Author Topic: Локатор за мобилни телефони  (Read 2396 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Локатор за мобилни телефони
« Opened on 13.05.2010, Thursday, 20:57:22 »
Ова е најдобриот можен склоп за професори и асистенти на факултет и најлошиот можен склоп за студентите: локатор за мобилен телефон во тек на разговор. Бидејќи се работи за документ, следуваат слики од скенирани страници. Уживајте:


Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Со оваа се прислускува мобилен телефон или само детектира дека се разговара на мобилен
rules are made to be broken

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Само се детектира активен разговор на телефон и ако се наместат антените како на сликата со користење на слушалки може да се најде точната локација (до максимум некои 20-30 метри).
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline antonio@arsenal

  • Баниран
  • Експерт
  • ****
  • Posts: 513
А нема нешто покомплицирано како на пример да се прислушкува разговорот ?

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
За да прислушкуваш разговор трема многу сложен систем базиран на компјутер кој ке го пресретне првичното воспоставување на разговор, ќе ја декодира дигиталната лозинка (клучот) и потоа ќе прима и ке ги декодира успешно пакетите со аудио податоци и ке ти даде звук посебно за едната а посебно за другата страна. Вакви уреди се скапи и не само шема туку најверојатно ќе ти требаат специлајни кола (хибриди, приемници), компјутер и софтвер што ќе биде тешко да се најде бесплатно за жал.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
и плус е нелегално
а за нелегални работи не се обратувајте тука
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Знаев дека не може шема со 2-3 интегрални што се наогаат и во супермаркет да се прислушкуваат мобилни телефони.Оваа е нешто слично како детектор за метал
rules are made to be broken

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Ова е слично како лисичар: за наоѓање на скриен предавател.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
Па и не е којзнае колку корисно освен за нервозни професори и асистенти
rules are made to be broken

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Локатор за мобилни телефони
« Reply #9 on 13.05.2010, Thursday, 22:26:07 (Edited 13.05.2010, Thursday, 22:27:38) »
Јас имам експериментирено со овие работи но одма да знаете дека телефонот во првите моменти зрачи максимум а потоа се намалува снагата (доколку сте во близина на некоја база односно во град) и тогаш се губи сигналот од скенерот.Исто така ако телефонот емитува 3Г сигнали (UMTS - WCDMA 2100) нема да може да се слушне никаков сигнал на скенерот.
Значи скенерот брка работа но не гарантира дека 100% секој телефон ке го открие.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
За да прислушкуваш разговор трема многу сложен систем базиран на компјутер кој ке го пресретне првичното воспоставување на разговор, ќе ја декодира дигиталната лозинка (клучот) и потоа ќе прима и ке ги декодира успешно пакетите со аудио податоци и ке ти даде звук посебно за едната а посебно за другата страна. Вакви уреди се скапи и не само шема туку најверојатно ќе ти требаат специлајни кола (хибриди, приемници), компјутер и софтвер што ќе биде тешко да се најде бесплатно за жал.

Има „тројка“ на „клучеви“ (кодови) што се генерираат при секој воспоставен повик (ова важи за 2G), се генерира RAND (random број) кој базниот контролер го генерира и го предава на базната станица за да го предаде на мобилната станица. Потоа мобилната станица врз база на еден тон параметри (како на пример IMEI, сериски број на базен контролер, локацијата на базниот предавтел кој моментално ја опслужува мобилната станица и уште нешто беше, сега не ми текува што) го генерира „клучот“ Kc. Истото го прави и базниот контролер. Потоа мобилната станица го предава клучот Kc на базната станица, која пак го предава на базниот контролер и проверува дали овие два „клуча“ се исти. Ако се исти, се преминува кон втората фаза. Се генерира „клучот“ Kj во базниот контролер (врз база на броевите RAND и Kc) и се предава на базната станица, која пак го предава на мобилниот телефон. Според тројката на „клучеви“ RAND, Kc и Kj преку алгоритмот A5 или A8 (стандардизирани алгоритми во GSM системот) во мобилната станица и во базниот контролер се генерира енкрипционата секвенца за говорот. Кога мобилната станица ќе прати сигнал дека е подготвена да прима повик, базиот контролер почнува со енкрипција на говорот и ги праќа податоците кон мобилната станица која ги декриптира и ги претставува како говор.

Не дека е невозможно да се прислушкува повик, туку едноставно е премногу комплицирано. Треба да се има огромно познавање од инфраструктурата на еден мобилен оператор како и начинот на кој се врши енкрипцијата. Едноставно не вреди да се мачиш толку само за да можеш да прислушкуваш некој/некоја ;).

Можно е некаде да имам згрешено во редоследот по кој се праќаат и примаат „клучевите“, не сум сигурен, одамна не сум повторил ништо за GSM, но мислам дека ако не повеќе, од прилика беше така, а дека се генерира тројката на енкрипциони кодови, тоа сум 100% сигурен ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Локатор за мобилни телефони
« Reply #11 on 14.05.2010, Friday, 12:56:33 (Edited 14.05.2010, Friday, 12:59:58) »
Некаде во 2002 година знаев како дише телефонот :) ама сега имам и подзаборанево :( и во тоа време читав за поединци кои упаѓале во ГСМ мрежата но се остана на анонимни-поединци за кои никогаш не дознавме дали вистина успеваат или не. Пред една година се појави еден човек (има клип на youtube) и тврдеше дека влегол во GSM сигналот и на видеото објаснуваше како/што и остана на објаснување а не и практично да покаже како иде тоа. Друго, читав дека со денешните компјутери треба толку многу години (ако добро се секавам нешто како 500 000 години) за да се декодира ГСМ сигнал. Е сега како сигурно многу се прашуваат како прислушкува државата (нели со закон и е дозволено) Ако операторот и дозволи на државата да има непречен влез во телефонските разговори ке прислушкува а ако не нема да може ништо да чуе  :) Е сега за ЦИА се збореше дека има опрема за вистинско декодирање на ГСМ сигнали и тоа пазете да може да слуша се и баш се не само во етерот каде што се нивните антени туку и во соседните држави што за мене е невозможно.

Јас имам слушано ГСМ сигнали (не-декодирани) а замислете се слуша некој телефон како повикува/го повикуваат и по некоја секунда го снемува сигналот. Потоа друг се појавува и го снемува и трет и се така. Тоа не значи дека на тие телефони титкаат на други броеви и исклучуваат туку иако за мене се губи сигналот тој сигнал постои но се намалува да може базата да го слуша а за послабите приемници "мислат" дека се губи.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12890
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Јас имам слушано ГСМ сигнали (не-декодирани) а замислете се слуша некој телефон како повикува/го повикуваат и по некоја секунда го снемува сигналот. Потоа друг се појавува и го снемува и трет и се така. Тоа не значи дека на тие телефони титкаат на други броеви и исклучуваат туку иако за мене се губи сигналот тој сигнал постои но се намалува да може базата да го слуша а за послабите приемници "мислат" дека се губи.

Ова се случува бидејќи GSM сигналот од базната станица предава и прима најголема моќност додека ја лоцира мобилната станица во мрежата кога доаѓа дојдовен повик до мобилната станица. Кога некоја мобилна станица се побарува од страна на некој корисник, без разлика дали тој припаѓа на истата GSM мрежа или не, прво што прави HLR (Home Location Register), кој е лоциран или блиску или имплементиран заедно со GMSC (Global Mobile Station Controller), e проверка на VLR (Visitor Location Register), кој е регистар кој го има секој BSC (Base Station Controller). При оваа проверка, HLR проверува која била последната локација и TMSI (Temporary Mobile Subscriber Identity) бројот на мобилната станица на тој начин што го праќа GMSI (Global Mobile Subscriber Identity) на сите VLR-и, и оној VLR во кој последен пат била активна мобилната станица праќа назад сигнал до HLR за својата локација. Доколку е мобилниот претплатник сеуште под контрола на истиот VLR и BSC, се праќа сигнал до мобилната станица за дојдовен повик и почнува процедурата на енкрипција на повикот (генерирање на тројката енкрипциони клучеви). Доколку нитуедна VLR не врати назад потврден сигнал до HLR  дека е најдена мобилната станица, се праќа сигнал до сите VLR-и да пратат таканаречен "beacon" сигнал со кој сите BSC-иња им кажуваат на сите BS-и (Base Station) да го прдваат тој "beacon" сигнал со најголема моќност се дур не се лоцира мобилната станица во мрежата. Доколку и после овој обид мобилната станица повторно не се најде во GSM мрежата, HLR прогласува дека претплатникот е недостапен и ја брише неговата последна локација од својата меморија.

Ете зошто се јавува она „крцкање“ на звучниците ако е телефонот поставен блиску до засилувач или треперењето на CRT екраните кога некој телефон треба да заѕвони или да прими порака, бидејќи оваа процедура се повторува секој пат кога се јавувате или примате повик. Ова е дури и релативно упростена верзија на тоа што всушност се случува кога се јавувате, вистинската ситуација е релативно покомплицирана. Да ја видите колкава е процедурата кога ве бара некој од PSTN (фиксна мрежа) на мобилен, ќе ве заболи глава, хахахахах :D :D :D.

А за тоа што збореше за прислушкување од страна на државни агенции, како што рече, може да се прислушкува само ако мобилниот оператор тоа го дозволи. Без енкрипционата тројка клучеви (што можеш да ја „фатиш“, но треба и да знаеш да ја искористиш), IMEI кодот на телефон што сакаш да го прислушкуваш (што најверојатно го немаш на располагање, но и да го имаш, пак треба да знаеш како да го искористиш), сериски бореви на BSC-ињата (што доколку не работиш на одржување на базните станици во мобилниот оператор, или некоја друга функција, ги немаш на располагање, а не можеш да ги исчиташ од мрежата, или треба многу да чекаш за да ги исчиташ, и тоа само за еден BSC, а да не зборуваме за BSC-ињата на целата мобилна мрежа) и уште неколку „клучеви“ или „броеви“, ништо не можеш да направиш освен да слушаш шум, хахахахах :D :D :D.

За CIA и останати владини агенции од Америка или од некои други држави, сигурен сум дека имаат таква опрема, ама тоа бара 24/7 работа, дур се мапира локацијата на секој базен контролер од мрежата и уште едн тон други работи за кои си имаат пплатено луѓе од агнецијата да си ги вршат. Сам како едника можеби (и тоа е едно големо можеби) ќе успееш да прислушиш некој разговор и тоа случаен разговор, на некој корисник кој не го ни знаеш ни познаваш, и тоа само еднаш, а за да го направиш и тоа едно прислушкување, најверојатно ќе ти требаат месеци работа. Па поради тоа, повторно викам, не се исплати, премногу потрошено време, премалку повратни резултати ;).
It's not schizophrenia... It's just a voice in my head...

"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Види мислам за ЦИА кога ке се каже нешто па тоа ке се пренесе преку "расипан телефон" од луѓе доживува многу измени информацијата, ова го мислам за она погоре што го пишав дека ЦИА од сегашното седиште во грција со својата опрема може да ги слуша сите радио сигнали па макар GSM апаратите и ФМ бубите  >:( во грција, Македонија, Бугарија Србија па дури и Босна се нереални гласини. Ај да речеме дека од сателит ги слушаат тие фрекфенции што не би имале голем домет преку планини и ридови но за да стигне сигналот до сателит на треба да има некоја снага бар од 0,5W или слично и тоа ова го зборам ако сателитот има насочена антена баш накај предавателот а и да ги фати тие сигнали ке има многу висока интерференција па нема ништо да се разбере а ако сигналот е дигитален нема да може да се декодира. Замисли да слушаш 50 радиа на ФМ и сите да се на иста фрекфенција или 10 000 мобилни телефони на иста фрекфенција што емитуваат.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Има и трета опција таканаречена „трет човек“ или посредник а тоа е да симулирате базна станица и буквално да правите „пепел“ во радиус од 500 метри, но и за ова ви треба страшно многу опрема :)
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.