Author Topic: Антена за ФМ тунер  (Read 8916 times)

TeslaBt

  • Guest
Антена за ФМ тунер
« Opened on 23.12.2014, Tuesday, 12:09:31 »
Имам дома ФМ тунер и сакам да изработам антена со која ќе можам да фаќам радио Београд.Па не ги знам формулите за пресметки на антена знајте од 88-108мхз антената ми треба да е.Па ајде поможете.

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #1 on 23.12.2014, Tuesday, 14:11:47 »
Не ќе можеш со ниту една антена да фатиш радио Белград на FM-UKT.

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 673
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #2 on 23.12.2014, Tuesday, 17:45:38 »
Не сум постирал одамна, но ова што го кажа @MURO сакам да го демантирам.
Во Штип во моето возило, во повисоките делови на градот го добивам радио Белград на 91,7 Mhz Стерео со активен RDS :D
Чудно но вистинито.
Поздрав


Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #3 on 23.12.2014, Tuesday, 20:11:08 »
Да туриме по 500 евра сакаш?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #4 on 23.12.2014, Tuesday, 21:15:42 »
ТеслаБТ претпоставувам дека си од Битола(!?),а таму немаш шанси да го фатиш на УКТ - ФМ,со ниедна антена.А за Крема- се распраѓав кај моите пријатели радио-аматери и ми велат дека и во Штип такво нешто не сретнале.За Муро- пополека малку без такви работи,ке се разјасниме,па имаме повеќе штипјани на Форум. 8)

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 148
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #5 on 23.12.2014, Tuesday, 21:37:38 »
Јас се извинувам што ми се испушти овој малку каубојски одговор. Не ми беше намерата да навредам. За дометот на УКТ обично по учебниците стои дека е ограничен на оптичката видливост на предавателот. Скопските UKT станици не досегаат ни до втора патарина кон Куманово, значи, Белградскиве, некаде до Земун.

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #6 on 23.12.2014, Tuesday, 21:59:06 »
Да батка од Битола сум.Дедо ми фаќаше порано негде 1998-2000 со радио антена од Горенје на ФМ антената беше над зграда.Ама еднаш ко имаше невреме негде 2000 ја летна од над зграда и расипа цела се извитка се скршија делови и др и ја дадовме на старо жележо.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #7 on 23.12.2014, Tuesday, 22:36:35 (Edited 23.12.2014, Tuesday, 22:38:37) »
Не верувам тогаш србите беа против цел свет па може со јака снага емитувале 8) 8).Се шалам невозможно еве мојот 3 ватен предавател покрива 4 километри топ.Сега а и тогаш на УКТ не смее да се емитува со којзнае колку голема снага локалните радиа еве на пример по малите градови до 50 вати се.Нема теорија до битола.И некој бугари на бугарски форум велее дека после деве баир и во некои села тука во околината фаќале македонски радиа но понатаму одма се губи.Ова не е наменето за долги растојанија.Затоа си постои КБ со подолг бран и се тоа чудно да не не било на ФМ тоа туку на АМ 2000 година. ;D ;D ;)
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #8 on 23.12.2014, Tuesday, 23:09:18 »
Го подржувам одговорот на MURO, нема никаква теоретска шанса да се фати радио Белград на FM. За АМ можеме да правиме муабет. Можеби твојот радио тунер има и АМ и FM, па можеби си слушал АМ. Јас во Швајцарија слушав Радио Скопје на AM.
ТeslaBt, јас се наоѓам на околу 800 метри надморска висина (Дихово), многу повисоко од самата Битола, со мојот радио тунер со перфектно изработена самоделска антена не ми се случило да го постигнам тоа што бараш ти. Заборави на тоа, погоре колегите добро ти објаснија и мислам дека не треба да надополнувам тоа што веќе е кажано.
За антена, ок, можеме да правиме муабет да најдеме некоја шема, но дека ќе фатиш радио Белград, заборави. Сум изработил еден куп антени и тој феномен не ми се случил, доколку тоа ми се случеше таа антена ќе ја патентирав  ;)
Од Битола до Белград има околу 500 километри и нема теорија на FM
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6325
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #9 on 23.12.2014, Tuesday, 23:35:49 »
Прво темата треба да гласи: како да го фатам радио Белград во Битола?
Го имаш на интернет! Ова ако ти е поради љубов кон радиото, а ако ти е за DX-ing тешко дека ке го фатиш од кај тебе. Во Скопје се фаќа без проблем и радио Београд, и радио други програм, радио 202 и приватното радио ЕС од  врвот Бесна кобила. Овие радиа ги имам фатено во гратскиот парк, планината Водно и населбата Драчево. Порано до 1999та година радио Београд емитуваше и со 100kW на ФМ и 2MW на АМ. Но НАТО убијците им го срушија АМ предавателот уште во првата или втората недела од бомбардирањето, после тоа и сите други предаватели за на крај и дел од зградата на  РТС/RTS SAT секако сосе луѓе :(
Иначе пред скоро 4 години го имам фатено и радио МАЈАК од Русија на 105, x MHz кај манастирот Пантелемон на Водно, имам фаќано и арапски и германски станици на ФМ, во време на добра пропагација.
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9428
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #10 on 24.12.2014, Wednesday, 01:55:48 »
Dx-er тоа е во ред.НАвистина порано имаше огромни предаватели во Србија,но тоа е одамна во бивша ЈУ.Ама сега нема никаква теоретска шанса.Можеби ако налетаат некои пропагации,еднаш во 20-30 години,можеби накратко да се *отвори* опсегот и да се чуе нешто,ама тоа е кратко и сосема случајно.За некоја континуирана  емисија нема збор.

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #11 on 24.12.2014, Wednesday, 09:07:56 (Edited 24.12.2014, Wednesday, 09:13:23) »
Dx-er тоа е во ред.НАвистина порано имаше огромни предаватели во Србија,но тоа е одамна во бивша ЈУ.Ама сега нема никаква теоретска шанса.Можеби ако налетаат некои пропагации,еднаш во 20-30 години,можеби накратко да се *отвори* опсегот и да се чуе нешто,ама тоа е кратко и сосема случајно.За некоја континуирана  емисија нема збор.
Токму така кога има добра оптичка видливост.Има такви видеа на јутјуб но како што вика батка ако имаш среќа да начекаш.Радио белград од битола не може.Dx-er така е во скопје се фаќа негде од средно водно или горе.Затоа претхотно и јас како тебе спомнав србите во тоа време имале многу јаки предаватели во претходните постови.Ту незнаев дека ФМ предавателот им бил 100 киловатен чудовште.Тогаш би се фаќало и од подалеку од скопје да да сигурно.Овчеполскион наш предавател АМ е 1,2MW но државата нема интерес и зрачи со една четвртина од снагата 300000 вати 300 киловати.Пак се слуша добро нормално не како порано.Е сега да зрачиш со 2 MW на АМ пак е снага знаев дека имале јаки но не до волку плус ФМ со 100 киловати тоа е многу за ФМ.Барем за овие мали простори на балканот.Но зборот ми е убаво што си споделивме мислења и се сложивме сите тука.Не е можно од битола да се фаќа радио белград денес.Со 100 киловати незнам што да кажам можно е.Но денес ова не е можно не треба да дискутираме понатака мислам.Малку безмислена ми е темава.Но како што кажа батка го цитирам уште еднаш за некоја континуирана емисија нема збор а и тој феномен да се отвори опсегот тешко да го начекаш. 8) 8) ;D ;D ;)
Dx-er тоа е во ред.НАвистина порано имаше огромни предаватели во Србија,но тоа е одамна во бивша ЈУ.Ама сега нема никаква теоретска шанса.Можеби ако налетаат некои пропагации,еднаш во 20-30 години,можеби накратко да се *отвори* опсегот и да се чуе нешто,ама тоа е кратко и сосема случајно.За некоја континуирана  емисија нема збор.
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3134
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #12 on 24.12.2014, Wednesday, 09:28:52 (Edited 24.12.2014, Wednesday, 12:07:46) »
...имам фатено и радио МАЈАК од Русија...

Малце Off...
Не знам дали знаеш, во Мајак во Русија негде 50-те години се има случена голeма нуклеарна катастрофа, поголема и од онаа во Чернобил, може мутирал сигналот па затоа има поголем домет... :D :D :D
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

TeslaBt

  • Guest
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #13 on 24.12.2014, Wednesday, 11:30:38 »
Можно е да е АМ само во визба ми е тјунерот планирма да го земам денес или утре иначе е Riz SK0340 па не ми текнува дали има АМ

Offline krema

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 673
  • Gender: Male
Одг: Антена за ФМ тунер
« Reply #14 on 24.12.2014, Wednesday, 12:00:27 »
Претпоставував дека нема да верувате, но еве пак ќе потврдам, имам Opel Astra од 2003 со вградено фабрички радио касетофон. Радио „Београд први програм“ го ловам на 91.7Mhz FM во стерео техника со активен RDS. Кој не верува нека повели, ке провозиме еден круг низ градот и ке го уверам. Дури и јас не верував, мислев дека е друга радио станица, дури еден ден застанав со колата на еден паркинг 10-тина мунити за да видам дали константно ке го имам сигналот, и цело време без никакви проблеми, прекини и пречки го слушав оваа радио во стерео квалитет и разни информации на RDS.

Поздрав