Останато > Кутии

„бувљакот“ под Кале во Скопје

(1/18) > >>

MarkoMK:
Еве еден предлог за кутии, какви што користам јас.

За помали уреди, земете од оние радија-саати - сместени во пластично кутивче, ги има во неколку големини. За евтини пари се наоѓаат на „бувљакот“ под Кале во Скопје, - ако се исценкаш може и за 30 ден. да земеш. Башка доколку ви одговара напонот, имаат и трафо 2х9 V, и кабелче за напојување.

За поголеми уреди, добри се оние старите Аналогни сателитски ресивери - доста ефтино одат бидејќи не се употребливи за друго. Јас купив 5 ком. за 300 денари - од пазарот под Кале, и тие слично како радиото доколку можеш да искористиш имаат трафо, кабел, и ЛЦД дисплеј.

DX-er:
Браво, сепак тоа да знаеш како да се ценкаш  :) иначе почетна цена на мало ладилниче за процесор е 100 денари, малце поголем ладилник за мало појачало е 100 денари, стари мобилни 10 години по 200-300 ден. Аналог. сат. ресивер 300-350 денари. Видео 300 денари. Не се мнпогу расположени за попуштање, ма да еве се е до тоа како ти иде ценкањето и на што човек ке наидеш. Иначе многу пазење тамо рачунајте дека работите се вадени од канта за отпад за повекето работи мислам а нашите пари не се вадени од канта  :)

MarkoMK:
Јас сега ретко имам можност, пошто сум на работа, ама додека бев студент одев што е можно порано.
Значи околу 7:00 да си таму (па и порано:)..
Тогаш можеш да начекаш најдобри и најефтини работи, пред да ги разграбаат....

DX-er:

--- Quote from: LudNaucnik on 16.05.2010, Sunday, 20:59:28 ---Јас сега ретко имам можност, пошто сум на работа, ама додека бев студент одев што е можно порано.
Значи околу 7:00 да си таму (па и порано:)..
Тогаш можеш да начекаш најдобри и најефтини работи, пред да ги разграбаат....


--- End quote ---

Во право си, така и мене ми имаат кажувано дека рано сабајле има нешто што е вредно а потоа останува ѓубрето

Devil:
така е ако сакате да најдете нешто убаво, ама ако сакате да поминете ефтино
тогаш одете при крај тогаш им се бега на луѓето и даваат за помали пари :)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version