Author Topic: Sony Cyber-Shot DSC-WX7 - не се вклучува  (Read 231 times)

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 135
Sony Cyber-Shot DSC-WX7 - не се вклучува
« Opened on 28.05.2021, Friday, 14:34:48 (Edited 29.05.2021, Saturday, 13:02:04) »
Фото апаратот стоеше во фиока пола година со батеријата во него. Батеријата скроз се испразнила 0V, ја ставив на полнач се наполни 4.1V но апаратот не се вклучува. Измерив при притискање на копчето за вклучување апаратот не влече струја од батеријата. Го отворив барав куса врска кај високонапонскиот електролитски кондензатор, смд кондензаторите, отпорниците и транзисторите не успеав да најдам.



Потоа ја измерив батеријава (MS614SE - 3volt) која служи за чување на меморијата, изнесуваше 0.2V ја извадив и наполнив и ја вратив но повторно апаратот не се вклучуваше. Ја извадив повторно батеријава и при мерење на куса врска (свирката) со мултиметарот кога позитивната сонда ќе ја ставам на негативната страна на батеријата, а негативната сонда на позитивната страна на батеријата појавува куса врска 0 оми. Обратно мерење не појаува спој (бесконечна врска) (мерено со uni-t ut33c и uni-t ut204a).
Без батеријата за меморија, пробав да го вклучам апаратот и повлече струја од батеријата на апаратот но батеријата брзо се испразни до 0 волти, апаратот не покажа знак дека се вклучи ( не светна лед сијаличката, не светна дисплејот ни пак леќите не почнаа да се отвараат).
Па земав директно напојување 4.2 V на терминалите за + и - од апаратот каде што стои батеријата, но повторно без конектирана батеријата за меморија и не повлече струја апратот. Донесов и 3.3V каде што беше конектирана батеријата за меморија и повторно не се вклучува и не влече струја. Повторно побарав некој кус спој во апаратот не најдов.
Батеријава за чување на меморија што ми вади куса врска во еден правец дали е расипана ?

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Sony Cyber-Shot DSC-WX7 - не се вклучува
« Reply #1 on 29.05.2021, Saturday, 13:01:03 »
Потоа ја измерив батеријава (MS614SE - 3volt) која служи за чување на меморијата, изнесуваше 0.2V ја извадив и наполнив и ја вратив но повторно апаратот не се вклучуваше.

Тие батерии не се полнат, Литиумски се, не Литиум-Јонски. Тие се менуваат само, не се полнат.

Без батеријата за меморија, пробав да го вклучам апаратот и повлече струја од батеријата на апаратот но батеријата брзо се испразни до 0 волти, апаратот не покажа знак дека се вклучи ( не светна лед сијаличката, не светна дисплејот ни пак леќите не почнаа да се отвараат).
Па земав директно напојување 4.2 V на терминалите за + и - од апаратот каде што стои батеријата, но повторно без конектирана батеријата за меморија и не повлече струја апратот. Донесов и 3.3V каде што беше конектирана батеријата за меморија и повторно не се вклучува и не влече струја.

Можно е Li-Ion-ската батерија на апаратот да е зезната.

Е сега, имаш две опции... едната е да купиш таква идентична, а другата е да „хакуваш“, при што, ќе ти треба дополнителната електроника од третиот (или и четвртиот пин, не знам каква е батеријата) од старата батерија.

Пример, како изгледаат овој дополнителен пин на BL-5CA батерија од Nokia телефон.



Во овој конкретен пример, дополнителниот пин е само врзан преку отпорниче за плусот или минусот (не ми текнува) од батеријата и телефонот само ја мери отпорноста меѓу овој пин и плусот или минусот, со што ја идентификува батеријата (ОК, оригинал е батеријата, ќе го пуштам телефонот), што е практично многу лесно за „имитирање“ (копирање).

Можно е да на сосема подруг начин изведена целата оваа работа кај твојата батерија, што практично ќе значи дека ќе мораш цела оваа електроника од оригиналната батерија да ја извадиш и да ја ставиш на „неадекватна“ (не оригинална, друга) Li-Ion-ска батерија... практично, да гo излажеш фото-апаратот дека имаш ставено оригинална батерија ;). Ова е прилично лесно за изведба, ја расклопуваш старата батерија, има едно мало плочкиче веднаш под контактите, тоа е електрониката за идентификација, гледаш каде се врзани контактите за плусот и минусот на батеријата, ги прекинуваш тие и ги прелемуваш за плусот и минусот на новата (не оригинална) батерија која сакаш да ја ставиш.

Бидејќи можно е ова да не е баш изводливо во самата кутија („хакуваната“ батерија не ја собира во просторот каде што стоела оригиналната, или има некој механизам за прицврстување кој не може да се прилагоди да фаќа за новава батерија), ако не повеќе, може се ова да се искористи само за проба, дали фото апратот е исправен или не, т.е. дали вреди да се купува нова оригинална батерија или не ;).

Батеријава за чување на меморија што ми вади куса врска во еден правец дали е расипана ?

Да, најверојатно е. Замени ја со слична ако не можеш да најдеш идентична (според ознаки). Сите тие се со ознаки CRxxxx, каде што првите два x-а (CRXX) е ознаката за дебелината на батеријата (пример, CR20 значи дека батеријата е дебела 2mm), а вторите два x-а (CR20xx) е ознаката за дијаметарот на батеријата (пример, CR2032 значи дека батеријата е дебела 2mm и има дијаметар од 32mm).

Инаку, сите тие батерии се само литиумски и даваат ист излезен напон, 3V (до кај 3.2, 3.3V кога е сосема полна батеријата), така да, не игра улога дали ќе земеш ваква или онаква (CR1832, CR2032, CR2020, итн.), само гледај да може да ја собере по големина во фото апаратот.

Околу врзувањето на батеријата... по правило, овие батерии не се лемат (општо, скоро ниедна батерија не се леми, се пунктираат), но, знаеме дека најчесто немаме пункт апарати по дома, така да, и немаш друга опција освен да ја лемиш. Шмиргни ја од двете страни на контактите со водена шмиргла и со леткумот на релативно висока температура (не на максимум, али на така... доста висока, пример околу 380, 400 степени) многу брзо леми, за да не се прегрее батеријата, и потоа дувај во неа за да ја оладиш побрзо ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Mkdsime

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 135
Re: Sony Cyber-Shot DSC-WX7 - не се вклучува
« Reply #2 on 06.06.2021, Sunday, 23:30:18 (Edited 08.06.2021, Tuesday, 02:08:31) »
Батеријата за меморијата е со код MS614SE, и на google пишува дека може да се полни "(Manganese Silicon) lithium rechargeable batteries".
Пробав ја извадив плочката од самата батеријата за камерата и ставив 4.2V напон но не влече струја камерата :(.
Барав кај нас нова батерија и усб кабелче за полнење и префрлање на податоци неможев да најдам. Незнам дали може како кај телефоните да се флешне камерава софтверски додека не е вклучена, и да пробам после подолго време повторно да нарачам од алиекспрес усб кабелче затоа што ebay скоро да нема веќе ситни работи од Кина.
Некој да не знае како се вика конекторов ?


Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Sony Cyber-Shot DSC-WX7 - не се вклучува
« Reply #3 on 08.06.2021, Tuesday, 01:10:00 (Edited 08.06.2021, Tuesday, 02:10:42) »
Батеријата за меморијата е со код MS614SE, и на google пишува дека може да се полни "(Manganese Silicon) lithium rechargeable batteries".

Хм... добро, можеби, не пребарував искрен да бидам.

Пробав ја извадив плочката од самата батеријата за камерата и ставив 4.2V напон но не влече струја камерата :(.

Не знаеме дали е до некој софтвер или до компонента некоја :-\. Може да пробаме да побараме шема од камерата, ама не верувам дека ќе најдеме... сум барал од фото апрати и камери шеми, тешко, едвај се наоѓало.

Поентата ми е... тешко дека ќе дознаеме што е точно проблемот со фото апаратов, не поради друго... проблемот може да и софтвер и хардвер, а тешко дека ќе се установи без дополнителна анализа (под лупа) или без шема.

Побарај online шема, ако најдеш, ОК, ако не, ќе пробам после јас нешто Русиве скриено да не имаат :P :D.

Некој да не знае како се вика конекторов ?


Некој вид на custom Micro USB ???... не знам... не личи баш на Micro USB... и Samsung и Sony знаат да прават вакви proprietary глупости, за да мораш кабле од нив да купиш ::).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."