Подарувам две книги. Книги за електроника и радиотехника. Едната книга е предаватели и приемници, а другата се вика 300 шеми.
Книгите се на француски јазик. Не го разбирам францускиот, не можам да се снајдам со нив. Подобрите електроничари би требало подобро да се снајдат, бидејќи ги разбираат шемите подобро од мене. Прекрасни книги, но не ги разбирам. Потенционалниот сопственик не мора двете да ги има ако едната не му треба, може и одделно.
Услов број 1. Потенциалниот сопственик сакам да ги користи книгите, а не само да ја добие и да ја зафрли некаде и да ја заборави. Не е само да земеш нешто, колку да го земеш и да го баталиш. Тоа е незаинтересираност. Подобро книгата или книгите да одат кај некој што ќе му користат и независно од јазикот да најде тоа што му треба. Добриот електроничар доволно е само шемата да ја види и лесно ќе разбере за што се работи.
Услов број 2. Потенционалниот сопственик да не ја продаде кнингата/книгите. Не би било фер према мене. Ако беа за продавање јас ќе ги огласев како да се продаваат.
Потенциалниот сопственик на книгата/книгите, нема никаква обврска према мене. Не барам ништо за возврат. Книгите ги давам со тешко срце бидејќи не сум добар електроничар, а има и многу сложени шеми.
Книга 1. l'EMISSION et la RECEPTION d'amateur.
Книга за радиотехника, 840 страни. Имам доволно книги за радиотехника на јазици што ги разбирам и оваа испадна вишок. Шеми за се од радиотехника.
Книга 2. 300 CIRCUITS (300 шеми)
Шеми за се и сешто. Шеми за изработка на електроники за дома, куќа или стан. Шеми за аудиотехника, шеми за мерни апарати, исправувачи, радиотехница, моделарство, шеми за автоелектроника, моделарство итн.
Критериумот е следен. Активните членови кои постираат теми со нивни изработки имаат предност. Само така ќе знам дека на некого навистина ќе му служат.
Пораки по ПП бидејќи не сакам да има хаос и лутења. Независно кој е прв или втор или последен, самиот ќе одлучам на кого ќе му ги дадам.
п.с. последната слика на грешка ја свртив инаку на фотобукет, но ај да не го преправам постот, нека седи како што е