Author Topic: Антена за ФМ тунер  (Read 8914 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #45 on 18.05.2015, Monday, 23:00:56 »
За собна антена за ФМ не е некоја филозофија, доста е парче жица или телескопска антена од стар радиокасетофон. Џабе појачала за ФМ или слични додатоци. Опкружени сме со ФМ фреквенции. Со собна антена не можеш да фатиш сигнали како со насочена, така да не очекувај многу од собна антена каква што замисле
Hams do it! With Frequency

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #46 on 04.06.2016, Saturday, 13:55:47 »
Се зачудив вчера. На старо транзисторско радивце Philips слушав србско радио. Наликваше на радио Белград со програмата оти стално некој емисии имат. Ама ова можи да е и заради Сперадик Е феноменот кој сега започнува. А снимка за жал немам  :-\ . Ако успеам и вечерва да фатам нешто ќе го снимам. Поздрав !!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #47 on 04.06.2016, Saturday, 17:51:26 »
Македонски се викаат *спорадични појави* 8)

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6325
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #48 on 04.06.2016, Saturday, 19:08:29 »
Да, оваа појава е позната како E-Sporadic, во овој период од годината, поточно во мај и јуни може да се слушнат далечни ФМ станици кои се слушаат на одредено место и со фединг (се губат/се појавуваат, и се така) Прв пат овој феномен лично го доживеав со мобилен телефон кај манастирот Св. Пантелемон во горно Нерези во Скопје. Слушав Руско радио, некаде беше на 105,6 МХз или така нешто, други радиа од Германија на 87,5 и на ниските фрекфенции од ФМ бандот.
Сепак тие станици што се слушаат кај нас емитуваат со огромна снага, по 10kW и повеке. Така да наше радио многу тешко дека би се фатило некаде преку e-sporadic. Истиот овој феномен го увидов дома каде на аналогната телевизија ја фатив грчката ЕТ на 27 или 28 канал. Тие канали се на UHF но ете и тоа е можно. Порано имаше едно грчко радио Heart FM, радиото емитуваше со 5kW од Солун и се слушаше во скопстака населба Железара, Водно, Скопска црна гора, Даутица, Јакупица, Кокино и кај ти не. Последново радио се слушаше директно а не преку E-Sporadic.
Има многу интересни работи во радио сигналите :)
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #49 on 04.06.2016, Saturday, 20:37:37 (Edited 04.06.2016, Saturday, 20:42:49) »
Македонски се викаат *спорадични појави* 8)
Не знаев точно како се поради што поголемиот дел на литература што ја читам е на Англиски.
Да, оваа појава е позната како E-Sporadic, во овој период од годината, поточно во мај и јуни може да се слушнат далечни ФМ станици кои се слушаат на одредено место и со фединг (се губат/се појавуваат, и се така) Прв пат овој феномен лично го доживеав со мобилен телефон кај манастирот Св. Пантелемон во горно Нерези во Скопје. Слушав Руско радио, некаде беше на 105,6 МХз или така нешто, други радиа од Германија на 87,5 и на ниските фрекфенции од ФМ бандот.
Сепак тие станици што се слушаат кај нас емитуваат со огромна снага, по 10kW и повеке. Така да наше радио многу тешко дека би се фатило некаде преку e-sporadic. Истиот овој феномен го увидов дома каде на аналогната телевизија ја фатив грчката ЕТ на 27 или 28 канал. Тие канали се на UHF но ете и тоа е можно. Порано имаше едно грчко радио Heart FM, радиото емитуваше со 5kW од Солун и се слушаше во скопстака населба Железара, Водно, Скопска црна гора, Даутица, Јакупица, Кокино и кај ти не. Последново радио се слушаше директно а не преку E-Sporadic.
Има многу интересни работи во радио сигналите :)
Радио Скопје (Македонско радио) се слуша директно во Солун некогаш и без E-Sporadic. Поради што од Пелистер се емитува со 10k. Вечерва опремен со подбра антена чекаме да се јави некој  ;D

И според википедиа на англиски е Sporadic-E propagation.
Code: [Select]
https://en.wikipedia.org/wiki/Sporadic_E_propagation

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6325
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #50 on 04.06.2016, Saturday, 20:56:15 »
Радио Скопје (Македонско радио) се слуша директно во Солун некогаш и без E-Sporadic. Поради што од Пелистер се емитува со 10k. Вечерва опремен со подбра антена чекаме да се јави некој  ;D
Имам пробувано во Паралиа и Олимпик бич, но тамо не можев да слушнам ниту едно наше радио. Едино по пат за кај што се дели патот за Катерини и Солун го слушав Македонско Радио 1 од Туртел.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #51 on 05.06.2016, Sunday, 00:48:15 »
Edward Victor Appleton  е англиски физичар кој ги проучувал и објаснил појавите на простирање на радио таласите и го докажал постоењето на јоносферата.1947 г добил Нобелова награда за физика.

цитирам: *E sloj se nalazi odmah iznad D sloja, na visini 90 km do 150 km.
Može odbijati frekvencije samo niže od 5 MHz. Zato navečer čujemo mnoge
srednjovalne postaje, koje po danu nismo mogli čuti.
 Poslije zalaza Sunca E sloj se polako gubi, a pred jutro potpuno nestaje.
 Povremeno se u E sloju javljaju jaki i kratkotrajni oblaci elektrona koji
 omogućuju iznenadne daleke veze na metarskim valovima, koje se dugo nisu
 mogle objasniti. Takav iznenadni podsloj naziva se sporadičnim E slojem
ili Es slojem (prema engl. sporadic, povremen) i najčešće se javlja ljeti,
 ujutro ili navečer.*

Значи,спорадично = повремено

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #52 on 22.09.2016, Thursday, 12:14:07 »
Претпоставував дека нема да верувате, но еве пак ќе потврдам, имам Opel Astra од 2003 со вградено фабрички радио касетофон. Радио „Београд први програм“ го ловам на 91.7Mhz FM во стерео техника со активен RDS. Кој не верува нека повели, ке провозиме еден круг низ градот и ке го уверам. Дури и јас не верував, мислев дека е друга радио станица, дури еден ден застанав со колата на еден паркинг 10-тина мунити за да видам дали константно ке го имам сигналот, и цело време без никакви проблеми, прекини и пречки го слушав оваа радио во стерео квалитет и разни информации на RDS.

Поздрав
И во повисоките делови на Неготино и малку понадвор од градот се слуша радио Белград на 91.7 и тоа одлично. Се слушаат дури и грчки радиа на пример „RSO“ солунско радио со одличен сигнал, и други на кои не им ги знам имињата..

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6325
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #53 on 22.09.2016, Thursday, 15:02:29 »
RSO е на иста фрекфенција со радио Белград. Иначе супер радио е, редовно го слушам кога сум во Грција или некогаш преку интернет. Радио Белград емитува од Бесна Кобила.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline vanne

  • Нов член
  • *
  • Posts: 47
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #54 on 22.09.2016, Thursday, 18:37:05 »
RSO е на иста фрекфенција со радио Белград. Иначе супер радио е, редовно го слушам кога сум во Грција или некогаш преку интернет. Радио Белград емитува од Бесна Кобила.
Хехе , ми се свиѓа воа шо го кажа за RSO (Y) (Y) (Y), Инаку епа и двете се мешат, ако се завртиш на север го слушаш Р.Б, а ако се завртиш на југ го слушаш RSO. Ќе направам некое видео