Author Topic: Едноставен RF сигнал генератор  (Read 1245 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Едноставен RF сигнал генератор
« Opened on 23.09.2015, Wednesday, 16:37:20 (Edited 23.09.2015, Wednesday, 16:49:41) »
Многу често при дизајн и подесување на радио уреди е потребно да се има RF сигнал генератор кој ќе има променлива фрекфенција во широк опсег, баждарена скала и квалитетен излез со малку хармоници. Сиве овие барања наведуваат дека ви е потребен скап уред, но немора секогаш да е така. Еден таков уред беше претставен во изданието на "RF Design magazine" од април 2001 година. Во него се искористени два JFET транзистори како осцилатор и два биполарни транзистори како излезен засилувач. Со преклопување на различни калеми во неколку подрачја овој сигнал генератор може да даде константен излез од околу 2Vpp во широк опсег од 150KHz до над 30MHz. За оваа шема дизајнирав минијатурна печатена плоча и изработениот уред за тест работи добро.

Некои дополнителни детали за градбата е што променливиот кондензатор може да е од старо транзисторско радио додека калемите се мотаат експериментално на феритно јадро. За најдолниот опсег сигурно ќе ви треба над 100 навивки додека за највисокиот опсег доволни се 5-6 навивки. Помошниот (долниот) излез може да го користите како излез ако ставите фрекфентен бројач во истата кутија со овој уред или да поврзете антена за да го користите како безжичен генератор (предавател). Сликите од печатените плочки ги печатите со зум (scale) од 8% на A4 формат.









Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.