Author Topic: Упатете ме за радиоаматер  (Read 4078 times)

Offline Engineer

  • Нов член
  • *
  • Posts: 11
Упатете ме за радиоаматер
« Opened on 14.01.2017, Saturday, 22:53:51 »
Значи вака
 -Од мал многу имам мерак да работам со фреквенции,додека бев помал се занимавав со поправка на старите радиа и сл.

-Порано имав радио станици, но татко ми распродаде се тоа на времето.
-Сакам да се занимавам со радиоаматерство.
-Е сега ме интересира дали некој може да ме упати каде да најдам радиостаница
-И на кој фреквенции да ја наместам,знам старите беа со кристали внатре и со намотки, сеа новите незнам какви се, ете и доколку најдам радиостаница на кој канали да барам на кој фреквенции.
Ве молам упатете ме.
Благодарам.
 

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Како да станам радиоаматер ?
« Reply #1 on 14.01.2017, Saturday, 23:17:32 (Edited 14.01.2017, Saturday, 23:24:03) »
Значи вака
 -Од мал многу имам мерак да работам со фреквенции,додека бев помал се занимавав со поправка на старите радиа и сл.

-Порано имав радио станици, но татко ми распродаде се тоа на времето.
-Сакам да се занимавам со радиоаматерство.
-Е сега ме интересира дали некој може да ме упати каде да најдам радиостаница
-И на кој фреквенции да ја наместам,знам старите беа со кристали внатре и со намотки, сеа новите незнам какви се, ете и доколку најдам радиостаница на кој канали да барам на кој фреквенции.
Ве молам упатете ме.
Благодарам.



Батка да ти каже нешто- ова ми стои како оној виц - сакам да возам авион ,ама точак уште не сум научил. Тоа што од мал си работел со фреквенции и си имал радио станици кои татко ти ( исправно - ги продал да си нема проблеми) и што имаш само желба ( а не знам колку имаш и знаење! ) да станеш радио-аматер! Пред да посегнеш по радио станица треба многу да научиш, да полагаш испит за радио оператор , да добиеш дозвола за станица.... Приказнава ти е јака,ама мораш да идеш прво во некој радио клуб и да има  ја раскажеш. И една тајна да ти кажам - и ден денес станиците имаат калеми,кристали и намотки ,само се поинакви.И смени го насловот на темата пример , Како да станам радио -аматер ?-

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #2 on 14.01.2017, Saturday, 23:26:46 »
Одиш во АЕК во центар и пополнуваш формулар (барање) за полагање на радиоаматерски испит.

За радио станица највеке купуваме преку интернет бидејки кај нас и нема радио станици а и тие што ги има се со цени како за фирми / професионалци и се прескапи за нас како хобисти. Сајтовите за нарачка од интернет сигурно ти се добро познати, ebay, aliexpres, dx, и многу други.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #3 on 14.01.2017, Saturday, 23:35:56 »
Е,па после ке ти * штракаат* на R0 ... 8) Ке ти * штракаат*, ами како,  и ке немаш право да се лутиш Dx- ер бидејќи некој  за пари ке му  потпише  дека *положил*. А колку научил и колку знае да работи.....

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #4 on 14.01.2017, Saturday, 23:44:17 (Edited 14.01.2017, Saturday, 23:53:21) »
Јас кажав од искуство како иде процедурата за поднесување на барање, после тоа тие убаво ке му објаснат како иде натака... Во државава АЕК издава лиценци и никој друг! Значи тоа полагање по клубови не постои повеке години.
Немам таков впечаток за АЕК, баш напротив АЕК е пример за сериозна институција и репер за многу други институции како треба да работат и да се однесуваат. АЕК работат, први во регионот воведовме дигитална телевизија, 4G LTE услуги и др. новитети пред другите држави.

Штракачите се нешто сосем друго, тоа е психички проблем. Штракачи има и со 50W супер скапи брендови од радио станици и антени, има и повозрасни радиоаматери. Дали човек ке штрака зависи од неговата совест а не од други работи. Има лек и за штракачите, еве ги снема, немам приметено некој да штрака како порано, дури и да има тоа е ретко и неприметно.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Радио- оператор , а не радио- аматер се ствара со полагање испит. Ти ми зборуваш за радио-оператор ,манипулатор на радио- станица! Радио-аматер не  поистоветувај со манипулатор на станица! Радиоаматер е човек кој аматерски се занимава со се во врска со радиото - од експериментирање со радио бранови, антени,конструкции на радио уреди ( не само радио станици!), до слушање на радио врски, ловење на лисица, експериментирање со разни видови радио емисии, и уште многу активности,кои за жал кај нас се одамна заборавени.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #6 on 15.01.2017, Sunday, 00:52:56 (Edited 15.01.2017, Sunday, 00:59:53) »
Радио- оператор , а не радио- аматер се ствара со полагање испит. Ти ми зборуваш за радио-оператор ,манипулатор на радио- станица! Радио-аматер не  поистоветувај со манипулатор на станица!
Зошто тогаш кога уплаќав требаше на уплатницата да напишам Радиоаматерска Служба и ЦБ опсег ?
Зошто правилникот на АЕК се нарекува Правилник за радиоаматерска служба а НЕ радиооператосрка служба?
Самиот правилник започнува со насловот:
ЗА НАЧИНОТ НА ПОЛАГАЊЕ НА РАДИОАМАТЕРСКИОТ ИСПИТ, РАДИОАМАТЕРСКИ КЛАСИ, ТЕХНИЧКИ ПАРАМЕТРИ И ДРУГИ УСЛОВИ ЗА УПОТРЕБА НА РАДИОАМАТЕРСКИ СТАНИЦИ И ОПРЕМА

Исто така и во многу други документи...

Радиоаматер е човек кој аматерски се занимава со се во врска со радиото - од експериментирање со радио бранови, антени,конструкции на радио уреди ( не само радио станици!), до слушање на радио врски, ловење на лисица, експериментирање со разни видови радио емисии, и уште многу активности,кои за жал кај нас се одамна заборавени.

Тоа значи дека и ако користи CB, PMR и сл. е радиоаматер ?
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #7 on 15.01.2017, Sunday, 01:18:39 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:48:21) »
CB опсегот  ти  е  т.н, цитајзент  банд  (citizen band) – или граѓански опсег на кој може секој да работи без положен  радио операторски испит ,само ако  се пријави и плати.Порано беше на 27 Мх ,работа на канали,АМ ( дури и ФМ не бше дозволен, а за SSB немаше ни збор!). Како и многу други небулози што постојат во секој наш Закон,па  и во тој Правилник на АЕК има барем десетина такви недоречености  или  работи од некаде преведени со гугл- транслејт. Побарај барем кај некој наш сосед ( Србија,Хрватска ,Словенија) за да споредиш, а убаво би било да го видиш и прочиташ  ( и споредиш!) пример УСА правилникот.
За подобро да ме разберте  еве пример : во повеќе земји  постојат  пример клубови на  SWL радио-аматери, или  клубови на радио-телеграфисти,каде не можеш да влезеш ако немаш потврдено барем 150 знака во минута отворен  текст или групи. Има клубови на QRPP аматери, клубови на SSTV аматери итн. Дали во Правилникот или некој закон што ја регулира таа област има кај нас некоја таква регулатива??
Па и радио-аматерите користат понекогаш СВ.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #8 on 15.01.2017, Sunday, 04:12:19 (Edited 15.01.2017, Sunday, 04:31:45) »
Токму така батка милион проценти си во право апсолутно се ти е на место да не именувам за двајца радиоаматери имам изработено два ВФ засилувачи со мои четири ај да речам тешко и тајно отуѓени ВФ транзистори од разни сервиси пример за еден радиоаматер во кутија од STR8 парфем метална исечена од мене со хладњакче му направив ВФ засилувач со 2SC1971 на друг со отуѓениот 2SC1972 му направив засилувач на еден со 2SC730 сум му направил абе човек што не го интересира што не направил од едно шипче ламбда четврт антена па после од отпадни материјали не скарабучил GP антена па нема направено ниту еден предавател со PLL човек којшто се води радиоаматер а не знае станичка да испрограмира обична кинеска фреквенција да и смени како добил дозвола да не ги именувам сега но има и луѓе да не ги именувам сега што те знаат и тебе лично такви волци такви легенди што ме заразиле толку сум научил од нив такви волци а добри во душа луѓе и патриоти и човекопоштувачи да се запрепастиш.Е тоа се радиоаматери а има сега и многу млади како мене еве почнаа да учат од нив и да се трудат дури иницијативно пуштија дигитален репетитор како пример за нешто ново кој соработуваат и учат од старите. А има и стари вообразени имаат знаење го кријат се прават паметни да не ги именувам сега со знак јавно ругаат тоест еден е таков руга ли руга ти си гнида бе во смисол продаваш радиостаници кинески ова она. Не сум радиоаматер но хоби ми е многу да слушам и да правам нешто еве сега имам опасен проект ќе бидете известени но многу аматери знам што немаат врска од мене побарале да им сменам фреквенција ВФ засилувач да им направам луѓе кој немаат идеа батка неможе некој да се кажува дека е радиоаматер а да се фали каде планинарел што џип има и што јаде да кажува само знае да збори на станичка и ништо друго абе човек што не направил едно антенче со електроди од швајц апарат со нивно настанување со помош на клеми редни од тешко платени од отпад или тешко отуѓени шипчиња од антени од коли или направено од лименки антена за CB или тешко преплатени ВФ транзистори па и некој отуѓени неможе да се лупа дека е радиоаматер.Секоја чест на старите волци кога ќе пројдеш низ таа нивна долина не си ист човек и секоја чест на младите волчиња кој одат по нивните стапки а не се прават паметни како некои постари од нив шакали но не станале волци во душата и имаат искуство но не волчјо но меѓу волците лесно се препознаваат шакалите. Не лутете ми се не спомнав никој ничие име ова беше само една моја слика и мој став мислам како батка неможе да си радиоаматер а да чекаш од друг да ти направи ВФ засилувач друг да ти направи антена.Сега има евтини да се купат но некогаш и сам се прави нешто од години собирање на елементи што отуѓено од оној што имал многу и не приметил што поклонето од некој волк или нешто преплатено од некој шакал но многу е битно да работи маштата и сам да се трудиш да се буташ но со знаење се да бараш и да дојдеш до идеа но не се забораваат волците кој што те научиле леткум што е убав лем како плочка да заштитиш за век и векови а да не калаисаш разни нафти при правење навои во алуминиум лемење на алуминиум со зејтин калофониум по музички продавници барање нитро разрегивачи алкохоли што е SWR како да го мериш ти поклониле за ситна пара ти продале SWR мерач те научиле со нитни да нитуваш кутии алуминиум плех да сечеш со апкан да работиш да оклопиш и умасиш прописно дали НФ или ВФ уред да знаеш што од каде е просто да објасниш од каде доаѓа проблемот што е тој зошто е тоа така како последица од што се јавува и ред други цаки ти позајмиле алат дур не си заштедил ти да си купиш брусалка на пример па ти си им возвратил со тоа што кога на нивните скапи алати ќе откажат четкици а што може друго они немале при рака експресно си им сменил кога имале многу елементи а при поправка на станичка им зафалил регулатор само тоа нема па ти си имал и им си дал на тие стари волци кога ќе те прателе некоја работа да им завршиш кога ќе ти дале сервисна книга од некој уред и ти да дознаеш нешто кој ти го поклониле Др Божо со библијата.Па кога ќе видат дека цели уреди правиш сега сам сам купуеш веќе алат имаш спакуваш и во кутија уреди а од нив си научил ти велат ти текнува ли кога те учев да лежиш е тоа треба секој радиоаматер да го доживее но денес тешко веќе вакви работи. Но ете секој може да е радиаматер а и да незнае да си направи антенче да си смени фреквенција нека има барем луѓе поздрав до сите некој се авантуристи планинари јаки па гледаат спас да се јават некој пат при експедиција ако им затреба а немаат знаење и тоа затоа го оправдувам само напред и цитирачу Тита: "Нова техника тражи да сваки човјек да зна мајсторски да рукује нјом. Техника само по себи неможе решити судбину човечанства најприје то се види у рату оној кој не зна при руковање са том техником  испољити високо знање и свјест прије свега а не да оклева и да непознаје технику. Ондак та техника постаје само мртви капитал нема борбене вредности а и људске прије свега". Луѓе не лутете се ова е мое мислење само онака никој несакам да навредам едно мое сваќање за техниката воопшто кажав за радиоаматеризмот немора да си радиоаматер ама си хобиста кој видел и направил многу повеќе од некои радиоаматери а може да си радиоаматер кој само знае да се фали и да се јавува. И секако тука се старите волци кој од други волци се надоградиле а ти па од нив повеќе ќе се надоградиш а па други после од тебе и ќе памтиш и ќе се трудиш и тебе да те памтат во волците. И секогаш почитувај го оној што те научил стариот волк некој пат и тој остарен ќе згреши кога ќе го присетиш се радува и не знае дека тебе ти го кажал тоа заборавил. Почитувај ги постарите.Ти сам избираш или ќе бидеш волк или шакал друго нема. Тоа е се најубаво на сите и само напред да ни оди земјата и повеќе на нас младите да останува техниката не само светот и да има од кого да научиш и кој да научиш. Ако си млад и ја користиш техниката само грубо за социјални мрежи и глупости ќе изгориш техниката има и друго прекрасно лице а можеш а мораш и сам да се трудиш нешто и ти да си направиш свое да си речеш ова ми е homemade да се пофалиш сетете се на покојниот Бора Јагодиќ само. Само напред и да ја пратиме техниката и правилно да знаеме да ја употребиме во прав момент а да не сме нејзин роб кој станал роб бидејќи глупаво ја користел и таа го научила на лоши навики на дремење по социјални мрежи само и манијачење има и постари тоа што го прават. Да живеат старите волци да живееат ваквите форуми како овој за жал во Македонија е еден и единствен ваков од овој калибар на кој се си прочитал секакви мислења си купил бесплатно знаење какво такво се зависи од тебе цениго. И секако си продал некогаш или си нашол многу поволни работи. И секој ден читаш разни мислења идеи совети само напред да одиме само среќа на сите посакувам убави времиња и секако здрави весели попаметни и од добро да не куртулите ;) ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #9 on 15.01.2017, Sunday, 16:16:12 (Edited 18.01.2017, Wednesday, 19:51:03) »
nsu многу кажа, дури се и не те разбрав;D ;D, ама во основа е тоа : радио-аматер не се станува со декрет и диплома .Денес испитите се сосотојат од 30-50 прашања,кои ги учиш напамет и толку.Стануваш не радио-аматер,ами радио-оператор од некоја си класа.Во ред.И купуваш за 50 долари некоја UHF/VHF станица и штракаш на тастерот. И тоа си  е во ред. Ама да ти кажам, тоа не те прави радио-аматер.Радио аматер се ствара од мали нозе и треба подолго време : започнуваш со теорија,конструкторство, градба и подесување на уреди,па работа со нив.Системот е работа во радио-клуб.Порано не можеше ни основна класа да положиш ако не ти дадат од некој Радио клуб потврда дека си нивни член и активно работиш во клубот,на клубската станица,под будно око на постар оператор.  Прво почнуваш да слушаш разговори,да куцаш по малку, па на крај го добиваш микрофонот! Добро кажа : дури библијата од Б.Метзгер не ја поминеш , не знаеш ништо.Или зборуваш за антени, а не си го прочитал Ротхамел ! 8) Ова го кажувам не за да ве обесхрабрам,туку секој од вас да свати како и што треба за да се стане вистински радио аматер. Тоа не е занает да седнеш и сам да учиш,мораш да видиш, да чуеш и да научиш од некој искусен.Затоа треба да се негуваат и работат радио  клубовите- таму се учи радио-аматеризмот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #10 on 16.01.2017, Monday, 09:34:55 (Edited 16.01.2017, Monday, 09:57:35) »
Ех батка и јас не се доискажав ете тука ја заборавив телеграфијата и Ротхамел а сакав да ги кажам
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Добро, темата отиде во друга насока. Engineer дали имаш уште некое прашање во врска со темава ?
Јас заборавив да напоменам дека по положувањето и стекнувањето на лиценцата за работа, по своја желба ако сакаш, можеш и да се зачлениш во Радиоаматерскиот Сојуз на Македонија.

И уште нешто што требаше да ти го кажам на самиот старт, постојат две радиоаматерски класи и тоа А и П класа.
П класа ти е почетна а А класа е врвна. Во правилникот за радиоаматерска служба од АЕК пишува кои се разликите во класите.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Добро,поентата ми беше дека е едно да положиш за радио-оператор, а друго е да сакаш да станеш радио-аматер. Има битна разлика. 8) 8) Не знам од каде е членов и колку години и предзнаење има, па може да го упатиме и  до  најблискиот  радио-клуб. И нека го побара Прирачникот од др.Божо Метзгер ( мислам дека го имаше на Форум), за да научи нешто повеќе.

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Да, точно така! Има разлика и тоа се гледа и на дело од радиоаматер до радиоаматер. Наше е да го упатиме и да помогнеме со совети колку можеме  :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одг: Упатете ме за радиоаматер
« Reply #14 on 18.01.2017, Wednesday, 14:09:22 »
Токму така и батка ме дополни а и со Dx-er се сложивме сите исто размислуваме но го исплашивме Engineer. Еngineer не се откажувај ахахаах оставија ти нашава дискусија браво за намерата ете Dx-er те упати со среќа и само напред батали вакви дискусии може ти изгледаат чудни но ете и ние малце си подискутиравме во темата твоја која беше само прашање и бараше да те упатат ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш