезнати при софтверско меморирање на канали од страна на лош софтвер. Па си викав дали може да се оштети фирвмерот кај овој тип на микроконтролери OTP ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
OTP (One Time Programmable) Микроконтролер може да се програмира/флешира само еднаш, доколку сакаш друг софтвер/фирмваре ќе треба друг/нов  чип да програмираш наново.
Колку што мене ми е познато OTP  чиповите користат повисок напон за програмирање (до 24в) прио програмирањето се при програмирањето се кинат одредени врски во чипот кој оневозможуваат понатамошна манипулација со фирмверот. Фирмверот во програмиран чип неможе да биде изменет,  избришан или оштетен од надвор со програматор или вирус. Може  чипот да биде оштетен а со тоа и софтверот.
Најчесто OTP  чиповите по барање на производителот на уредот се програмираат во фабриката.
Добро  програмиран OTP чип неможе потоа да се оштети со софтвер/вирус.
 При програмирање на чип може да се случат многу грешки/проблеми, доколку се работи за OTP чип и се случи грешка при програмирањето чипот завршува во канта.
Незнам за какви токи воки се работи и како се програмираат, колку што јас имам видено кога се уредот има OTP  чип  а и корисникот може нешто да програмира обично се 2 чипа OTP и некој дополнителен епром каде стојат податоците кои ги снима корисникот.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Софтверски проблем со токи воки
« Reply #2 on 27.05.2021, Thursday, 23:30:15 (Edited 28.05.2021, Friday, 00:04:23) »
Фала ти dr-mr за убавото појаснување. Се работи за токи воки Baofeng BF888S кои работат на фрекфенции од 400 до 470MHz и снагата им е 2W. Топ играчки ама бркаат работа. Ги купив онака од кејф и да ги тестирам. Иначе првично ги програмирав со бесплатниот софтвер CHIRP и работеа супер но ете нешто ме излажа да симнам еден друг софтвер "888S PC Softvare" и од кога ги испрограмирав со него, почнаа да шуштат на сите канали, сквелчот отвараше како да има сигнал а сигнал нема, само шуштење а ако емитувам сигналот се слуша на само 150 метри што значи излезот не е активен. Потоа ги испрограмирав со добриот CHIRP софтвер и темплејт со канали кој ми го испрати пријател ама нажалост не успеав никако да ги поправам. Пак истите проблеми и за тоа се посомневав да не е оштетен фирвмерот ама не е тоа. Само што ги купив и ми се одмилија. Некои луѓе ми викаа да им направам фабрички ресет и така ке се сределе ама никако не успеав да најдам начин како да го направам тој фабрички ресет.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Не сум си играл со радио станици, незнам како се програмираат/ресетираат.
Пробај да направиш ресет преку соифтверот за програмирање (CHIRP) или да  го реинсталираш оригиналниот софтвер.
Нешто што најдов на темата.
Code: [Select]
https://www.miklor.com/BF888/888-Rec-BF888S.php
Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колку што мене ми е познато OTP  чиповите користат повисок напон за програмирање (до 24в) прио програмирањето се при програмирањето се кинат одредени врски во чипот кој оневозможуваат понатамошна манипулација со фирмверот. Фирмверот во програмиран чип неможе да биде изменет,  избришан или оштетен од надвор со програматор или вирус. Може  чипот да биде оштетен а со тоа и софтверот.

Да, ова беше вака, ама за постари OTP чипови. Сега, практично исти се со класични EEPROM-и/FLASH-ови, со тоа што се манипулираат определени регистри во чипот за да се забрани пиши/бриши да се прави... јас барем вака знам.

Добро  програмиран OTP чип неможе потоа да се оштети со софтвер/вирус.

Ммммм... дискутабилно... но во секој случај, да, добро наведе „добро испрограмиран“... под овој услов, да, најверојатно не ;).

@DX-er: Баш Google-ав... изгледа сите кои имаат флешувано со тој софтвер опасно се имаат зезнато... си пробал dump да бараш од OTP чипот?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Фала ти Giga за советов со dump, уште тоа да пробам па ако успее ке биде супер, ако не во канта ке идат. Само немам никакво искуство со dump, не знам ни кај да го најдам и како е постапката за да го испрограмирам на чипот.
Пишав на Google, dump for Baofeng BF888s, ама не можам да најдам.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Колку што мене ми е познато OTP  чиповите користат повисок напон за програмирање (до 24в) прио програмирањето се при програмирањето се кинат одредени врски во чипот кој оневозможуваат понатамошна манипулација со фирмверот. Фирмверот во програмиран чип неможе да биде изменет,  избришан или оштетен од надвор со програматор или вирус. Може  чипот да биде оштетен а со тоа и софтверот.

Да, ова беше вака, ама за постари OTP чипови. Сега, практично исти се со класични EEPROM-и/FLASH-ови, со тоа што се манипулираат определени регистри во чипот за да се забрани пиши/бриши да се прави... јас барем вака знам.

Новите OTP чипови не користат висок напон на програмирање и сега имаат електронски осигурачи за разлика од старите каде физички се уништуваат врски на чипот.
ROM, PROM и EPROM се OTP(One Time Programmable ) чипови.
EEPROM, FLASH, NANDFLASH не се, тие може да се програмираат повеќе пати, може да се заклучат одредени битови и да се оневозможи понатамошна манипулација со фирмверот во чипот но чипот не е OТP

Quote
Добро  програмиран OTP чип неможе потоа да се оштети со софтвер/вирус.

Ммммм... дискутабилно... но во секој случај, да, добро наведе „добро испрограмиран“... под овој услов, да, најверојатно не ;).

Откако OTP чип ќе биде испрограмиран неможе потоа да се манипулира со содржината во чипот, затоа неможе да се оштети софтверот од вирус, или со некој друг софтвер. Има OTP чипови кај кои доколку има слободна меморија може дополнително да се програмира слободната мемориоја, но веќе искористениот простор(програмираниот дел) неможе да се манипулира.

Сепак се ВРТИ !!!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Фала ти Giga за советов со dump, уште тоа да пробам па ако успее ке биде супер, ако не во канта ке идат. Само немам никакво искуство со dump, не знам ни кај да го најдам и како е постапката за да го испрограмирам на чипот.
Пишав на Google, dump for Baofeng BF888s, ама не можам да најдам.

Па, прво отвори го, сликни внатер што има, како има, чипови, ознаки, отвори тема, па да видиме што можеме да најдеме, или ако не повеќе, барем да знаеме што точно бараме, па можеби во радио-аматерски кругови, ќе се најде некој кој се разбира доволно од електроника и ќе сака да share-ува dump од адекватните чипови ;).

Новите OTP чипови не користат висок напон на програмирање и сега имаат електронски осигурачи за разлика од старите каде физички се уништуваат врски на чипот.

Добро, да, можно е и вака да се изведуваат... не викам не... можно е да звиси од OTP чип до OTP чип, кој знае :). Немам навлегувано премногу во дизајнот и начините на кои се изведуваат новиве OTP чипови.

Откако OTP чип ќе биде испрограмиран неможе потоа да се манипулира со содржината во чипот, затоа неможе да се оштети софтверот од вирус, или со некој друг софтвер. Има OTP чипови кај кои доколку има слободна меморија може дополнително да се програмира слободната мемориоја, но веќе искористениот простор(програмираниот дел) неможе да се манипулира.

Можно, можно, не викам не :) ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Постовите за токи вокито ги префрлив во посебна тема. Секцијата е иста оти веројатно се работи за проблем со микроконтролетор.
Овие денови ке отворам едно од двете токи воки и ке ги сликам чиповите па да видиме дали може да се најде DUMP.

Едно прашање, како би се уфрлил тој софтвер, дали преку истиот кабел за програмирање на фрекфенции или треба да се одлеми чипот па да се стави на програматор?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Едно прашање, како би се уфрлил тој софтвер, дали преку истиот кабел за програмирање на фрекфенции или треба да се одлеми чипот па да се стави на програматор?

Одлеми, испрограмирај, залеми ;). Можно е и да може да се програмира и onboard, без одлеми-залеми, но зависи од чип до чип и дизајн на плочка ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: Софтверски проблем со токи воки
« Reply #10 on 14.06.2021, Monday, 16:52:43 (Edited 15.06.2021, Tuesday, 11:43:59) »
Giga, направив неколку фотки од матичната плоча од тие токивоки.

Code: [Select]
https://drive.google.com/drive/folders/1Ci2chBdwY3nzE5UALKHnhGJuhSZe_SaQ?fbclid=IwAR0IZRHpYSwQsC-tjFBDICzqj9If08FLIJk9UiZ6O6x8P9ElJ4ZGeYFUhkI
Како што ми изгледа, нема начин да се прикачи програматор директно на матичната и да се смени DUMP а да се одлемува овој интегралец па да се програмира и пак да се залемува не ке да се исплати.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 668
  • Gender: Male
Па има доволно простор да се одлеми без никаков проблем, кога ќе се сетам јас (читај нуб) со каква храброст го одлемував еепромот од матичната плоча ова ми изгледа како мачји кашаљ. :)
Како и да е, барем ќе му дадеш последна шанса на проблематичното токи-воки. ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас колку што разгледав, ни едниот, ни другиот 8 пински чипови, не се EEPROM-и/FLASH-ови. Не побарав datasheet, но ознаките не ме асоцираат на мемории :-\.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6318
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Ама малце го стругнале интегралецот, изгледа за да не се гледа цела ознака. Иначе тој интегралец е радио делот (приемник и предавател) а можно е и во него да се тие сетинзите и мемориите. Иначе за ниту еден од овие интегралци не успеав да најдам спецификации :(
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Стави ги сликиве на некои радио-аматерски форуми, можно е да некој да знае кои се точните ознаки и/или барем делумно да има некои спецификации за чиповите ;).