Author Topic: Kiosk/POS вгнезден печатар  (Read 736 times)

Offline bkupev@gmail.com

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Kiosk/POS вгнезден печатар
« Opened on 12.05.2021, Wednesday, 00:05:52 (Edited 19.05.2021, Wednesday, 20:37:26) »
Здраво,
Дали има некој информација каде може да се набави вгнезден печатар со комуникација преку сериска порта во Македонија или околниве држави (Србија/Бугарија)? Модели како што се нудат на AliExpress:

Code: [Select]
https://www.aliexpress.com/item/33049506800.html


Поздрав,
Благој

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 730
  • Gender: Male
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #1 on 12.05.2021, Wednesday, 02:51:29 »
Незнам точно каков принтер бараш.
Разгледај на линкот.
Code: [Select]
https://store.comet.bg/en/Search/?keywords=printer#eyJpcHAiOiIyMCIsIm0iOiIiLCJrIjoicHJpbnRlciJ9фирмата е Comet  во Софија Бугарија.

Линковите треба да се кодираат.
Сепак се ВРТИ !!!

Offline bkupev@gmail.com

  • Нов член
  • *
  • Posts: 5
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #2 on 15.05.2021, Saturday, 11:02:16 »
Здраво,

Quote
Линковите треба да се кодираат.
Не знам за какво кодирање станува збор, но верувам дека линкот кој го постирав може да се користи и да се види за каков принтер станува збор.

Quote
фирмата е Comet  во Софија Бугарија.
Благодарам, гледам имаат што ми треба.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #3 on 19.05.2021, Wednesday, 20:38:59 »
Не знам за какво кодирање станува збор, но верувам дека линкот кој го постирав може да се користи и да се види за каков принтер станува збор.

Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=92.0
Code: [Select]
http://elektronika.mk/index.php?topic=10790.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 144
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #4 on 20.05.2021, Thursday, 23:59:08 »
Во "Сектрон" (Kaj "Зебра") имаш ваков принтер. Mислам дека е доста скап (околу 600,700 евра). Дравјер му пишуваш сам ако ти е за специфична намена, али имаш ESC кодови. На прво стартување ќе мора со полн RS232 кабел да одиш затоа што по default има rs232 хардверски handshake (+RTS и CTS)), а после можеш да го поставиш и на обична комуникација (Rx,Tx). Сум (сме) го користеле за вградување во паркинг терминал

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #5 on 26.05.2021, Wednesday, 03:27:23 »
Off topic...

Ај вака... ќе бидам брутално искрен... не е дека ми пречи коментарот на MURO, далеку од тоа, баш корисен коментар е ;) ... НО bump-от на мојот коментар го „натера“ (го виде коментарот во тема во recent forum topics... претпоставувам, нека ме корегира ако грешам) да пише, НО, притоа, никаде не се спомна мојот коментар во стилот на „И да, GigaWatt е во право, правило на форумот е, треба да се кодираат линковите ;)“.

Ова го гледам од долгогодишни членови... сите очекуваат само адмнините и модераторите да го чуваат редот на форумот, а сите останати членови се само innocent bystanders ::).

Уште една причина зошто форумов тоне. Не е (само) до изгледот, видете го remont-aud.net... не изгледа ништо подобро од овој форум, а сепак е преполн со содржина... и се полни... сеуште.

My 2 cents...
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 144
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #6 on 09.06.2021, Wednesday, 13:25:54 »
Види Гига, многу ти е конфузен говоров, и, не ти го разбирам. Видов дека во некој контекст ме спомнуваш. Без потреба кревање прашина околу некодиран  линк. Не ги прочитал внимателно правилата, голема работа. А, што се однесува до тонењето на форумот, тоа е затоа што немаш многу дечки како авторот на темава. Треба да привлечеш такви. До тогаш, нивото на форумот ќе ти биде "Тајмер со NE555" и "Види шо купив на бувљак". Тоа се рани 80-ти

Offline Nikol4e

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 74
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #7 on 09.06.2021, Wednesday, 19:14:20 »
Нема повеќе "електроничари". Нема повеќе народна техника, отп, техничко, па средно техничко. Сега се штанца кадар од гимназија, кој веќе на 14/15години знае дека ќе биде програмер или доктор. Лека, полека, доаѓа времето на техничарите и занаетчиите, е тек тогаш ќе биде оф мори мајко.

Нема да заборавам по отп, кога правевме сирени и полициски светла, па на еден му свети, на друг не, па од нервоза барај грешки, па лошо си залемил, или неисправна диода. Јас два пати сум бил на натпревар по моделарство, правевме ракети, кои со стартери во вид на петарда ги лансираа, па радости кога ќе се отвори падобранот и ќе слета мирно. Електрониката и се околу неа изумира, и се бројат годините, и мајсторите кои знаат што како, а не останатаи од време на сфрј, па пробај едно, пробај друго, па вака, па така. Знам дека бегам од крајност во крајност, ама морав некаде да се испукам. Нека проштева гига и цел виш борд на администратори.
Дојде време на ќоравење на телефони, и социјално дистанцирање. Нека ни е на здравје.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #8 on 09.06.2021, Wednesday, 22:22:19 »
Сега се штанца кадар од гимназија, кој веќе на 14/15години знае дека ќе биде програмер или доктор. Лека, полека, доаѓа времето на техничарите и занаетчиите, е тек тогаш ќе биде оф мори мајко.

Малку коментаров е контрадикторен. Зошто? Затоа што програмерот е еден вид на занаетчија, техничарот (не сум сигурен дека разбрав за каков техничар зборувате) исто така. Патем, нема ништо лошо во тоа некој да е програмер или доктор (знаеме дека сите доктори излегуваат од државата, но тоа е друга тема на муабет). Се наоѓаме во четврта индустриска револуција и не можеме да очекуваме од младите да ги прават истите работи што ги правеле во минатото. Убаво кажа @MURO тајмеро со NE555 се правеле во 80-те, кога тоа било тренд.

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #9 on 10.06.2021, Thursday, 15:37:38 (Edited 10.06.2021, Thursday, 15:52:42) »
@MURO
Во право си дека треба да се следи напредокот во техниката, ама никој не се родил учен и не почнал со вакви работи, туку баш со „Тајмер со NE555" или „Трепкач со две ЛЕД“ или нешто слично. Баш заради почетниците, кои да не се лажеме, го чинат поголемиот дел од членовите, треба да има и такви теми.
Ти си професор, знаеш дека материјалот се совладува постепено, од едноставните работи па како напредуваш одиш кон посложени... :)

Иначе, средина на 80-ти кога почнував, читав Мала школа електронике кај што полата шеми уште беа со германиумски транзистори, додека светот се занимаваше со првите микроконтролери. Сега се е достапно со еден клик, ама времињата се сменија, ја нема таа драж што ја имаше на времето, нема ни интерес ни волја да се создава нешто кога за се имаш готов модул по цена помала од деловите ако сам го правиш.
Ова, меѓу другото, го кажувам и од сопствен пример - требаше да направам неколку уреди за магнетна терапија, наместо да барам шеми, цртам плочки итн. си нарачав готови PWM генератори на фреквенции, тајмери, сите лични убави со дисплеи со триста чуда, неколку модулчиња 2x50W D-класа засилувачи да ги возат калемите и тоа е тоа, денес ги завршив, лего-систем, се убаво спакувано во кутија, супер си работи, ништо не се грее, милина... Кога би правел се сам дома, само еден појак мосфет би ме коштал повеќе од модулчето D-класа, кое без проблем вози два калема истовремено, а каде се плочки, други ситни делови, ладилници итн.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 144
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #10 on 10.06.2021, Thursday, 17:05:25 »
Гледам, не се разбираме, па ај да бидам малце подиректен. Не ми беше намерата да го критикувам нивото на форумот. Одговорив на прашањето од темата пред незнам колку време. Потоа, пак после подолго време, се најавувам, за друга некоја работа. Гледам, Гига на мојот пост одговорил со еден говор кој не го разбрав. Па се вратив по текстот нагоре, кој инаку не го прочитав првиот пат, каде што тој го прекорува новиот член за некодираниот линк. А во последниот негов текст ме прекорува мене што не му се "стаивме" заедно на "новиот" за некодиранот линк. Сфатив, дека после неговиот текст не требало никаков коментар да има, освен "амин". Е па, "новиот" е нов на форумов, а у реалност е еден од "тешкашите" кои во МК се бројат на една рака. "NE555" си треба, ама, со таквото арогантно однесување форумот ќе си остане на "NE555"

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #11 on 10.06.2021, Thursday, 17:24:22 »
Не знам зошто повеќето членови имате дојам дека треба да се слагате со администрацијата за се или да пишувате Амин на секој коментар (или Амин +++) :D... Секој треба да си има свое мислење и да си го каже, без разлика дали е исто или спротивно со член на администрацијата.
Иначе, авторот на темата не го знам лично, но ги имам читано неговите написи во емитер и мислам дека е еден од ретките на кој повеќето проекти му се сопствени, значи не препишани од негде и модифицирани за наши услови, и поради тоа имам уште од тогаш голем респект за неговата стручност. Тоа што не го кодирал линкот е негов пропуст, и укажано му е на тоа за во иднина да внимава. Можда не требало да бидеш ти спомнат, пошто админите опоменуваат за вакви пропусти, не членовите, али биднало више...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #12 on 12.06.2021, Saturday, 18:50:12 »
Види Гига, многу ти е конфузен говоров, и, не ти го разбирам. Видов дека во некој контекст ме спомнуваш. Без потреба кревање прашина околу некодиран  линк. Не ги прочитал внимателно правилата, голема работа.

Токму ова е муабетот... не е поентата само ние како администрација да опоменуваме... очигледно не ти значат ни тебе правилата... да, ги почитуваш, ама само поради тоа што мораш, а не од почит према форумот и членовите. Некој не кодирал линк или не пишал на кирилица, big deal, еве ги сега „џандариве“ ќе дојдат и ќе му го избришат post-от или опоменат ::).

Поентата ми е, наместо да застанете на страна на администрацијата, на нас се гледа како на дежурни џандари... чест на исклучоци, има и такви членови кои знаат и да опоменат друг (нов) член за некоја несоодветност со правилата, но пак ќе речам, ретки се... и кога беше релативно активен форумовм, ретки беа.

А, што се однесува до тонењето на форумот, тоа е затоа што немаш многу дечки како авторот на темава. Треба да привлечеш такви.

Дај идеја... отворен сум за идеи...

Дојде време на ќоравење на телефони, и социјално дистанцирање. Нека ни е на здравје.

Апсолутна вистина, нема што да негирам... и да, уште една причина зошто општо тонат форумите, не само овој.

Патем, нема ништо лошо во тоа некој да е програмер или доктор (знаеме дека сите доктори излегуваат од државата, но тоа е друга тема на муабет).

Паааа... не е баш друга... поврзано е се тоа, и со неактивноста на форуми (локални, Балкански) и многу други работи. Не мислам на лекарите, се разбира, мислам на техничките кадри ;).

Се наоѓаме во четврта индустриска револуција и не можеме да очекуваме од младите да ги прават истите работи што ги правеле во минатото.

Да, но за жал, што и да прават младите, скоро ништо од тоа не се презентира локално (на некој форум, online, некој блог, итн.). Евентуално некој клип на YT ќе направат, добро нашминкано се тоа, се разбира презентирано на Англиски (Македонија и не е баш некој голем пазар за млатење пари од views) и тоа е тоа.

Генерално земено, време е на шарлатанство. Четврта ли е, петта ли е, десетта ли е индустриска револуција, сите сакаат да ќарат брзо и без многу труд, факт. Не дека јас не сум пробувал да фатам кривини кога можам, ама не за се. Сега, во денешно време... апсолутно за се се бара кривина (shortcut)... уште една работа поради која ваквите форуми умираат. Споил 3 модили од AliExpress некако да функционираат и да прават нешто и тоа го презентира како „дизајн“... извини, ама тоа е скоро еквивалент на дете кое направило некоја негова количка од Лего коцки да каже „еве, ова е мој дизајн“... да не беа Лего коцките, на што ќе имаше дизајн ::).

Поентата ми е... модуларноста ја убива оригиналноста... да не бидам разбран погрешно, ОК е да се користат, но не цел дизајн да ти се базира на модули.

... нема ни интерес ни волја да се создава нешто кога за се имаш готов модул по цена помала од деловите ако сам го правиш.

Да, и ова исто така :-\... жално, но... така е...

А во последниот негов текст ме прекорува мене што не му се "стаивме" заедно на "новиот" за некодиранот линк.

Малку ги „филуваш“ работите... не дека сакам „да му се ставиме заедно“, туку наместо админ или модератор да опомене (како што секогаш правиме), конкретно за правилата за кои знаете дека знаеме да опоменуваме, можеше и ти како долгогодишен член да опоменеш, нели... ама немаше таква реакција од твоја страна... во ред, твое право, не дека не е, но... како очекуваш форумов да биде добар кога и ти како член гледаш на него како место на кое може да огласам по нешто и толку ::).

Сфатив, дека после неговиот текст не требало никаков коментар да има, освен "амин".

Да... како и секогаш... јас лично само барам сите членови да се сложат со моите мислења, не треба во ниедна комбинација да имаат свои ::).

Коментарот беше насочен кон само ЕДНА работа за која, да, сметам дека треба да се на иста линија администрацијата и постарите членови.

Е па, "новиот" е нов на форумов, а у реалност е еден од "тешкашите" кои во МК се бројат на една рака.

Јасно на сите кој е новиот член, не сме од вчера... не беше тоа поентата на коментарот... без разлика што е еден од „тешкашите“ во Македонија, кои да, навистина се бројат на прсти веќе, тоа не го менува фактот дека можеше некој член да му посочи на грешката, а не само „дежурните џандари“ да опоменуваат и секогаш коментарите „глеј ги бе... идиоти, за еден кодиран линк опоменуваат, ц ц ц ц ц ц... да не ти се верува“ да ги собираме на наше конто... ние сме лошите, стегнатите, ваквите, таквите, а најреално, само за две правила опоменуваме - кодирање на линкови и кирилично писмо ::).

"NE555" си треба, ама, со таквото арогантно однесување форумот ќе си остане на "NE555"

Никаде не видов ништо арогантно ни од моја, ни од страната на dr-mr... те молам посочи (цитирај) што арогантно имам пишано јас или dr-mr.

Можда не требало да бидеш ти спомнат, пошто админите опоменуваат за вакви пропусти, не членовите, али биднало више...

Го пишав она што го пишав, само поради тоа што, dr-mr опоменал за кодирањето (секоја чест), јас дообјаснив зошто, но MURO веднаш потоа, во нареден коментар, не спомна ништо за некодираните линкови, а не е е член од вчера.

Да, ова се нема случено еднаш. Само сакав да посочам дека, да, не сметам дека ова е во ред. Не е поентата да „се сипаме“ на членот, ама ете, јас може во конкретниот post, немав време тогаш да дообјаснувам што како и зошто, ете, MURO имал време да искоментира доста повеќе од мене за конкретниот проблем post-иран во темата, но не најде за сходно да спомне нешто за кодирањето на линковите... ОК, во ред... нека е така... но, после нека не се буни дека „дежурните џандари“ само се тука за да опоменуваат и ништо друго освен тоа... бидејќи и сам знае дека не е така, но кога ќе треба одговорноста за уредувањето на форумот да падне на нечиј друг грб, освен нашиот (мислам пред се на почитувањето на правилата), ретко кој се нафаќа да опомене и он да биде „дежурниот џандар“... да, ние го одржуваме, ама зар мислиш дека е фер, особено после толку години членство, барем долгогодишните членови да не осетат потреба дека можеби треба да застанат зад некои работи зад администрацијата, особено за буквално две правила за кои опоменуваме - кодирање линкови и кирилично писмо?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 144
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #13 on 13.06.2021, Sunday, 07:46:28 »
Гига, просто е. Човекот прашува кај може да најде принтер, ја му одговарам, а ти у следниот пост нешто хистеришеш и ме спомнуваш. Значи, нема што да ме спомнуваш. Ако не ти чинело нешто ќе си ја затвориш темата.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Kiosk/POS вгнезден печатар
« Reply #14 on 14.06.2021, Monday, 02:48:53 »
Гига, просто е. Човекот прашува кај може да најде принтер, ја му одговарам, а ти у следниот пост нешто хистеришеш и ме спомнуваш.

WOW :o... очекував малку поконструктивен одговор од овој... ме изненади искрен да бидам... не го очекував ова...

Ако не ти чинело нешто ќе си ја затвориш темата.

Не значи дека ако ја имам моќта, дека секогаш треба да ја користам... всушност, буквално на прсти од една рака се брои колку пати имам заклучено тема... освен ако очигледно не била spam, тоа не се брои.
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."