Author Topic: 5 елементи јаги антена за 144-146 мхз  (Read 1453 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 710
  • Gender: Male
5 елементи јаги антена за 144-146 мхз
« Opened on 04.03.2018, Sunday, 15:03:19 (Edited 04.03.2018, Sunday, 15:21:18) »
Радиоаматерските антени за овој опсег знаат да бидат скапи, околу 100-200$
Радиоконструкторството дава можност да се изработи една таква со речиси 0 денари инвестиција. Потребна е само желба за работа и креативни способности. Бидејќи располагав со доста отпаден материјал од стари антени, решив да направам една. Бидејќи со антените нема играње доколку не сакаме да го прегориме излезниот степен на радиоуредот, треба да најдеме точна пресметка за истата. На интернет има доста онлајн калкулатори кои се покажаа без врска. Резултатот е висок SWR, и неправилен однос „напред-назад„. Може тоа да се среди со антенски тјунер, но со тоа засилувањето на антената слабее и не го добиваме очекуваниот резултат. Поради тоа се консултирав со поискусни радиоаматери и врвни радиоконструктори. За оваа антена пресметките и дизајнот ги направе мојот колега и пријател Миле Кокотов Z33T, и истите ми беа потребни за да изработам оваа антена.

Користени беа алумински цевки со пречник од 8мм, како и ноисач на елементите кој исто така е од стара тв антена.
Најголемиот проблем е прицврстувањето на елементите за носачот, кој го решив со таканаречени „сурмиња„ од 8мм и цевката не мрда!
Има два типа на поврзаност на елементите со носачот. Едниот е кога елементите се изолирани од носачот а другиот е кога не се изолирани од носачот. Изолирана е само антенската кутија каде е сместен диполот.







Откако на носачот ги обележав растојанијата на елементите, како и кратењето на истите според шемата, изработката можеше да почне.





Елементите вака нити може да се извлечат нити се закосуваат и не клатаат. Едноставно се како закотвени.





Следно е изработка на диполот.



Пластикава ја изработив на глодалка. Средниот жлеб и со ширина колку носачот.





Оваа пластика ја изработив на дребонг и служи за спојување на двата елементи од диполот, растојанието меѓу нив треба да е 12мм.




Пред да го монтирам диполот на антената последен тест така наречен „Ешалон„


Сите елементи освен диполот се монтирани, и се гледа само еден елемент.

Изработка на диполот.



5 навивки од RG58 се доволни на парче од дрвена рачка од метла.



На платиката израбтена на фреза се монтира пластичната кутија заедно со диполот.




Со ова антената е готова. Добиен е SWR 1:1,2 што е одлично, нема загуби.
Остварена беше радиоврска со R3 каде што поминав одлично.





Оваа антена ја испробав и на SSB секако преку хоризонтална поларизација и истварив радиоврски со грција и русија со одличен рапорт. Користен беше Kenwood TS-700G и Yaesu FT-1500m
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 710
  • Gender: Male
Не знам зошто сликите вака неубаво ги дава  :-\
Hams do it! With Frequency

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3118
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Екстра, како и сите твои изработки... 8)

Иначе збиени се сликите по ширина, не знам зошто, дали е нешто до форумот или до хостот, треба да провериме...
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: 5 елементи јаги антена за 144-146 мхз
« Reply #3 on 04.03.2018, Sunday, 17:03:25 (Edited 04.03.2018, Sunday, 17:11:11) »
Не знам зошто сликите вака неубаво ги дава  :-\

Го ископира forum code линкот од Photobucket и paste му направи на форумов?
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 710
  • Gender: Male
Да. Ама не од бровсер туку од каде што имаше на десната страна опција за поставување линк
Hams do it! With Frequency

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12736
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Да да, разбирам. Тоа и сакав да кажам, го ископира forum code линкот од Photobucket и го стави тука во post-от. Кај линкот пишува IMG, ама тоа е всушност forum code или BBCode. Зошто некој би го крстил вака кодот... не ми е јасно, ама ајде ::).

Само што, сега не ги прикажува сликите ::). Дури и ако кликнеш на нив не се прикажуваат.

Не знам колку си информиран за дебаклот со Photobucket, имавме пишувано во неколку теми за тоа. Еве една.

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=14070.0
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."