Аналогна електроника > Видео техника

Една антена, 3 ТВ приемници

<< < (2/7) > >>

GigaWatt:
Слабеење на сигналот (влез --> излез) во опсегот во кој е дефинирано дека работи сплитерот (5 - 2450MHz).

И патем, не мислев дека треба да набави баш таков сплитер како на сликата, туку дека најдобро е да набави 3 way сплитер. Сликата ја најдов преку Google search, не го барав конкретно тој сплитер.

Инаку, и не е баш паметно да го набави баш тој сплитер од сликата бидејќи на едниот излез има power pass through, за уреди кои се напојуваат преку кабелската мрежа, така да, можно е при електрични атмосферски празнење да настрада баш тој уред кој е врзан за тој излез... во случај антената да е поставена на отворено. Не дека со некој сплитер кој нема ваков излез нема да настрадаат уредите, туку муабетот е дека во конкретната ситуација, подобро е сплитерот да нема таков излез.

munja:
Ги земав 3 те боом или вип тв лите ги поврзав со антената преку свичерот и се ок сигнал 100 % квлаитет 100% но некој канали сецкаат. Направив дтв антена за еден тв го приклучив и сигнал ок се ок но пак сецкаат каналите и на тој и на другите 2 тв иако јачината и квалитетот се на сите 3 100% дали некој знае како да го решам проблемот антените се на таван порано користев пред една година немав такви проблеми но антената ми беше надвор дали тоа е можеби причината за проблемот или сепак проблемот е до операторот .Да напоменам сецкањето е на одредени канали не на сите ?

GigaWatt:
Пробај види дали без сплитерот само на еден ТВ приемник дали ќе сецкаат каналите. Ако не сецкаат, проблемот е сплитерот.

Ако пак сецкаат каналите, пробај заротирај ја антената во спротивна насока или за 90 степени во лево или десно. Можно е да ти е поставена во погрешна насока. Не е како порано, насочувај ја, па гледај дали има снег или не, сега треба малку да нагаѓаш, да видиш каде е клетката на One. Ротирај ја и види, во некоја насока треба да престане сецкањето.

munja:
Епа вака сега зачи 100% сум сигурен дека не е до свичерот бидејки сега еден тв ми е на посебна антена и кај него е иста ситуацијата останува само да пробам со ротирање на антенните.
Споено мислење: 08.03.2017, Wednesday, 21:21:42Сега правев експерименти со антената и нема резултат најдобрата позиција е иста како и претходно што беше и не ми е јасно како ако квалитетот на сигналот е 100 % јачината на сигналот е 100% пакети на грешки 0 сликата и звукот сецкаат на одредени канали значи не на сите.

GigaWatt:
Можно е да се проблематични box-овите. Сецкаат кодираните или некодираните (Македонските) канали? Си пробал со други box-ови?

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

[*] Previous page

Go to full version