Останато > Кутии

Кутии за компоненти од кутии за кибритчиња

(1/2) > >>

GigaWatt:
Еве како можете да ги искористите празните кутии од кибрити ;).






Кутиите можете да ги залепите една до друга со било каков лепак, јас користев Neostik. Потоа ги пишувате вредностите на отпорниците на фиокичките на кутиите со маркер, по можност перманентен за да навлезе мастилото подлабоко во картонот/хартијата, а со тоа и подолго време да остане на хартијата (да не избледи) ;).

Се разбира, не мора да се користи само за отпорници, може да се направат ваков тип на кути за било какви компоненти, како на пример кондензатори, транзистори (на пример, за определена серија, или транзистори кои често ги користите), операциски засилувачи, диоди, итн. ;).

Не мора да се користат ни кутии од кибритчиња се разбира, може да се искористи каков било тип на кутии, на пример од цигари, само што во тој случај кутиите нема да ги залепите заедно зашто нема да можат да се отвораат (поради принципот на кој работи оворањето на кутиите кај тврдите пакувања на цигарите, се разбира)

Кој сака да ги види сликите во поголема резолуција, еве link ;).


--- Code: ---http://www.box.net/shared/7svc5c9g1t
--- End code ---

danix01:
не знам од кај ги најде толку кутии...идеата е супер ке заштедиш драгоцено време ке ги имас на дофат секој отпорник кој ти е потребен........јас планирам да ја усовршам до максимум твојата идеа ке го направам истото со запалки  ;D

GigaWatt:

--- Quote from: danix01 on 10.05.2010, Monday, 22:36:33 ---не знам од кај ги најде толку кутии...идеата е супер ке заштедиш драгоцено време ке ги имас на дофат секој отпорник кој ти е потребен........јас планирам да ја усовршам до максимум твојата идеа ке го направам истото со запалки  ;D

--- End quote ---

хахахахаха :D :D :D... и ти пуши две кутии дневно па да видиме дали нема да ги собереш толку кутии кибрити... хаахахахахаа :D :D :D


EDIT: Само да напоменам дека вредностите на отпорниците на кутиите се пишувани според Е24 серијата на вредности, значи важи за вредности на отпорници со толеранција од 5%.

danix01:
не пушам........ке пробам истото да го направам со кутии од тоблероне чоколади  ;D

nCounTr:
Зошто да не може со кутии за цигсри твди паковања?

Ке земеш ќе ги лепиш исто како оние од кибритчиња со таа разлика што од долу на горе ќе ги редиш скалесто и пак ќе можеш да ги отвораш индивидуално -треба само да ти текне :)

Сепак јас би се одлучил за голема фиока како во логинг што се со прегради со висина од 5-6 цм закачена под плотната од бирото каде се работи. А преградите направени или со акрилик (плексиглас) или со плајвуд (шпер плоча)

Navigation

[0] Message Index

[#] Next page

Go to full version