Author Topic: APEX лампашки линиски предзасилувач со PCC88 (ECC88)  (Read 2027 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
APEX лампашки линиски предзасилувач со PCC88 (ECC88)
« Opened on 07.04.2020, Tuesday, 19:04:06 (Edited 08.04.2020, Wednesday, 13:24:22) »
Пошто ги имав дома сите делови, а и одамна не сум направил нешто со лампи, во овие досадни карантински денови го составив овој предзасилувач од APEX :).
Ме изненади колку добро звучи, нема никаков шум, брум или сл., со сигнал од мобилен на влез дури и на моите ефтини звучници се добива оној типичен „топол“ лампашки звук. Шема, плочка, монтажна и список на делови на сликите подоле, додека плочката прецртана во Sprint ја има закачено најдоле.
Може да се користи ECC88 или PCC88, потполно се исти, со тоа што греењето кај ECC88 е 6.3V наспроти 7V кај PCC88, па затоа ако се користи ECC88 едната диода D4 или D5 кај стабилизаторот треба да се замени со краткоспојник. Исто така мислам дека треба да се намалат вредностите на R13 или C7, бидејќи со овие вредности на шемата треба повеќе од три минути да поминат за да се вклучи релето. Иначе релето ги држи краткоспоени излезите додека да поминат сите преодни појави по вклучувањето и да се стабилизира предзасилувачот.
На стабилизаторот треба да се монтира некакво ладилниче, ова на сликите е повеќе од доволно, може комотно да се држи со рака и после подолго време. На мосфетот не му треба никаков ладилник. Иначе бидејќи немав IRF830 му ставив IRF730, првиот е за 500V, вториот за 400V, во случајов не прави никаква разлика.







Готовиот предзасилувач:









People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12723
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Направи некои мерења на предзасилувачов, или онака, од уво убаво звучи?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Мене убаво ми звучи, тоа е најбитно, а кој има опрема и желба да мери нека каже, ќе му го позајмам... ;)

Иначе во консултација со Миле APEX ги намалив R13 или C7 на 2M и 33uF и сега времето на задршка на релето е отприлика минута и пол.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline milika

  • Нов член
  • *
  • Posts: 24
Предoбрo екстрa :D ;D

Offline WhyNotSak3

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
А би можел ли пред лампашкиот предзасилувач да ставам тонска контрола или ?

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3115
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Може, со тоа што јас би ја ставил помеѓу предзасилувачот и засилувачот, има повеќе проверени шеми за тонски контроли и еквилајзери од APEX, доколку правиш би ти препорачал нешто од тоа.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline bumbar

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 66
..Ак решиш да го продаваш во април/мај - пиши ми...Иако немам трафоа за него...(оној за 9 V ќе го најдам галиба)...