Останато > Кутии

Кутии од стари компјутерски 5.25" оптички уреди (ODD, Optical Disc Drive)

<< < (2/2)

Zan:

--- Quote from: stiffy on 21.05.2017, Sunday, 01:59:47 ---п.с. Овие цд ром-и само со напојување на 3.2мм џек даваат аудио сигнал? Како цд плеер дали самостојно може да се однесуваат?

--- End quote ---
Даваат аудио сигнал, но нема како да го контролираш, освен ако има на него копчиња Play/Next.


Интересна идеја GigaWatt :)

GigaWatt:
@stiffy: Фала, верувај, ова ми е едно од моите врвни „механичарски“ (се што не е електроника) подвизи ;D. Тотален дудук бев за вакви работи, ама еве, некако, полека, полека, се искалувам и на тоа поле ;).

И да, може индивидуално да се користат, под услов да има кочиња како што пиша Zan. Имам дома неколку вакви, со Play/Next и Stop/Eject копчиња. Сигурно 2 или 3 од нив се исправни, бидејќи ги имам користено во комбинација со SMPS од PC како замена за мини транспортен CD плеер... бидејќи дискмените на времето беа скапи ;D.

Скоро сите постари оптички уреди можеа независно да работат како CD плеери. Имаа и заден аудио излез, бидејќи во тоа време, PC-ињата и не беа баш моќни, па да очекуваш додека работиш нешто на него и да декодира PCM сигнал од CD/DVD-ROM беше... mission impossible. На постарите членови на форумот сигурно им текнува, имаше еден посебен, најчесто сив, кабел со 4 пинови со кој се врзуваше задниот аудио излез од оптичкиот уред со CD In влезот (да, имаше ваков влез ;)) на постарите аудио картици ;)... практично, постарите аудио картици имаат два линеарни влеза, еден беше Aux In, а другиот беше CD In, со тоа што CD In беше интерен интерфејс (немаше надворешен back panel конектор за него), ама без разлика, тоа не значеше дека не можеш да го користиш како линеарен влез за нешто друго ;). Баш имавме направено со еден другар мини дво канално PC миксерче со едно програмче и овие два влеза ;). Само што, квалитетот на звукот беше... држ ме мајко ;D. Добро, да бидам искрен, не звучеше како транзисторче, ама далеку беше од денешниве onboard HD картици.

На постарите членови сигурно им текнува на Audiograbber, програмче без кое не се можеше ;D. Инаку, станува збор за Audio CD Ripper, подоцна EAC (Exact Audio Copy) се користеше бидејќи престана да се развива Audiograbber, мислам дека последна верзија беше 1.83. Како и да е, имаше некои CD-иња кои едноставно не сакаа да се rip-уваат преку IDE/ATA/ATAPI интерфејсот (дигитално)... заштитите не беа проблем, Audiograbber имаше дополнителни опции за заштитени аудио дискови. Поголем проблем беше изгребано CD :S. За некои CD/DVD-ROM-ови, ова беше кошмар. Можеби и ќе го исчита CD-то, ама нема да може да го rip-ува како што треба бидејќи беше изгребано... ќе сецкаше или ќе рипнуваше на некои делови од траката... жив кошмар, особено ако станува збор за некоја навистина добра трака/песна ;). Е, тука опцијата за CD In Rip беше навистина корисна ;). Всушност, Audiograbber само ќе му дадеше команда за Play на определена трака на CD-то, сивото кабле ќе го дадеше сигналот до аудио картицата, а таа го grab-уваше сигналот и го снимаше во PCM WAV (тогаш беше мисловна именка да копираш и конвертираш во исто време ;D, прво се копираше во WAV, па се конвертираше во... нешто, MP3 @ 128kbps најчесто ;D). Е сега, квалитетот на снимката не беше ист. Нивото на шум беше далеку повисоко и квалитетот на сигналот беше далеку од сјаен, ама барем не сецкаше траката ;). Можеби ќе имаше по некое „цст, цст цст“ на некои делови од траката (она, кога сака да сецне, ама... никако да го направи тоа ;D), ама барем не ти го прекинуваше задоволството ;)... многу, и тоа „цст, цст“ беше непријатно за слушање, ама повеќе се трпеше од прерипување ;) ;D.

Имаше и еден проект со некој PIC (уште мислам дека го чувам некаде на PC ;D) кој што ги генерира ATA/ATAPI командите кои се одговорни за playback на аудио CD преку 40 пинскиот IDE интерфејс. Проектот беше со целосна контрола: Play, Pause, Stop, Next, Previous, премотување назад, напред... имаше и 2 X 16 LCD дисплеј на кој се прикажуваше траката, времетрање, CD Text (ако има)... сите салтанати. Практично го претворуваше стариот CD-ROM во класичен CD плер кој... па од дигитален аспек, имаше и повеќе опции од обичен CD плеер. На пример, колку што помнам, имаше опција и да прикаже уште колку секунди се останати од определена трака. Значи траката тера, ти прикажува минути:секунди колку истерала / уште колку минути:секунди останале од траката ;). Прилично корисно ако си DJ ;). Можеше уште да се надградува проектот со дополнителни опции, но за жал, не живна бидејќи се појави прилично доцна (2004, 2005-та, така нешто), а и кај поновите оптички уреди веќе почнаа да ја вадат опцијата за независен playback на Audio CD, така да... отиде во вечните ловишта. А и аудио DAC-овите на CD-ROM-овите беа далеку од сјајни. Да, за просечен корисник, ОК беа, ама малку по изострен слух ако имаш... катастрофа беа :S... многу полоши беа од дискмените, а камо ли од класичен CD плеер. Кој сакате CD плеер земете го, и најевтиниот, пак подобар DAC имаше отколку CD-ROM :S. Практично, CD-ROM-овите со предни копчиња за Play/Next и Stop/Eject ги користевме само ако ептен ептен немавме со што друго да го „вртиме“ CD-то.

@Zan: Фала ;). Имам намера уште некоја да направам, ќе ставам слики и од тие кутии во темава ;).

stiffy:

--- Quote ---Тотален дудук бев за вакви работи, ама еве, некако, полека, полека, се искалувам и на тоа поле
--- End quote ---

Полека, се' бидува...јас така научив солидно работам на дребонг :D само желба треба и време чат-пат  ;D


--- Quote ---На постарите членови сигурно им текнува на Audiograbber, програмче без кое не се можеше
--- End quote ---


И јас имам користено аудиограбер...само не за таа намена....директно од ЦД граб правев за да ги снимам во компјутер/цд во мп3 формат пошто некои од форматите дискменот не ми ги читаше  ;D

иначе прашував пошто имав видено нашкола такви цд-роми и ми се направи филм да си направам еден преносен cd плеер, сега видов и ме потсети...дефинитивно ќе биде  ;D

GigaWatt:
Па да де, да, за тоа се користеше Audiograbber. Поентата ми беше дека имаше и функција CD In Rip. Пишав за што беше корисна, кога CD не сака дигитално да го изрипува ;). Не знам дали и EAC има слична опција... не сум рипувал CD... не знам од кога ;D. Дури ми се случувало, го имам дома, или оригинал или копија од оригинал... кој ќе го бара сеа, дај да видам дали го има во FLAC на rutracker ;D ;D ;D.


--- Quote from: stiffy on 21.05.2017, Sunday, 20:30:10 ---иначе прашував пошто имав видено нашкола такви цд-роми и ми се направи филм да си направам еден преносен cd плеер, сега видов и ме потсети...дефинитивно ќе биде  ;D
--- End quote ---

Дочитај ми го до крај претходниот post, ќе видиш дека нема поента. Многу лоши DAC-ови имаа. Доволно колку за просечен PC корисник, ама далеку од тоа дека може да му парира и на најевтиниот CD плеер. Полоши DAC-ови можеби (и тоа можеби, не сум сигурен) имаат само Кинескине DVD плеери. Не сите, дел се добри, ама некои... ::)... no comment. И тоа за Audio CD, за MP3 playback, бетер се ::).

stiffy:
Аку, проблем ми е мене на вибрации како ќе се однесува...затоа што сакав да направам зафрканција, кај едно другарче за во кола... застава 12.

Му поклонав едно старо појачало со 5 појасен еквилајзер заборавив марка...постариве електроничари сигурно го знаат, и со ова комплетно ретро ќе биде. :P

Така да на толку брчење од моторот дефинитивно никој нема да замери на звукот....проблем се вибрациите, да не почне да се д’тка, а сум прилично сигурен...така да ко и 90% од идеите ќе заврши в канта  ;D

Navigation

[0] Message Index

[*] Previous page

Go to full version