Giga, сега ти мене ме навреди. Иако не сум по теоријата, во тие 45 години сепак “нешто“ сум научил и знам.
Многу добро знам дека обележаниот дел е повратна врска (на некој начин како и во аудиото да не дојде до неконтролирано засилување...) ама не ја следи секундарната страна.
Што е примар а што секундар, е многу дискутабилно
. На пример, јас имав направено проект со лампашки предзасилувач и немав на располагање трансформатор 1:1, барем не некој со мала моќност (бидејќи е предзасилувач, не троши многу струја), па искористив два класични трансформатори, со тоа што вториот беше врзан обратно - излезот од првиот (неговиот секундар) се врзуваше за (според „пропис“) секундарот на вториот, за да на неговиот (според „пропис“) примар, добијам пак 230V~
.
При мотање на трансформатор (било каков, па и SMPS), генерално земено, сите намотки се намотано околу едно јадро, така? Е сега, која намотка е примар, која секундар, одредува дизајнерот на трафото (врз база на тоа каде ќе се користи). Ние само гледаме „ова е примар, ова е секундар“ врз база на шемата, така
?
Поентата ми е следна. Баш примарната намотка во SMPS-от од примерот кој го имаш дадено (па и било кој SMPS), предизвикува „реакција“ (импулс, пулсирање) на било која намотка намотана на тоа јадро. Генерално земено, ако на само една намотка се носи импулсен напон, а поенатата на сите останати е да ја пренесат моќноста од оваа првава (примарната), какви се тогаш другите намотки
? Се разбира, секундарни
. А дали намотката ќе биде нацртана на примар или на секундар, или дали ќе и бидат контактите од примарната или секундарната страна, е сосема ирелевантно
. Генерално, тоа е секундарна feedback намотка. Намотка, чија цел е да ја контролира примарната, да определи колкав сооднос импулс-пауза или број на импулси ќе има на примарната страна, за тоа адеквантно да се рефлектира на секундарната страна. Епа, ако нема директна галванска врска меѓу feedback намотката и примарната намотка, каква намотка е таа
. Се разбира, секундарна
. Можно е контактите да бидат на примарната страна, што не значи дека е примарна намотка
.
И зе извинувам ако те навредив, немав таква намера
.
Не мора со ATX-от имам добар извор со регулација 0-30 волти 3 ампери.
Пак не се разбравме
. Поентата ми беше да преправиш ATX и фиксно да го напојува телевизорот, евтини се, 500 денари
. Ако работи на 12V, купи еден и преправи го
. Нема повеќе од 3, 4A да влече сигурно, а за толкава јачина на струја, не ти треба ни кулер ни ни ништо, слободно може да го извадиш
.
Наместо тоа доволен е еден тример пот. од 25-47к и сето тоа да го змени онаа што го предлагаш, а тоа е веќе сторено и ситуацијата е иста што значи дека немам проблем во feedback-от.
Сакаш да кажеш дека, како и да го подесиш потенциометарот, напонот никогаш не е поголем од 7.5V (или колку и да беше... не ми текнува сега, но далеку од 13V беше)?
Да, ако ова е вистина, тогаш проблемот најверојатно е на примарната страна.
Има еден трафо кој дава два независни напони, еден за МВ и еден за заднинското.
Во големата слика во десен ќош горе е конекторот за заднинското.
Колкав е тој напон и дали тој напон е ОК? Мислам, дали работи заднинското осветлување со тој напон? Дали има две секундарни намотки, а еден SMPS контролер? Мислам дека е ваква ситуацијата, ама не сум сигурен, затоа прашувам.
Да би сакал од чиста радозналост (инаку ако си ја прател темата пишав дека имам решение само со други плочи)
Знам, тоа прочитав, ама не те сватив дали мислиш на други плочи (сосема различни од оригиналната) или мислиш на онаа што пријателот ти ја дал (која е иста со оригиналната) од која имало вадено компоненти.