Аналогна електроника > Видео техника

Прием на сателитски канали

(1/3) > >>

MarkoMK:
Дечки, потребен ми е совет околу сателитскава телевизија, пошто не сум многу упатен.
Ме интересира дали постојат некодирани дигитални канали и со каков приемник можам да ги „фаќам“. Имам чинија и ЛНБ ми треба приемник. Барав по огласиве продаваат незнам дримбокси и некакви други приемници што се поврзувале на интернет па кодови да делам и сл..
Значи прашањето ми е: Немам интернет,немам ништо друго, имам само сателитска антена. Каде да најдам ресивер да си примам канали кои не се заклучени?

batka:
Нема многу незаклучени - воглавном турски,арапски,.....има нешто на Хотбирд,ама не ти се интересни. Ти треба дигитален приемник,овие другиве аналогниве се веќе одамна прегазени.Ако не купиш дримбокс,ништо од сателитската.

GigaWatt:
Има една продавница кај млечен ресторан по капиштец, има еден... нешто како мал трговски центар таму, има продавничиња, нешто бутичиња, ова она. Не ми текнува како се викаше продавницата. Таму продаваат опрема за сателитски прием. И јас едно време се интересирав и прашував. Бев прилично добро услужен и се ми беше објаснето ;). Цените се далеку од недостапни и би требало се да ти објаснат ;). Обрати се таму, јас имам позитивно искуство ;). Културни и информирани продавачи ;).

Lux:
веќе над 600 сателитски антени имам наместено (не дека се фалам само да знаеш секојдневна тоа ми е работа и окулу искуството ::)земиси ресивер оникс-оптикум или јмату да поддржуват софтвер 3329ц (бидеќи има и со други софтвери вакви ресивери) па побарајме на пп ќе ти пратам софтвер да гледаш доста кодирани канали дискавери,анимал планет,н.географија,спорт,планета и т.н.покрај сеободните канали ДМ сат,БН ит.н. и никому ништо да не плаќаш-инаку за овај ресивер цената во Прилеп е 2500 ден, речиси беспари,а половен се движи окулу 1000 ден.не се лажи веќе со дримбокс и некој да ти ги зема парите за без потреба(тоа беше во времето ;D,денес нема стабилна врска за дримбоксот)нема тема на форумов за сателитска телевизија,начин на местење на антена и така натаму што мислам дека е недостаток.Ако некој има прашање во врска со сателитска телевизија,начин на местење,што се гледа- каналите и се нејасно слободно побарајтеме тука сме да си помогнеме позз.

aleksandar94:
Тоа што го вели Lux е само привремено решение(за краток рок), никој нема да ти гарантира дека со тој софтвер можеш да гледаш се, засекогаш, кој ќе биде виновен ако тие одлучат да ги сменат кодовите или начинот на кодирање, а тоа најчесто го рават баш пред некој важен спортски натпревар. Во секој град има по некој таков кој што пронашол скриен начин за да гледа разни канали ама тоа не е трајно решение, во Велес на пример е чичко Ерол ;D. Според мене најчиста работа е дримбоксот, и да имаш проблем се јавуваш кај тој што плаќаш шеринг и готово. Или да бидам во стилот на Амди Бајрам , дримбоксот ти е CocaCola  се друго е имитација  ;D

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version