Author Topic: FM предавател со Raspberry Pi 3B  (Read 8776 times)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Opened on 24.03.2018, Saturday, 16:49:54 »
Изминатиов период направив едноставен радио предавател со помош на Raspberry Pi. Ова е едноставен проект и може да го направи речиси секој.  ;D

Raspberry Pi во себе содржи еден пин преку кој што можеме да предаваме FM сигнал, тоа е пинот означен како GPIO4. Па, така кога на него ќе поврземе некоја жица ( но и не мора ),  таа станува антена.



Според ова, направив и јас еден едноставен FM предавател. Кодот може да го најдете тука:
Code: [Select]
https://github.com/markondej/fm_transmitter
За овој проект да биде успешен, најпрво е потребно да се инсталира компајлер за C/C++ ( бидејќи кодот е напишан во тој јазик) и да се направи извршна датотека од кодот. Тоа се прави со следните команди:
Code: [Select]
sudo apt-get install make gcc g++
sudo make

После овие чекори вие можете да го стартувате кодот:
Code: [Select]
sudo ./fm_transmitter [-f frequency] [-r] filename

Каде што фреквенцијата може да биде од 1MHz до 250MHz, но препорачливо е да се користат фреквенциите од 87.5MHz до 107.9MHz. Секогаш треба да се одбере фреквенција која што не е во употреба, бидејќи може да си направиме проблеми, нели.  ;D  И, исто така името на фајлот ( музиката ). Тој мора да биде во WAVE ( .wav ) формат, бидејќи во спротивно нема да работи.



За да се стартува кодот, мора да бидеме во директориумот каде што е тој.



Потоа само го стартуваме програмот, како на сликата. Тука се гледа дека имам пробано со 2 различни музики ( ако може така да ги наречам ).
И, секако тука има и видео од сето ова  ;D



Овој предавател го имам тестирано со 30cm бакарна жица, и успешно има домет од некои 60 метри. Како што ја зголемував жицата така и дометот беше поголем.

НАПОМЕНА: Треба исклучиво да се избираат фреквенции кои не се во употреба, во спротивно може да настанат проблеми.

Со ова се имам смешано лично јас во фреквенција. Така што додека мојот комшија слушаше радио на цел глас, ја наместив истата фреквенција како и неговата станица што ја слушаше и пуштив тивка музика, бидејќи неговата ми сметаше. За среќа не дозна кој е.  ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #1 on 24.03.2018, Saturday, 19:55:41 »
Абе Atanas, само проблеми на луѓето им правиш ;D.

Интересен проект, во секој случај. Со тоа што немаш напоменато дека со компајлирање на кодот се прави Linux binary executable и всушност го подигаш него, а не кодот, кодот е веќе искомпајлиран како binary executable ;). Го стартуваш исто како и секоја друга програма и под Linux и под Windows ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #2 on 24.03.2018, Saturday, 20:02:21 »
Атанас, човече, зар Raspberry Pi 3B користиш за вакви работи!??  Скапа работа е тоа..

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #3 on 24.03.2018, Saturday, 20:03:35 »
Па и не се баш толку скапи... околу 20-тина долари се сега поевтините верзии и копиите ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #4 on 24.03.2018, Saturday, 20:06:41 »
Дваесет долара се веќе пар станици  8)

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #5 on 24.03.2018, Saturday, 22:59:16 »
@batka Па, веќе кога го имав решив да го направам, целта за што го направив ја кажав. Инаку не е 20 долари, малце поскап е. Јас го зедов од Лондон за 40-45 фунти со SD картичка од 16GB. Сепак, го користам и за посериозни проекти. Планирам сега со него да спроведам некој автоматизиран систем дома кај мене.

@GigaWatt Фала на корекцијата, не ми текнуваше името во моментот.  :-\

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #6 on 24.03.2018, Saturday, 23:43:28 »
Нема проблем ;).

На ebay се веќе џабе, особено копиите и клоновите (Banana Pi и сите останати).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #7 on 25.03.2018, Sunday, 11:52:05 »
@GigaWatt според тоа што го имам прочитано од страна на RPi компанијата, не може да се најде копија на него. Бидејќи главниот чип каде што се сместени процесорот и графичката се произведува само за нив. Други, може да се најдат не велам не. И во Кина да се произведува, повторно е оригинал, бидејќи од компанијата имаат изјавено за да се задржи цената од 35$ отвориле фабрика во Кина, бидејќи знаеме дека таму е поевтино да се произведе. Досега имам сретнато 2 RPi 3B, едно моето на кое што пишува Made in UK и едно на кое што пишува Made in P.R.C. И двете работат супер, а платени се иста цена.  ;D

Е, сега, во врска со предавателот. Има повеќе примени, на пример може да се пушта сопствена плеј листа на музика кога сте во автомобил и во него нема 3.5mm jack ( обично во постарите радија ), па преку ова да пуштате директно во автомобилот. Исто така, доколку сте некаде во планина или што знам било каде во природа, може да пуштате директно музика. Значи, се останува на нас како ќе го искористиме ;D ;D

И, секако не се исплати да се купи RPi само за да се направи предавател.  ;D ;D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #8 on 25.03.2018, Sunday, 17:29:53 »
За таа намена за која што спомна (пуштање на музика во кола преку FM ако радиото нема Aux или нешто слично), сигурно нема да купам Raspberry Pi ;D. Има мал милион такви уредчиња кои се врзуваат на конекторот за запалката во автомобилот и се живо џабе на ebay ;).

Но како експеримент, се разбира, поддржувам секаков вид на експериментирање ;). Така се раѓаат навистина добрите идеи ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6320
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #9 on 26.03.2018, Monday, 01:01:13 »
Интересен проект и одлична презентација на истиот од страна на Атанас, браво !
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #10 on 26.03.2018, Monday, 05:01:46 (Edited 26.03.2018, Monday, 05:15:27) »
Напредува човеков!Само напред. Да не отворам нов пост  еве една  шема за Атанас: испробана, стабилна со кварц и дава околу 1 ват. Со добра антена прави``ршум``.Место микрофон (динамички) врзи директно МП3 или телефон и свири! 8)

Offline jole59

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #11 on 26.03.2018, Monday, 08:27:38 »
Убаво :).Се се набавува лесно завојниците две се 6 навивки на 7 милиметра бургија дебелината на CU жицата мислам дека е стандардно 0.8мм може или и 1мм не би требало да е страшно.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #12 on 26.03.2018, Monday, 12:28:43 »
@jole59 Ме потсеќаш на еден член, nsu. Да не си ти случајно повторно?

@batka Ќе го пробам тоа, кога ќе имам време наредниот период. Сега се спремам за на натпреваров од НТ, турбо.   ;)

Исто така, во врска со проектов, може да се поврзи и микрофон и директно да се зборува преку него. И да се емитува тоа секако.  ;D

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #13 on 26.03.2018, Monday, 15:30:22 »
Да, може и микрофон,и вака гледано да биде динамички.Ако ставаш кондензаторски или електретски , стави преднапон од + от до микрофонот и еден кондензатор .Ако не ти е јасно ке нацртам, немам сега време...

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 717
  • Gender: Male
Re: FM предавател со Raspberry Pi 3B
« Reply #14 on 26.03.2018, Monday, 16:17:08 »
Не, не, зборувам за мојот проект, да не стани забуна. Инаку јасно ми е. :D