Author Topic: RF Antena 868 Mhz za tRf click  (Read 1014 times)

Offline engineer_m

  • Нов член
  • *
  • Posts: 1
RF Antena 868 Mhz za tRf click
« Opened on 18.07.2017, Tuesday, 14:25:55 (Edited 18.07.2017, Tuesday, 14:36:52) »
Здраво, дали некој знае каде во Ск може да се набави појака RF антена 868 МHz за tRf click. Во спецификацијата на tRf- от стои дека опсегот помеѓу 2 уреда може да биде и до 10 км на отворено. Сепак, со антените кои што ги препорачуваат од Логинг (2 dB) констатирав дека опсегот не е ни 500 м во затворен простор. (Еднито tRf click е во една зграда, а другиот во друга).

Поздрав

Offline Z33RTF

  • Нов член
  • *
  • Posts: 8
Одг: RF Antena 868 Mhz za tRf click
« Reply #1 on 19.07.2017, Wednesday, 16:02:34 »
Антена за тој опсег во Скопје тешко , а и општо тешко е пошто нема. Можиш сам да си напрајш антена многу лесно. Ако сакаш само дипол l=c/f (c- брзина на светлината , f - фреквенција и l - ламбда или бранова должина) , можиш да напрајш и GP (Ground Plane) антена , а најдобро ќе е некоја насочена антена како јаги.
Загубата на сигнал на таа фреквенција на растојание од 10m е 49dB , на 100м е 69dB , на 1km e 89dB (отворен простор). Е ако на тие бројки му ја одземе снагата од предавателот 27dBm и појачувањето на антената би добиле некој помали бројки. Овие бројки се прифатливи. Околу опсегот во зградите е малце по комплицирано. Поради што фреквенцијата е малце по висока затоа и загубата е по голема. Кога сигналот ќе помине низ ѕидовите тој дополнително слабее и затоа опсегот е помал.