Сум се обидувал и јас на моето радио во автомобилот да ставам aux, бидејќи ЦД-плеерот рикна. Можев само радио да слушам. Добив некаква идеа кај предпојачалото ако може да се залеми некаков таков излез за да прикличам ајпод. Ни сам не знаев дали е воопшто можна таква операција. Не ни можев да го извадам радиото, кој знае како е монтирано, најверојатно со некакви специјални алати за да се спречи евентуална кражба.
Слушајќи само радио, ретко да се погоди некоја песна која што ќе ми се бендиса. Возењето ми беше монотоно на долги патишта, поготово кога возам сам на подолги релации. Доколку ЦД-то работеше ќе слушав музика која што јас ќе ја одберам, а не да слушам нешто што друг ќе го пушта на радио. Сите имаме разни вкусови кога се работи за музика, нели?
Јас најдов едноставно и евтино решение и му препорачувам на @Kiko9595 даго примени истото.
Значи, кико, не ти треба AUX доколку сакаш да слушаш музика.
Како го решив тој проблем? Едноставно, со радиобранови
На пазарот лесно ќе најдеш мини предавател кој што можеш да го приклучиш на напојувањето за запалката која дава 12 волти. Таквите предаватели се релативно евтини, и на него можеш да приклучиш SD-карта, USB стик, а имаат и аудиовлез. Може и телефонот преку аудио кабел.
На твоето пионир радио намести некоја фреквенција која не е зафатена, и намести ја фреквенцијата на малиот предавател на истата незафатена фреквенција, и проблемот е решен.
Предавателот што го имам ги има трите наведени влезови и со тоа проблемот е решен.
Еве и како би звучело, ете направив и мала видео демонстрација
Воопшто не му смета ни на пепељарата, ниту ќе ти смета за менување на брзините како што се гледа на самото клипче.
Вакви мали предаватели се наоѓаат за околу 300 денари поевтините до 500-600 денари подобрите.
Се надевам дека ти помогнав со мојот предлог